mitsibushi

Толку од Mitsubishi Lancer Evolution

Јапонските медиуми во изминатиот период се почесто ја пренесуваат веста дека компанијата Mitsubishi наскоро од пазарот засекогаш ќе повлече еден од своите најпрепознатливи модели.

Имено, медиумите во Јапонија ја пренесоа веста дека компанијата “Mitsubishi” кон крајот на оваа година засекогаш ќе го прекине производството на моделот “Lancer Evolution X”.

Изгледа дека оваа одлука е донесена поради се помалата побарувачка за моќниот автомобил, а ако се има во предвид фактот дека не се планира производство на “Evolution XI”, лесно е да се заклучи дека овој модел засекогаш ќе го напушти пазарот.

Оригиналниот “Lancer Evolution” се појави уште во 1992 година, а јапонскиот производител оттогаш на домашниот пазар продаде 92.000 примероци од овој автомобил, додека пак бројот на сопственици на ваков автомобил ширум светот изнесува 154.000.

Најновата верзија “Evo X” беше посебно издание лансирано за британскиот пазар и го носеше насловот “X FQ-440 MR”. Станува збор за автомобил опремен со дволитарски мотор со четири цилиндри од кои се развиваат 440 коњски сили.

Иако последните извештаи говорат дека нема план за производство на наследник на моделот, сепак треба да се потсетиме дека уште од минатиот ноември кружат гласини за хибридниот модел “Lancer Evolution”.

Секако, овој модел ќе биде во фаза на развој барем уште неколку години.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


9 + = seventeen