За потребата од Вистина и препознавање на Мунафиклукот.

0

Почитувани!

Со овој пост-натпис сакаме посебно да се обратиме до  нашите браќа во Лабуништа.  Разгледувајќи и Анализирајќи ги последните активности, кои одредни лица од населба Лабуништа сакат по пат на невистина (мунафиклук) да го дезинформираат оваа население со одредени невистини – лаги, и од друга страна да се направи еден вид конфузија помеѓу нас и нашите браќа од Лабуништа, Ве молиме да не подлегнувате на информации кои немаат никаква вистинитост, а особено да обрнете внимание од кого истите ги добивате.

Образложение:

1. Подгорчани немаат ништо против своите браќа од Лабуништа, туку Подгорчани имаа проблем со управниот одбор на загубарот ЈКП-Хигиена-Лабуништа..

Потенцираме на“загубарот” ЈКП Хигиена, затоа што погледнете што се Ви се случува во последните години наназад,  дали воопшто некогаш сте добиле отчет за нивната работа ( план програма, финансиски пресметки, идејни проекти и ред други работи кои едно претпријатие треба да ги спроведува и образложи пред своите граѓани кои ја полнат нивната каса.

Сигурно за вакво нешто досега Не сте знаеле? а Ниту виделе? како изгледа тоа.-

За жал ваквите работи се случуваат кај сите оние претпријатија кои не знаат да си ја организираат – управуваат и спроведуваат својата дејност, а резулатите секогаш се минус (-), и не случајно тука се вели дека се работи за загубар, затоа што економијата и правото не подразбираат друг поим освен овој, за ваквиот развој на било кое претпријатие.

2.Се додека подлегнувате на дезинформации и не барате отчет за она што го плаќате?, а што добивате?, почитувани, секогаш со Вас, на овој или оној начин ќе се манипулира од интересите на вашите “внатрешни црви (паразити)”.

А, таквите црви- паразити никогаш не носат добро, затоа што тие не работаат туку го јадат рискот и она што други го создале за себе или за своите.

Таквите црви – паразити веќе неколку денови за жал сакаат да го нападнат и нашето јаболко ( Месна Самоуправа- Подгорци), за среќа во Подгорци има луѓе кои ова јаболко го вреднуваат и чуваат,како неговото стебло ( раководните лица на Месната Самоуправа-Подгорци) , така и идните јаболка ( идни проекти на развој и надградба на истата).

Таквите Црви-Паразити треба да знаат дека Вистината секогаш се брани со факти, докази (доколку знаат што значи факт или доказ), доколку не знаат што значи тоа, а се борат за некаква си вистина, е тогаш тие се во некакво си бунило, и секогаш ќе имаат проблеми со самите себе си.

А, како се брани вистината со факти?

За да бидиме појасни во нашето излагање и попрецизно да го дефинираме поимот на борба за вистина и борба за невистина, на крајот од овој текст ќе одлучите Вие самите?

Бидејќи таквите црви не се запознати со одредени поими, а, да не се збунат уште повеќе, и прито  нивното бунило да премине во лудост и ненормалност, веднаш ќе преминеме на главните факти за вистината, односно да им помогнеме и на другите за да не ги нападнет и нивните јаболка:

(Поедноставно за Вас)

Г-дне Црву-Паразиту, еве ги вашите информации кои ги зборувате како точни пред твоите сограѓани каде им велите:

1–  Во Месната Самоуправа-Подгорци, нема ред ,се работи на црно… Не е легална..

2– Луѓето кои се вработени се непријавени..

3– Месната Самоуправа нема Банкарска сметка..

4- И ред други неправилности кои ги прави оваа Месна Самоуправа…

Ова го велите Вие г-дине Црву..

Е сега, ова се фактите-доказите кои ја поткрепуваат ВИСТИНАТА , зад која ние стоиме и за ВИСТИНАТА која треба да излезе како што велат нашите на ВИДЕЛИНА.

Верата не учи, никогаш да не ја премолчуваме вистината, а камо ли да заборуваме лаги и да му наштетуваме на своите.

1. Месната Самоуправа – Подгорци е легитимна, и колку за Ваша информација неа ја избра овој народ, кој Ве избра и Вас.

