Дубаи ќе добие реплика на Таџ Махал до 2016 год.

0
29

 

Инвеститорите веќе ги добија сите потребни дозволи и документи за градба од страна на властите во Дубаи, па наскоро ќе биде распишан и тендер за избор на компанија која ќе ги изведува работите, пишуваат арапските медиуми.

Инвеститорот се откажал од користење на мермер при градбата и хотелеот во поголема мера ќе биде изграден од стаклена конструкција, а во него покрај останатото, како што е најавено ќе се оддржуваат гала венчавки.

Планот е да Таџ Арабиа да биде доста поголем од својот оригинал (Таџ Махал), така да тој ќе има 20 ката. Во него истотака ќе се наоѓа и деловен простор, кои ќе можат веќе да се купат од декември оваа година.

“Венчавките се настани кои остануваат во сеќавање цел живот, а Дубаи моментално не е позната како дестинација за свадби”, вели Арун Мехра,директор на Линк Глобал Гроуп, изведувач на проектот. “Луѓето одат на Бали и други егзотични дестинации. Сега ќе доаѓаат и во Таџ Арабија.”

Во комплексот ќе има и трговски центар ама и хотел од 5 звездички со 350 соби.

 

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име