За тажната слика на мојот народ – нашето стадо.

0

Ех.. каков е овој народ… работлив, вреден, доверлив, гостопримлив…..

Народ кој секогаш помагал, а никогаш не му се помагало и помогнало, Народ кој секогаш верувал, а секогаш го лажеле и сеуште го лажат, Народ кој сака да ја сочува својата традиција, а секогаш му се краде и наметнува друга….

Зошто….???

На кого, и зошто му смета овој мој и твој народ, на кого овој народ му направил зло и сега зло да му се наметнува,зарем не заслужува да живее и работи на оваа парче земја, наша земја, моја и твоја, оставена од нашите татковци, дедовци и прадедовци.. во аманет мене и тебе и она што треба и ние да му го оставиме на нашите поколенија, А дали ќе му оставиме? И што ќе му оставиме ?

Зарем нашиот корен е на друго место само не тука, место каде што како деца сме играле : фудбал, кликери, клиса, букаре, место каде што некогаш нашите прадедовци граделе свои домови, каде засадувале тутун, пченка, пченица и…. Зарем нашиот корен ќе го пресадуваме некаде на друго место, место кое што друга земја нема да го прифати овој наш корен како свој, затоа што тој и тука не му припаѓа.

Ама, ова е мојот народ, каков и да е, мој е и твој, зарем не гледаш дека секогаш сум и си покрај мене, на кафе, веселба, на работа, на џеназе, зарем некој друг ние е поблизок..??

Се надвиснаа некакви црни, зли облаци над овој мој народ, па од сите страни е сардисан, кој и како да го раздели, да го однароди. Во нашето јато и гнездо се провреа, змии, орли, лавови и што уште не.. а овој мој народ се уплашил, не знае каде да се придобери, дали кон мене или до тебе, затоа што и некоии од нас во оваа наше заедничко стадо се претворија во волци, орли,змии и лавови, и започнаа да го распарчуваат ова наше заедничко стадо… да се растури да го нема, и како да не постоело.

Оваа стадо беше аманет  од мојот и твојот татко, твојот и мојот бабуш, од твојот и мојот прабабуш, Аманет кој треба да му го оставиме на нашите поколенија, на моето и твоето, на нашите деца.

Зарем не го вреднуваме она што тие ни го оставиле? По се изгледа НЕ..

Тажна е ситуацијата на нашето стадо.. ни го нема овчарот, а и неможеме да најдеме друг кој ќе го собере оваа наше стадо, затоа што секогаш бараме овчари од други стада, само од нашето НЕ. Се разбегавме на сите страни, а волците и орлите само не јадат и бришат од оваа наше поднебје, како да не сме биле тука.

Сега не има во повеќе стада. Стада во кои секој овчар се грижи за себе, а не за другите… и така волците влегуваат и малку по малку го јаде оваа или онаа стадо, а овчарот безгрижно се сели од едно во друго стадо, притоа без страм и намус, оставајќи го онаа стадо кое му е оставено во АМАНЕТ.

Често пати се вели: Ни дојдоа тешки времиња.

Да! ова се тешки, ама залужени времиња. Господ не става во искушение барем малку да се освестиме што се случува со Нас, и она што ние го правиме.

Ама, ние никако да се освестиме. Забораваме низ што се поминал овој наш народ, нашите предци. Се молиме на господ без страм и намус да не постави на местото од овчарот, кој треба да се грижи за своите јагниња, а подоцна мислејќи само на себе и на своето јагне, а не и на моето, му го препушта на волкот секое друго  без и малку грижа на совеста. (Што мие гајле за другите, барем моето јагне е покрај мене). Еве вакви овчари за жал и денес се појавија во нашите убави села, маала и …

Зарем немаме доволно ум и разум, Зарем немаме никаква грижа на совеста… Зарем…..??? Гледаме што ни се случува, а премолчуваме, ги затвараме очите. Сакам само мене да ми биде убаво, а за другите како ќе им е пишано, Ако тој има, а јас немам, иншала и тој да нема.. Каков ли ЗАВИДЛОК надвиснал над нас…

Тажна е сликата на мојот народ.. веќе се гордееме со јагнињата од другите стада, од оние во кои што овчарот се грижи за своите и цврсто ги држи чувајќи ги од волкот, орлите, змиите и др..

А ние, гледаме само во празно, во некој си наш виртуален свет и фантазираме, дека некој друг овчар ќе не прими во нечие стадо. Е нема да не прими. А, ако не прими тогаш наместо Бела, Јас и Ти ќе бидеме Црна овца, односно моето и твоето дете наместо бело ќе биде црно јагне. Како за стрижење така и за поткусурување.

Времињата си се времиња, ама ние сме заборавиле на се, сме се откажале од се, од вербата во Господ, од добрите ниети од вербата во својот пријател,роднина,и што уште не. По се изгледа добрите работи ги заменавме со лоши. Сме  го прифатиле сопствениот интерес, завидлокот, лагата и др..

Е сега, со сопствениот интерес, завидлокот и лагата се придобива материјалноста, а со тоа почитуван брате, не се полни куферот за на Ахирет, затоа што тие кај нашиот Господар немаат вредност. По се изгледа, Ние во оваа наше време (Дуњалук) сме го изгубиле вистинското чувство за овие вредности.

Ама нејсе, иншала Господ ќе ни се смилува, и опрости за грешките и ниетите кои сме ги направиле, не знаејќи, не совесно. А за оние, кои свесно и знаат што прават не би сакал да размислувам..

Ова е мојот народ, каков и да е наш е.

Господ да ни даде ум и разум, и оваа наша тажна слика да ја претвориме во реалност а не фантазија и виртуелност дека некој друг ќе ни ја среди, односно некој друг секогаш да ја црта-слика, а не Ние самите. Се разбира за ваквите постапки можеби на овој свет (Дуљалук) сметките некако ќе ги сокриеме, ама на Ахирет пред нашиот Господар за нив се сноси одговорност, и тие тука не можат да се сокријат односно ќе полагаме одговорност за се што сме направиле, и за таквиот ниет што сме го имале.

Во прилог на оваа текст-колумна Ви прикажуваме едно наше мало видео-фото представување она што останало од нашите предци, односно за тоа какви биле тие тогаш, а какви сме ние денес.

Затоа што какви и да сме, ЕДНО СМЕ, ама сепак различни и поинакви од другите.

Текст : И.Демишоски ( Админ на Дубаи Портал).

 

 

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име