Дубаи (арапски: دبيّ‎, Дубај) е еден од седумте емирати во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ). Тој се наоѓа јужно од Персискиот Залив на Арапскиот Полуостров. Општината Дубаи понекогаш е нарекувана „сојузна држава Дубаи“ за да се разликува од Емиратот со исто име. Пишани документи сведочат за постоењето на градот за најмалку 150 годиниhttp://localhost/wp-admin/post.php?post=25612&action=edit пред создавањето на ОАЕ.
Обединетите Арапски Емирати се муслиманска земја каде се почитуваа исламската традиција , а туристите треба се придржуваат кон нивните стандарди и правила на однесување. Иако ова е една земја, секоја емират има свои правила и особености. Абу Даби важи за најконзервативен, а Дубаи за најмногу релаксирачки и космополитски.

Нешто повеќе за Дубаи посетете ја Википедиа на следниов линк :Дубаи


  Облекувањето ( особено за жените ) мора да биде соодветно. Топлесот е забрането , и носењето на  куси здолништа и шорцеви надвор од плажите, тесни  хулахопки кои го одсликуваат телото , маици со откриени  раменици и длабоките деколтеа се сметаат за неприкладни и можат да предизвикаат негативни реакции во локалното население. За голем грев се смета бакнувањето и размена на нежност во јавноста,како и хомосексуални односи, дозволено е само држење за рацете  (исклучиво маж и жена), псуењето се казнува. Фотографирањето на  локалните жители,  особено жените, може да предизвика големи проблеми, заради тоа, тоа несмее да сеправи.

Во Емирати алкохолните пијалоци не може да се купат во продавница туку само во фри шоповите и забрането е да се конзумираат јавно , но дозволено е во ресторани, ноќни клубови и барови кои имаат лиценца.

Во Емиратот Шарјах  Алкохолните пијалоци комплетно се забранети, па тие ги нема ни во хотелите ни рестораните, а може да се конзумираат само во хотелските соби. За јавни места се сметаат отворените  градини ресторан, и оние кои имаат лиценца можат да  служи пијалоци само во затворениот дел (обично на спратот) , па заради тоа треба однапред да прашате  дали во ресторанот се служи алкохол и алкохолни пијалоци.

Во Фришоповите може да се купи на влезот во земјата да влезат во земјата може да се купи 4-литри алкохол по особа и за тоа да не се плаќа царина. А во хотелите нема никакви проблеми за нивно конзумирање во собите  (некои дури наместо на мини бар во соба, имаат и голем фрижидер ), но не и на базените или плажите.

Освен на аеродромите, мали фришопови постојат и Емиратите Аџман,Рас Ал Каим и Фуџеира.  .

Со оглед на фактот што  Емиратите Шарјах и Aџман се многу мали и фактички споени, туристите од  многу Емиратот Шарјах со Такси на неколку километри слободно скокнуваат во фри шоповите во Аџман и снабдеваат со пијалок кој подоцна го конзумираат во своите соби.

Во Емиратите , постојат и голем број на т.н. ” суви ” хотели кои не служат алкохолни пијалоци , како што се AURIS ланец хотели и сите хотели од ланецот Rayhana

Она што понатаму е карактеристично е и тоа доколку при возење со автомобил се установи дека во крвта имате алкохол, затоа што овде е дозволено само нула%, тогаш ви следува казна од 7 години затвор, и доколку сте странец веднаш ќе бидете депортирани од Емиратите.

Прописите кои се однесуваат на пушењето се слични како и нашите, забрането е пушење во затворени простории, во кои спаѓаат хотелските рецепции и ресторани, метроа и автобуски станици (кои се затворени и климатизирани).

За време на месец Рамазан сите ресторани во текот на денот се затворени, а се отвараат после зајдисонце, и во тој период туристите не смеат да јада и пијат на јавни места. Исто така и во хотелите во текон на месец Рамазан услигите се ограничени, односно рестораните работат само за време на појадок, ручек и вечера, додека хотелите на плажи покрај базените се затворени.

Како и во повеќето муслимански земји, употребата на дрога строго се забранува и казните се ригорозни.

Локална валута е Дирхем(АЕД)

Како и во сите арапски земји ден за одмор е петок , како и сабота.

Продавници обично работат двојна смена, 10:00-13:00 часот и 16:00-22:00 часот. Трговските центри работотат нон-стоп од 10:00-22:00 часот а во петок се отворени од 14:00-22:00 ,, а некои од нив работаат  до после полноќ.

Петок треба да се избегнува за шопинг , затоа што тогаш се најголемите гужви. Цените се изразени во дирхеми, ама исто така може да се плати и во долари или евра. Меѓутоа секогаш најдобро е да се има локалната валута, затоа што курсевите во локалните продавници не се најповолни, како ни во хотелите. 

Во Емиратите сеуште интензивно се  градат голем број на нови објекти и патишта.

Најмногу се гради во новите делови на градот како што е Ал Барша каде се наоѓа и индустриската зона, како и најголемиот промет на товарни возила.

Недовршени згради и има многу и во новите центри каде се наоѓа највисоката зграда во светот Бурџ Калифа како и познатата Палма се уште се градат и има незавршени работи на идни објекти.

Дубаи има неколку делови кои се различни еден од друг. Деира е најстариот дел на градот, во близина на заливот Дубаи Креек. Тоа е единствена градска целина со Европска смисла каде што можете да се шетаат по интересните улици со голем број на продавници  ресторани и ноќни клубови. Покрај локалните пазари тука има и голем број на модерни трговски центри како и бројни хотели. Кога  бил граден аеродромот неговата локација била на ” неколку километри од градот” , односно од Деира ,а сега е речиси во центарот, меѓу Деира и Емиратот Шарјах од друга страна.

Од другата страна на заливот Дубаи Creek се наоѓа во Бур Дубаи каде што некогаш била само Seiko палата која е претворена во музеј на Дубаи. Денес таа е модерен дел град со заокружено  крајбрежје  со големи број на хотели и трговски центри , но постојат неколку локации со ресторани и продавници.

Од Деира започнува најдолгата и најшироката улица во Дубаи, и таа е позната како патот на Шеик Зајед , кој исто така представува и еден вид на автопат кој го поврзува Дубаи со Абу Дубаи.

На нејзиниот почеток најпрво се изградени кулите на Светскиот трговски центар и познатата Емирати кула, која веќе долго време е симбол на Дубаи.


Во однос на Македонија временска зона во Емиратите е 2 часа во текот на летото и + 3 часа во текот на зимата. Водата е бактериолошки исправна и се добива со Дестилација на морска вода, а за пиење најдобро ќе биде да користите флаширана вода.

Електричниот напон е 220 волти , а за вашиот лаптоп или мобилен ќе мора да користете адаптер  затоа што штековите се со три влеза. Официјален јазик е арапски, но речиси сите жители зборуваат и англиски.

Климата е пустинско-суптропска, летата се жешки понекогаш со доста влага, некогаш знаа да сотигнат и до 40 степени и повеќе, Зимите се благи со просечни температури од 20-25 степени.

При пристигнувањето на Емирати, аеродромите се  врши целосен претрес, ако и скенирање на зеницата на окото, па патниците после влегувањето во зградата, најпрво треба тоа да го направат тоа и добијат потребниот печат за виза односно влез на територијата на ОАЕ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име