Кога Господ ни дава искушение како предупредување и не враќа на вистинскиот пат.

0

Почитувани, членови и посетители на Дубаи – Портал, еве веќе изминаа неколку часа од протестот кој што беше оддржан пред зградата на Општина Струга.

За причината повеќе нема да се зборува, затоа што веќе многу зборувавме.

Е, сега овде ќе зборуваме за убавита работа која ни се случи.

Знаете, мислам дека постоеше една поговорка со некаква си смисла од видот :Кога некој ти мисли лошо, тебе, мене , на нашите браќа, на нашата заедница, знаете господ ги чува таквите и го прави вистинското чудо. Е, денес , поточно уште од вчера започна нашето чудо, Господ ни даде можност после толку години да видиме како изгледа барем еден или два дена, дена да бидеме заедно (без политика, омраза, и др..), токму како едно семејство.

Како да ги натера (тие), да ни направат зло, или нанесат ваква неправда, и да не стават во искушение, ама како што велат старите Господ е голем, оваа искушение ни донесе заедништво.

Денес на протестот кај поголемиот број од нашето население преовладаа чувствата, за одговорност, па, и за зблужување.

Денес ја немаше ни (ДУИ, ни ПЕИ, ни ДПА, ни ВМРО-ДПМНЕ, ни СДСМ идр..) а, не имаше сите НАС на едно место.

Можеа да дојдат и сите, без разлика од каде се , од која националност се ,од која вероисповест се, од која населба се и од која  партија се…!

СРАМ ДА ИМ Е НА ТИЕ КОИ ЌЕ ПОСЕГНАТ СО СВОИТЕ ЗБОРОВИ И МИСЛИ И ДА ПРЕПИШУВААТ НЕКАКВИ СИ ПОЗАДИНИ (ПОЛИТИЧКИ , НАЦИОНАЛНИ и др.). Ама нека. Нека пробаат тоа ќе не направи уште посилни, затоа што знаеме за што овие денови се боревме и како изгледа кога сме заедно.

Се боревме заедно за она што треба да му го оставиме на нашите поколенија од нашите таковци и дедовци.

За момент се почувствува, заедништвото, а и веќе сеуште трае. Да даде господ да се вразумиме и да продолжиме вака.

После ова денес, во ДЕРБИ, кај ЛАМА немаше  поделеност, завидлок, наседнување и тн.. сите зборуваме за една работа за едно нешто за што сите станавме заедно, и докажавме дека и ние знаеме што значи да сме едно.

А, ако и после ова си продолжиме по старо, со поделби и мунафиклок, омраза и др.. тогаш и не сме ја сватиле суштината на нашата вера која ,без разлика за која станува збор, а секогаш не учат како да правиме добри, а како да забораваме лоши дела.

По интернет сајтовите и мобилните телефони ги гледаме сликите кои сме си ги направиле, и се чудиме , како сме успеале да бидеме вака заедно.  Па си велиме: абе овој  беше од ДУИ, овој од ПЕИ овој од ДПА овој од СДСМ, овој е Торбеш,Македонец, овој е Албанец, овој Турчин…. дали е можно ? Да почитувани, можно е затоа што, Господ е голем. И ни даде можност да видиме како изгледа кога ќе се заборави омразата, политиката и останатите работи кои ни прават зло.

Знаеме дека сите не можеме да мислеме исто, јас ќе го ценам твоето, а ти моето мислење, без да се разделуваме,и мразиме, навредуваме. Затоа толку колку што сме, овде во Подгорци живееме и сакале или не задно сме.

Можеби меѓу Нас го немаше и оној мој, твој, брат или сестра кои можеби не знаеја што да прифатат, или  дали да одат со своите?  Како и да е господ и нив да ги доближи до Нас. да бидеме како една единка, кога него ќе го боли и ние да ја чувствуваме неговата болка.

Да даде Господ вакви работи повеќе да нема.  Да ни даде ум и разум кај сите нас. Да не заборавиме како е кога сме разделени, сами, а како е кога сме заедно.

Ако некогаш започне да преовладува некое лошо чувство во нас, чувство кое ќе не тера наодвор од твојата, мојата близина, едноставно да ги погледнеме овие слики, слики кои ќе обележат еден период од нашето заедничко живеење, и слики кои секогаш нашиот разум и чувства ќе ги насочуваат кон добрите, а не кон лошите работи.

И за крај: Господ да не чува од сите оние кои ни мислат лошо, и таквите да ги упати на вистинскиот пат, кој иншала ќе ги донесе кон нас,  затоа што таквите како Нас знаат да опростуваат, а Ние да запаметике еднаш за секогаш како изгледавме денес сите како едно.

Е, тука повеќе никој нема да ти може ништо, затоа што ќе имаш на кого да се потприш, кога ти е најтешко и кога ти се нанесува неправда, затоа што ти нема да бидеш сам, туку до тебе ќе бидам јас, и мојот народ, моето село, во кое јас и ти живееме.

Впечаток и Размислување на група граѓани на населба Подгорци

Дубаи Портал.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име