( значи ако не ја признавате како таква, тогаш не ја признавате и вољата одлуката на народот, кој ве избрал и Вас)

2.За луѓето кои работат во Месната Самоуправа и околу оддржување на системот за водоснабдување на населба Подгорци како и комуналните дејности ,постојат  соодветни документи кои укажуваат на нивното пријавување односно стекнување на работен однос (здравствено-пензиско осигурување), и тоа од 2002 година, кога истите ги превзедовме од тогашниот и сегашниот загубар ЈКП-Хигиена, а кои и ден денес константно си ја извршуваат својата работа. (Испратете ни писмено барање, и ние ако треба ќе ви испратиме фотокопија од м1-м2 образците), или пак да ги објавиме јавно. А, не да се служете со лаги-дезинформации.

3.Сите заработени плати уредно си ги добиваат без закаснување, онака како што пропишал законот, што значи мора да има и Банкарска сметка.

4. Посетата на инспекциските служби за Стопански Криминал, и нивната потврда дека се е во ред, ја потврдува нашата легитимност како организација, а се разбира и нејзиното законско работење. ( Доколку побарате ќе Ви го доставиме и записнокот од нивната одлука)

5.Транспарентно известување на граѓаните за состојбата на водата и комуналните дејности ( записници од земени анализи на вода од страна на Заводот за здравствена заштита кои укажуваат на квалитетот на водата и нејзиното оддржување), се разбира овие записници нема да се сопфпаѓаат со оние вашите  кои беа криени од тогашниот загубар ЈКП Хигиена, од граѓаните на кои сега сакате да им ги понудите Вашите услуги, а тогаш им доставувавте вода збогатена со минерал на бактерија (ешерихија коли) и тоа во период од 6 месеци.

6.Народот си ги плаќаше сметките, а некои ги полнеа сопствените џебови и неуспеси, така да Вашата несмаснот-неспособност моравме да ја платиме со настанатиот долг кој Вие го направивте кон други доверители, а за износот кој го плативме, дали да го напишеме колкавав беше:……………………….. ????ден, или кажете ни  да го оставиме за друга пригода, да не се сторит многу.

7.Зборувате за неред. Би сакале да ни одговорете да не се збуниме, каде го гледате нередот, во Вашата непосредна близина или подалеку.

8. Или пак сте згрешиле, односно сте ги испомешале зборовите,  дека некаде каде што има ред, да се направи неред, според фактите на размислување  кои ги изнесувате и нивната вистинитост  нормалон човек  ќе помисли дека мислите на зборот неред.

9.Ова беше во текстуален приказ, а за визуелниот еве Ви прикажуваме сметкопотврда во која јасно стојат сите факти кои ја побиваат вашата (не) вистина дека се немало банкарска ж-сметка, како и даночен број. За да Ви појасниме тие се обележани со црвена боја. Случајно да не се загледате во телефонскиот број, па да ни кажете односно не обвините дека не е точен….

 

10. Доколку сакате можеме да Ви прикажеме и фискална сметка. Ама за жал во овој момент не можеме да најдеме ниту една затоа што луѓето се ангажирале околу наградната игра да добијат стан или кола, па да се отселат некаде во новиот стан или си заминат со новата кола, затоа што му е преку глава му е од ваквите глупости и дезинформации кои секојдневно му се сервисираат од ваша страна.

Има доста да се пишува, затоа Ве молиме  пред да изнесете некаква лага, претходно да не иформирате за да Ви кажеме дали имаме документ или не, за да може Вашата лага тогаш да стане ВИСТИНА (Господ да чува).

И НА КРАЈ…..

11.Знаете, кога некој работи со загуби односно не знае како да работи, нормално е дека секогаш успешниот ќе му смета т.е , оној кој се развива и надградува.

Ама како и да е како и секој крај ќе го завршиме со следново:

Господ да не чува од тие што ни мислат лошо. А доколку таквите ги има (а ги има) Господ да ги упати на вистинскиот пат, и да им даде ум и разум и секако наградата која се заслужува.

Месна Самоуправа -Подгорци и Група граѓани на населба Подгорци

dubai-portal.com.mk

 

 

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име