siromav

Поучно: Сиромавиот и Богатиот во друштво со Пратеникот с.а.в.с

Во една прилика, Пратеникот с.а.в.с седел со еден сиромав, па во еден момент дошол и некој богаташ, и не нашол друго место освен да седне покрај сиромавиот.

siromav

Така тој седнал до сиромавиот и ја собрал седта облека, и во таа пригода Пратеникот с.а.в.с, го запрашал: Зошто ја собра облеката, да не се уплаши дека сиромавиот ќе ти го загрози богатството или пак ти да не ја загрозиш неговата сиромаштија ?

На тие зборови богатиот човек се растажил и рекол: О Аллахов Пратенику, како надокнада за она што го помислив му поклонувам половина богатство на овој сиромав.

После тоа Пратеникот с.а.в.с го запрашал сиромавиот: А, ти, го прифаќаш ли подарокот од овој човек?

Сиромавиот одговорил: Не, Аллахов Пратенику ?

Зошто? – го прашал Пратеникот с.а.в.с

Се плашам да го прифатам и постанам богат, па да заборавам на божјите створенија и убавини, како што забораваат повеќето богати, а, на ахирет ќе одиме исто како што сме дошле и на овој свет , без разлика дали сме богати или сиромашни.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


3 × = eighteen