saf

Сафовите како огледало на нашата состојба.

Saffovi kao ogledalo našeg stanja

Како се формираат сафовите ?

При влегување во џамија,да поведеме сметка околу формирањето на сафовите. Мажите треба да настојуваат да клањаат во првите сафови доколку тоа е можно,бидејќи тоа го препорачал Алаховиот пратени а.с. Бидејќи често пати се прават грешки при формирање на сафовите, и еве некои од нив:

Правило е сафот да се формира од средина,а не почнувајќи од десна страна.Тоа значи дека првата особа која пристигнува застанува во средината,следните од неговата десна страна,наредните од неговата лева страна и така поред.

Сафовите во намазот мора да бидат пополнете и израмнети.Пополнетит саф значи ред на клањачите во кој нема празно место,така да меѓусебно да се допираат со рамената,а израмнетиот саф значи ред од клањачи во кој врвовите од нивните прсти стојат во линија.

Упатствата  на имамот за поравнување на сафовите и нивното пополнување се обавезни за клањачите. Нема оправдување, од видот дека во џамијата има мместо и нема потреба од туркање. И самите имами во тоа треба да бидат упорни и одлучни. Затоа што равниот и пополнет саф значи потполн намаз,клањачите треба да имаат на ум дека пратеникот Мухаммед а.с предупредул дека Аллах џ.ш ги запоставува и уназадува оние луѓе кои ги одоговлечуваат и искривуваат пополнетите сафови.

Доколку, после носењето на Текбирот и врзување на рацете се појави празно место во сафот кој се наоѓа пред клањачот тогаш тој треба да направи чекот нанапред и да го пополни празното место без одврзување на рацете и прекинување на намазот и така по ред. Тоа е обврска.

Во спротивно,кривиот,испрекинатиот и непополнет саф претставува слика на нашето не единство,растуреност,скараност,неодлучност,не среденост…Така ние во душите,така ни е и во семејствата,на работните места,во џемаат и во пошироката општествена заедница. Доволно е само да се направи еден чекор,да се погледне десно и лево,да се поравнаме,да се држиме цврсто и нтака ќе бидеме силни и не скршливи, како бедем кој со помош на возвишениот створител можеме да ги оствариме зацртаните цели.

За однесувањето во џамија


Бидејќи џамиите се најувабите места на Аллах,дека тоа се места кои имаат за цел остварување на средба на човекот-верникот со својот створител, места каде низ различни видови на ибадет,како и институции кои представуваат централно место за собирање на муслиманите, заради тоа поединецот мора да го почитува кодексот на однесување во џамија.

За да биде претсојот во џамијата пријатен,и да се обезбеди оптимална концентрација на верникот при извршување на ибадет,Мухаммед а.с побарал џамиите во петок да се намирисат пред извршување на џума намаз,а верниците да се собираат. Оваа барање на Аллаховиот пратеник,во овие денови на месец рамазан кога температурите преминуваат над 30 степен,а ние клањаме во џамија без климатизирани уреди итекако имаат смисла. Соблекување на облеката која сме ја носеле цел ден,облеката со која сме подготвувале ифтари и некои други дневни работи,туширање,капење и други облици на освежување на телото се нужност -потреба да се направи тоа.Обавеза се и средените и уредни подпетици и нокти, како и чисти чорапи. Ако правиме вака, на сите ќе ни биде пријатно и удобно,џамиите ќе ни мирисаат убаво и нема да бидеме вознемирени во текот на намазот.

Исто така, Пратеникот Мухаммед .а.с од своите следбеници побарал да не влегуваат во џамија доколку јаделе црвен или бел лук,со што од џамијата би се елиминираленепријатните мириси кои би можеле да ги вознемират и другите клањачи.

Во џамиите е неопходно да се направат оптимални услови за сконцентрирано и непречено извршување на ибадеи и зикр,како и за стекнување и збогатување на знаењето.Заради тоа верникот има обврска да со почитување на шеријатските норми на однесување во џамиите, да оддржува ред и дисциплина во нејзината внатрешност и да овозможи како себес си така и на другите членови на џемаатот остварување на целите на намазот и останатите ибадети и активности кои се одвиваат во џамијата.

При извршување на намаз и учење на Кур’ ан верникот треба да води сметка за тоа да не им смета на останатите клањачи и не го пореметува редот во џамијата.

Не е дозволено да се минува пред особата која клања во џамијата , што значи дека треба истиот да се заобиколи,или почека додека не даде селам.

Често пати се случува,луѓето меѓусебно да разговаарат во џамија додека имамот или некој друг кој учи на глас Кур’ан.Ваквото однесување е спротивно на наредбата на Аллах џ.ш кој вели: А,Кога се учи Кур’ан , вие само слушајте и молчете за да бидете помилувани.

Зошто се напушта теравијата после осум рекати?

Напуштањето на џамијата после осум рекати на теравија намаз,иако според мислењето на улемите е дозволено, тоа не било во склад со препораките на Ријасетот на БиХ да се клањаат дваесет рекати.(слично нешто како во Македонија). Зошто се укажува на овој феномен кој е присутен во нашите џамии,поточно во поголемите урбани средини и поголеми џамии? Заради тоа што после  осум рекати, џемаатот е растурен,сафовите за чија важност укаувавме повторно се разбиени,испрекинати и непополнети.Клањачите кои го напуштаат намазот после осум рекати не ги напуштаат џамиските хареми, туку тоа продолжува,приказната,зборувањето,довикувањето,коментирањето,викање,чекорење,тропање..А оние кои ѕредно остануваат да го клањаат остатокот од теравија намаз,посебно оние кои се наоѓаат на тераси или повисоки делови на џамија, тешко ќе можат во тој момент да го следат имамот.

Посебна епизода прават децата од тинејџерскиот период,кои со изговор дека одат на теравија намаз, времето го поминуваат околу џамијата(харемот) и со неодмерното однесување,викотници,зборување и друго, му сметаат на џемаатот. Порано родителите со себе го воделе децата и тие клањале покрај нив. А денес? Сликите се многубројни и заслужуваат друг осврт.

Заради тоа, драги читатели,кога и да тргнеме во џамија,кога и да клањаме во џемаат, да се потсетиме на овие препораки кои ги црпиме од перата на нашите добри предци,а кои се однесуваат на сафовите во намаз,на хигиената и пречењето во намаз. Рамазнот е шанса, можеби не повторлива.

 

Автор: Zehra Alispahić

Дубаи – Портал




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× two = 10

%d bloggers like this: