Да ја сочуваме Радика – Исламот забранува неред и насилство, ама човекот никако да се опамети

0

Подтикнати од последните настани поврзани со опасноста која и се наметнува на преубавата и чиста река Радика, а за причините и причинителите нема да зборувам, само со едно кратко видување ќе се осврнеме само на дел од исламскиот аспект кој се однесува на вакви дејствија, особено кога се сака да му се наштетти на нешто природно, т.е она што Аллах џ.ш ни го оставил да го чуваме и негуваме, А како го правиме тоа, Дали го правиме тоа, И како го чуваме тоа, останува сами да одлучиме односно избереме вистинскиот разум кој би не водел по вистинскиот пат.

Две димензии на неред на Земјата.

Постојат две димензии на неред на Земјата. Материјална димензија на неред, и таа се огледува во пореметување на редот вопоставен на земјата, со загадување на флората и фауната, иништување на животот на неа, уништување на нејзините благодети, било да е тоа пасивно или активно, и во се она што го загрозува нормалниот и здрав живот на земјата.

Нематеријалната домензија на неред на земјата се огледува во ширење, пропагирање и поддржување на неправдата и насилствата, без о9глед над кого таа се врши, со ширење на лаги, и потпомагање и зајакнување на сите видови зла, загадување на човековата душа, срца и совети, како и заблудување на најголемиот човечки подарок со кој е одликуван, а тоа  човечкиот ум.
Двата споменати видови на неред Аллах џ.ш ги презира и не ги сака оние кои истите ги прават и шират на земјата. Заради тоа во Курѝанот на повеќе места се повторуваат исказите ” Аллах не сака неред”, “Аллах не ги сака оние кои прават неред”.

Неред веќе се започнува да се прави, дали треба да седиме, молчиме, и гледаме како се нанесува неправда, и уништува она што Господ ни го дал на чување. Се разбира, и ние ќе сносиме одговорност заради нашето молчење.

Заради тоа, господ нека им даде ум и разум на сите оние кои свесно или не свесно ја донеле ваквата одлука со која се прави неред и насилство, и послушаат гласот на  народот, кој секогаш, ама секогаш е во право.

Ама не е во право кога гледа и молчи, е тогаш и тој е соучесник во тој неред и неправда.

Да ја сочуваме РАДИКА!

Админ на Дубаи Портал.

 

 

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име