И, после 28-ми ни дојде 29-ти, ” mirë mëngjes” ( добро утро) Llabunishta..

2
44

Ете, дојде долго очекуваниот 28-ми ноември, и си помина.  Ни дојде 29-ти,пак по старо како ништо да не се случило за момент заборавивме за нашата еуфорија пред и на денот (28-ми) ноември, а како изгледаше еве малку да се потсетиме:

1.Прво и овде се поделивме, оваа свеченост повеќе наликуваше на собир на членовите на ДПА,  (иако ДПА веќе де сли на два дела во Лабуништа, фракции) овие од ДУИ никаде ги немаше. а за нашите Торбеши (ПЕИ) ни трага ни глас, барем тие да дојдеа не подржат во оваа наша свеченост, ама ништо.

2.Второ ништо не разбравме што се зборуваше, бидејќи македонскиот јазик беше изоставен, а за знамето ич да не зборва, ама најмногу ми е срам што еве ќе кажам еден новинар, не знам од кај беше во еден момент, како ли мене ме најде, ме запраша: Брат те молам, ќе ми каже ли што  зборува градоначалников, за да напишам нешто за оваа вест..? ја се завртив и како да му кажа се мисла и му вела: извини бате јас сум од Боровец, и не разбирам албански, тој се чуди и ми вели: ах,, извини, нека нека му вела јас.

Е, ајде како да му кажа дека сум од Лабуништа, ќе се изнасмејт и ќа речит какви бре албанци се овие кога ни збор не знајет, албански, ама помина некако.

Го подигнавме јарболот и гордо се вивна над центарот на Лабуништа, замислете токму во центарот на Лабуништа и тука секогаш ќе не бодит и потсетвит на глупостите што ги прајме.

Ја лично сум против поставување на било какво знаме (Македонско, Албанско,Турско, Ромско….)

Зошто да се обележвиме, кои сме бре ние..??

3.Трето сега пошто излеговме на сите телевизии и интернет портали, блазе си ни, се разбира за тие што се во политика и на функција (блазе си им), ама за оние наши печалбари кои работаат во источните делови на Македонија, како и останатите (Струмица, Битола, Охрид…) како ќе им кажеме сега од каде сме.? Барем да клајвме и Македонско знаме, бар малку ќа се оправдавме, вака ништо, не знам како ќа бидит сега ни е многу страв, ем се нема работа, еме се нема пари, ем се мешаме во политика, е ова е вистинска Лабунишка Комедија на нездравиот разум, (вака размислува еден мој роднина, кој и едвај на раат го испи кафетот во Кордоба).

Е ова, сега ги притиска и останатите, кои што работаат во градовите (кај Македонци).

И сега што? Ајде нека сега некој барем малку нека ни гарантира работа и кај Албанците, ама не бе бате, кај нашите браќа Албанци тие си токмат за нив, ако има потреба ќа си земет Вевчанци или други, а за нас… ништо.

4. Станавме потсмев за сите, еве пред неколку дена на овој портал а и не се сештам на кој беше некој си следбеник на Нијаз Лимани (Лиманоски)  т.е Исмаил Бојда , не напрај Македонци, демек не сме албанци а ни торбеши. Сме прајле пародија со туѓо знаме (хехехехехе).

5. Е сега, браќа се поставува и прашањето на законитоста на оваа поставување на јарболов. Дали е согласно законот на Македонија, да не испаднит како оној споменик кај Теферич, па да фрчет и кривични, дали некој ке нас лабуништа знојт кој е иницијативниот одбор кој го подтикна ставањето на овој јарбол. Ќе видиме.

Покрај тоа ги повикувам сите читатели на овој портал доколку имаат некакви свои размислувања да се вклучат во оваа тема, а особено ако знаат околу законската регулатива за поставување на еден ваков симбол.

Овие од Подгорци, засега се минијатурни, не се фалет со јарболи и друго, само си прает мини свеченост и така завршвит работата. Од сите наши села населени со (Албанци,Македонци,Торбеши, Турци. и останато) зарем мие испадвиме паметни секваш.????

На крај, сакам да го критикувам и админот на овој портал кој во мојата претходна колумна ги тргна сите имиња на учесниците во нашата траги-комедија која се случува во последниве години, и со тоа се наруши оригиналноста на мојот текст. Доколку уште еднаш се случи да се прават корекции, тогаш моите текстово гледања ќе мора да ги пуштам на други сајтови и ќа мора да објава дека не сте објективни.

Текст:ОмерЛаб82

2 Коментари

  1. Поздрав, како прво би сакале да го известиме нашиот член ОмерЛаб82 на правилата на овој портал кој тој навистина е различен од другите:

    1.Дубаи Портал, никогаш нема да дозволи омаловажување на било која личност ( спомнување во текстовите ) доколку за тоа не постои соодветен доказ, значи нема да користиме и третираме трач информации.

    2.Друга работа, овој Портал не е приврзан кон ниту една страна, туку се стреми кон реално и објективно информирање без оглед на тоа од каде доаѓаат ин формациите и за кого се однесуват. (Македонска, Албанска, Торбешка, Турска), тоа значи дека секој еден кој има свое видување на некој настан или нешто слично, слободно може да се обрати кај нас, а правото на корекција на истиот го задржуваме како наше право.

    3. Значи сите наши читатели, можат да објавуваат свои гледишта на некој настан, ама во ниту кој било случај нема да дозволиме деградирање на било која личност.

    4.Заради тоа, почитуван ОмерЛаб82 би сакале да Ве известиме дека како што рековме горе го задржуваме правото на корекции доколку установиме дека се обвинува некоја личност, или организација,а за која нема било каков доказ, а Ваше е да одлучите дали вашите гледишта ќе ги објавувате кај нас или на другио место.

    Со Почит!
    Админ на Дубаи Портал.

  2. Gradeznistvo Tairoski :
    da mirmengjes i labunistani go polnat bugetot so plakajne na kazni i zatvoreni objekti od ujpeh be labunishtani mi e zal za vas navistina zoshto zaradi tugi interesi da trgate maki!

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име