Бродот на Гугл за кои сите ќутат како риби!

Американската крајбрежна стража во средата го посети таинствениот брод на Гугл, кој се наоѓа кај Сан Франциско, но агенцијата не откри ништо за инспекцијата на пловниот објект.

Гугл исто така одби да ја потврди поврзаноста со овој брод и уште три такви, а најмалку еден вработен од крајбрежната стража морал да потпише договор за тајност со интернет гигантот, пишува “Reuters”. А, истото морал да го направи уште еден испектор.

Пловниот објект долг 76 метри е во сопственост на компанијата “By and Large” од Вилмингтон, но точната цел е обвиена со превезот на тајност.

“CNET” уште претходно пишуваше дека ова би можело да биде пловен податочен центар, додека после наводите дека ова ќе биде центар за промоција на наочарите Google Glass, ТВ куќата “KPIX” тврди дека се работи за модуларна соба за покажување за Google X проектите и производите.

Наводно на тоа работат повеќе од година дена, а планот е да се направи голем излог кој може да отплови каде што треба и да се состави по желба и потреба. Идејата наводно е елементите да можат еден ден да бидат на некој плоштад, а веќе наредниот на некое скијалиште.

Халите за демонстрација би биле на три спрата, додека четвртиот кат би бил за забава, тврди “KPIX” и наведува дека така им раскажал извор кој бил на објектот.

Инаку, Google X е оддел на компанијата кој го води Сергеј Брин, а тие се заслужни за многу футуристички проекти, како автономни автомобили, интернет преку балон или вселенски лифтови.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


eight + 5 =