радика

“Гостивар се вклучува во битката за заштита на Радика,нови протести во Албанија “

Над 30 здруженија од Гостивар им се придружија на другите организации во Македонија, кои потпишаа писмо на протест или петиција против изградбата на хидроцентралите “Луково Поле“ и “Бошков Мост“. Координаторот на овие здруженија, Љурзим Фејзулаи објаснува дека протестното писмо е потпишано од сите постоечки здруженија во општините Гостивар,Врапчиште и Маврово – Ростуше вклучувајќи невладини организации,културни и спортски друштва како и друштва за заштита на животната средина. Со оваа иницијатива се бара од владата,локалните власти,институции и државни органи целосно да го прекинат реализирањето на зацртаните проекти во согласност со почитувањето на меѓународното право како и вољјата на народот. Во меѓувреме, во организација на албанската „Алијанса против девијација на реките“ денеска во пограничниот град Пешкопеја и во албанскиот главен град Тирана, беа одржани протести против проектот „Луково Поле“. И на едниот и на другиот протест присуствувале претставници на граѓански асоцијации, при што е побарано албанската влада да не го прифаќа македонскиот проект за реализација на проектот “Луково Поле“, со кој се зафаќаат дел од водите на реката Радика, за изградба на хидроцентрала. На протестите е побарано да се почитува вољјата на народот кои сметаат дека проектот е катастрофален за биодиверзитетот на целиот регион. Со проектот за реката Радика се предвидува да се смени текот на реката и наместо во Црн Дрим таа ќе се влева во Вардар со што според екологистите таквата одлука би имала катастрофални последици за биодиверзитетот во целиот регион.

Текст : Ален Мегдиу – модератор на Дубаи Портал




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− 1 = two

%d bloggers like this: