GENI

За генот на глупоста кај нашите Лабуништани и останатите…населби.

Се надевам дека Админот на овој портал нема да изврши односно нема да одстрани делови од овој текст, а всушност нема и што да се одстрани.

Ама, како и да е еве ќе почнам некако !

На кого му згрешиле Подгорчани, Боровчани, па еве и Октишани, што тргаат мака заради нискиот степен на размислување  кај овие наши браќа Лабуништани.

Па, доста е бре !!! освестете се малку, зарем не гледате до кој степен стигнавте..

Додека меѓусебно се натпреварувате со некакви си глупости, некои веќе : од парична единица, држава,регистерски таблички, општина, градба на инфраструктури, па еве сега и некаква си дипломатија (се мисли на општина Вевчани),  вистинскиот разум го користат за вистински и реално како што вели народот си го тераат магарето.

Е, сега овде за жал работата е обратна, нашите браќа Лабуништани, па и некои од околните села се магариња, па друг ги тера..

Мене веќе ми се смачи да читам по сајтовите : Овој му направил ова, оној го излажал него, Вака правел тој порано..  Сега се открива што правела таа партија тогаш.. подобро беше да беа тие… и што уште не.

Не направија бре на медиумите каков си некаков криминоген народ. А, дали сме такви.., Јас знам дека не сме..

Што ни се случвит..?? Пред неколку години во оро игравме со Зинго..

Во 1981 со нашите побратими од Волчинац (Србија) на така наречениот Албански Иредентизам пред нашиот ни некогаше споменик на Дунџески викаквме УААААААА!!! кога се спомнуваа албанците…

И, замислете сите овие работи се случуваат 95% во Лабуништа, 3% во Подгорци, 2%во Боровец, Октиси не го спомнувам затоа што тие и територијално не не поврзуваат.

Да беше редоследот на број на жители обратно, т.е бројот на жители како што е сега во Лабуништа да беше во Подгорци, или пак да не ги споменувам Боровчани кои се далеку понапред од Лабуништани , па малку и од Подгорчани, ситуацијата сега ќе беше поинаква.

Ќе имавме си некаква заедничка Општина, без разлика дали ќе беше Општина Подгорци, Општина Боровец, па и Општина Лабуништа, (ама не каква што е сега со вакви мунафици од кои маки трга сиот народ од околните села, без разлика дали се изнесуваат како Торбеши, Албанци, Македонци, Турци или пак било што.

Наши деца ќе имаше во таа си наша некаква Општина, сами ќе решававме за својата судбина, како што го прават и останатите..

Знаете ли што ми рече еден пријател: Луѓе учете од вашите комшии Вевчанци, тие внатре во населбата-општина се во различна партиска борба едни со други се напаѓаат, ама кога ќе стани збор за Вевчани, е тогаш нема партија, тогаш нивната партија е нивното заедништо, и како такво еве денес гледате какви резултати постигнуваат.

Што ви сметаше бре браќа, нашата си некогашна општина да ја клоцнете како кравата кантата со млеко, зарем сега млекото од другата општина е подобро?

Па, ајде како што велат нашите Лабуништани: А, бре бате ние  ништо не можевме да направиме, други го планирале тоа…???

Испаѓа дека представници од другите места повеќе се заинтересирани за Лабуништани, ама тие по изгледа од дрвјата не ја гледаат шумата.

Скандали како поврзани локомотиви…. а сите ни се смеат, без разлика од која населба сме.

Зошто не си ги сакаме населбите ..??, Очигледно интирисот ни го поматил разумот, за ситни интереси и господ го заборајвме,па дури и во џамија одиме само формално како манекени пред модна писта, демек верници сме…. А, бре никакви сме, вакви кави што сме и Џехеннемот нема да не собере.

Ајде бре браќа Лабуништани барем малку објаснете што направивте позитивно во изминативе години наназад, нешто добро за вас и барем вашите жители .. НИШТО !!!!!!.

А, сценариот вие е вакво:

1.ОПШТИНАТА ЈА ПРОДАДОВТЕ САМИ.

2.СО СЕКОЈ СКАНДАЛ ИМА ПО ЕДЕН ЛАБУНИШТАНЕЦ КОЈ МУ НАШТЕТИЛ (СВЕСНО) НА СВОЈАТА НАСЕЛБА.

3,ИНФРАСТРУКТУРАТА ВО КАСТАТРОФА ( Канализација, Снабдување со вода, па и Каменоломот  ви е тука кој го продадовте за ситни интереси и сега тргате маки)

4. НА СЕКОИ ИЗБОРИ УСПЕВААТ ДА ВЕ ИЗЛАЖАТ (Изгледа успеале и вас некои да ве излажат), и секои избори вака во континуитет.

5.ВРАТЕТЕ СЕ НАНАЗАД КОГА ЗА ПОСЛЕДЕН ПАТ  Е РЕАЛИЗИРАН ПРОЕКТ И ОД КОГО.

6.ПРЕД НЕКОЛКУ ДЕНА ИНФОРМАЦИИ ЗА НАМЕСТУВАЊЕ НА ТЕНДЕРИ ЗА АВТОБУСКИ ПРЕВОЗНИЦИ

7.ИНФОРМАЦИИ ЗА НЕКАКВА СИ ФАМОЗНА САЛА.. КОЈ СТОЕЛ И ЗОШТО НЕ СЕ ИЗГРАДИЛА.

8.СЕГА РАЗРЕШУВАЊЕ НА ЧЛЕНОВИ ВО ЈП ХИГИЕНА (како посвежо). И, замислете ваквите разрешувања се вршат токму од самите Лабуништани.

КАЖЕТЕ ШТО АРНО ИМАТЕ НАПРАВЕНО..??

Имав доста работи за пишување ама навистина да Ви кажа дека ми се згади веќе и од самата помисла, и заборавив на другите работи, а и мислев дека Админот на овој Портал нема да ги прикаже.

Како и да е овоа моја колумна текст ја насочив кон Нашите Лабуништани, не со лоша намера туку со намера веќе еднаш да се освестат како самите себе си си наштетуваат, како некакви паразити, се разбира вакви има и во останатите населби, ама во Лабуништа е гнездото.

Уште еднаш би сакал да им се извинам на моите браќа Лабуништани, оваа не е пишуванио со лоша намера, туку со разум на здрав човек, а не им се извинувам на оние ( ХАИР ДА НЕВИДЕТ..) што свесно му наштетуваат на својот народ.,. Лабунишки,Подгоречки..Боречки, зашто нормални луѓе вакво нешто не му прават на својот народ.

Се разбира вакви има и во другите населби, ама бре браќа Лабуништани ви го имате клучот од вистинската врата.. Зошто секогаш чекате некој друг да ви каже која да ја отворете ?? И замислете секога се отвара погрешна.

Во оваа пригода би го замолил Админот на овој Портал, барем да ја одстрани рубриката од Од нашиот крај или пак на негово место да стави рубрика од типот на Црна Хроника или пак нешто слично.

Член на ДУБАИ – ПОРТАЛ.

 

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


5 − two =

%d bloggers like this: