zenvo

Zenvo ST1 заблеска во Женева

Zenvo Automotive на овогодинешниот Саем за автомобили во Женева дојде со моделот ST1 подготвен за производство, откако овој силен автомобил беше најавен пред три недели.

После неимпресивното појавување во епизодата во серијата “Top Gear”, Zenvo пробува да ја убеди јавноста дека ST1, кој за прв пат беше откриен во 2008 година, е доверлив автомобил за купување, а сега е изложен и во Женева.

Zenvo ST1 изгледа многу агресивно, а доби 19-инчни предни и 20-инчни задни тркала со Michelin Super Sport гуми.

Внатрешноста потсетува на 90-тите, а во неа се наоѓаат електронски нагодувања на спортските седишта, управувач со рамен долен дел, детали од карбонски влакна, GPS навигација, Bose аудио систем, двозонска клима и head-up екран.

Автомобилот се движи на масивен 6,8-литарски V8 мотор со суперполнење и турбополнач, кој испорачува 1.104 КС и 1.430 Nm обртен момент, а силата се пренесува по пат на седмостепен менувач. Максималната брзина изнесува 375 km/h.

Цената на суперавтомобилот Zenvo ST1 изнесува 803.000 евра.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


+ seven = 11

%d bloggers like this: