Почитувани, група на наши граѓани револтирани од погрешно пренесената  информација објавена на веб порталот (strugalajm.com), до нашиов портал испратија текст демант, со кој очекуваат истата грешка да биде исправена.

dubai portal

Во прилог на овој пост ви ја доставуваме и содржината од тој демант.

А, информацијата која што беше објавена можете да ја проследите на овој линк: http://www.strugalajm.com/index.php/incident-ne-podgorce-e-detyrojne-drejtorin-te-largohet/.

Содржина на демант:

Почитуван, админу на овој портал. најпрво би сакале да Ве известиме дека информациите кои ги објавивте во врска со овој настан, потполно  се  не точни. И во идно време барем пред да објавите нешто треба да се уверите во нејзината вистина, а не истата да се искривува.

Еве зошто го велиме ова:

1.Како прво, тоа не е група на граѓани туку народот на оваа населба.

2.Овој собир не го организира  г-динот Назив Равманоски, туку тоа е граѓанска иницијатива и тој истиот го претставуваше за тоа што  е претседател на Училишниот Одбор на оваа училиште.

3.Трета работа, според законот овој директор не е легитимен (слободно можете да го разгледате законот за образование) и за Подгорчани таков ќе остани без разлика што некој сака тоа да го направи на поинаков начи.

4.Таа група која вие ја нарекувате како таква не е против воведувањето на албанскиот јазик, слободно разгледајте го видеото на нашиов портал па потоа размислете, пред да објавете погрешни информации.

5.Погледнете ги нашите претходни постови (од нашиот крај) и ќе видете против кого пред 11 години се бореа овие луѓе и зошто.

6.Не легитимниот директор, никој по физички пат не го одстрани од канцеларија туку самиот си замина, со доброволно предавење на клучот
од негова страна. (погледнете го видеото)

7. Овој собир немаше никаква политичка позадина тоа може јасно да се види од видео материјалот кои лица се присутни. т.е тука се сите оние кои на локалните избори му дадоа целосна поддршка на г-дин Зијадин Села, како и јас.

Бидејќи има доста да се пишува, за сега ова нека биде на кратко.

Наскоро на овој портал ќе бидат објавени и голем број на документи и видео-аудио записи, со кој ќе се потврдува онаа спротивното, и дека народот секогаш знае како да казни, особено кога се работи за нешто што  е негово.
Сите тие документи ќе бидат соо соодветни потписи (петиција) за да може да се види каде е вистината.
Покрај тоа би сакал да ве замолам. доколку ви се потребни некакви информации во врска со овие случувања,  контактираjте  ne на нашиов емаил, или пак кога ке има некој настан барем лично бидете присутни, за да можете на вашите читатели  да им ја дадете вистинската информација,а не дезинформација. т.е ваквиот начин на информирање со непотврдени информации не се карактеристични за професионални веб портали.
Уште еднаш ви благодариме, и се надеваме дека овој ваш демант ќе го објавите на вашиот портал, бидејќи ние како такви сметајќи на професионалното информирање содржината од овој демат ќе го објавиме онака како што е испратена до вас, по пат на емаил и текст коментар преку вашиот портал.
Секогаш отворени за соработка.

Граѓани на населба Подгорци

Дубаи Портал.
www.dubai-portal.com.mk

1 Коментар

  1. ahaha ako tolku go sakaat branka stom cviket po nego celo vreme neka go postavet velesta za direktor,apel do site muslimani vo podgorci so isklucok na onie koi samo se deklariraat kako takvi a se zdruzeni so cafirite , da se istrae vo ovaa borba protiv ovie nevernici…

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име