Емиратите изградија Болница во Пакистан во рамките на проектот “да му се помогне на Пакистан”.

0

Во рамките на зацртаниот проект “Да му се помогне на Пакистан” финансиран од  Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) денес беше реализирана првата фаза од овој проект со која фаза беше предвидено изградба на болница.

Оваа болница воедно претставува и ена од најголемите проекти спроведени на територијата на Пакистан, во вредност од 108.000.000 долари и истата се простира на површина од 105.000м2, на отварањето присуствувал и претседателот шеик Калифа бин Зајед Ал- Нахјан.

На отварањето на оваа болница присуствувале голем број на официјални лица од  политиката на Пакистан, како генералот Ашфак Первез Кајани, претставникот на  ОАЕ за овој проект во Пакистан Абдула Калифа Ал Гафли, како и голем број на членови на ОАЕ,  амасадата на Пакистан ,како и високи претставници воени команданти и претставници на владини агенции.

Ова е само еден дел од почетокот на зацртаниот проект кој започнува во реализација на Пакистан, изјави претставникот на ОАЕ одговорен за овој проект.

По повод оваа свеченост, Пакистанскиот народ ја изрази својата благодарност до раководството на ОАЕ како неговото височество Калифа бин Зајед Ал-Нахјан, за неговиот великодушен гест и подршката за развој на стопанството на Пакистан.

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име