Расчистување и подготовка на Подгоречко поле за нова овогодинешна сеидба.

0

Веќе уште од пред една недела Подгорчани, т.е оние кои планираат како и минатите години, или пак о оние кои за прв пат се подготвуваат за сеидба односно засадување на пченка, компир, патлиџан или пак некаква друга култура, или пак  да си ја уредат својата нива-ливада, да биде чиста, веќе неколку денови искористтувајќи го убавото време кое владее во нашиов регион, пред се сонцето и пролетниот ветер, започнаа за расчистување на междите и околните места од трње, како и поскосување на остатоците (паперката) коај била оставена од минатата година без да се покоси, со што лесно би се запалила, бидејќи за жал истата која што може да се искористи како храна кај домашните животни, повеќе ретко да се собира и искористи како таква.

Од тие причини во овој период кој ние успеавме да го забележиме се покарактеристично беше присуството на наши жители во полето, кој со срп, гребало,вила, ножици или друг материјал носејќи го со себе го вршеа овогодинешно расчистување и подготовка за нова сеидба.

Се разбира се повеќе беше присутна и сликата од зачадени делови, односно делови од материјал кој се палеше, осносно одстрани непотребниот материјал (трње, и др.) како и поткастрување на околните дрвја, а за кои се смета дека ќе му сметаат на засадената култура.

Се разбира се поприсутно е и движењето на земјоделските машини, кои за почеток во овој период транспортираат ѓубриво (гној) кој наскоро пред самото орање треба да се распостира на површината на засадената култура.

Во разговор со надлежните органи кои ќе го спроведуваат планирањето и начинот на овогодинешната сеидба, од Водната Заедница – Подгорци, која стопанисува со оваа поле,  раководителот  на оваа организација г-дин Насер Реџоски не извести дека се е подготвено според план програмата за ова годинешна сеидба и се надеваат дека како и минатата година нема да има проблем околу текот на одвивање на истата, и наскоро жителите ќе бидат известувани за сите активности кои ќе бидат превземани од страна на оваа организација а се со цел да им се олесни на жителите на оваа населба во процесот на реализација на годинешнава сеидбена сезона.

Во прилог на овој пост ви прикажуваме неколку забележани фотографии од наша страна.

[Galleries 8 not found]

Дубаи Портал.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име