реканци

Реканци за спас на река Радика..

реканци

Реканската дијаспора,иселеници од реканскиот крај кои живеат и работат во Италија денеска на симболичен начин се организираа против тенденцијата за промена на течението на реката Радика. На иницијативата присуствуваа Реканци од сите краишта на Италија претежно стационирани во Мештре,Равена,Пиеве ди Солиго,Фелтре,Тревизо,Порденоне,Ѓемона итн. “Реканската дијаспора во Италија денеска имаше историски момент.Ние сме обединети за заедничка цел,единствена цел која не познава партија,не познава националности,не познава политички,економски интереси и себичности.Нашата единствена цел е да го браниме она што е наше,она што претставува наш идентитет,наше заедничко природно богатство,наше достоинство и култура.Иселениот народ кој работи во Италија се собира на едно место за демократски да дискутира за еден проблем кој загрозува еден културен и географски предел“-нагласува иницијаторот на работната група Фатон Асани.

Текст: Ален Мегдиу – модератор на Дубаи Портал




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× 2 = sixteen

%d bloggers like this: