poplava-Balkan-300x199

Нешто е гнило на Балканот – Дек(A)шер колумна за в торба…

Дек(A)шер колумна за в торба

Јас (не)мислам така јас имам ст(р)ав

 Нешто е гнило на Балканот

poplava-Balkan-300x199

            Многу теоретичари на книжевноста велат дека Шекспир не постоел во стварноста, дека бил измислена личност или псевдоним. Како и да е, кој и да бил тој што ги напишал извонредните ремек дела како Мегбет, Хамлет, Ромео и Јулија заслужува секаков респект и салва. Макар тој да се вика(л) Шекспир. Она негово или хмлетовско “ Да се биде или не…“ е дилема од секогаш, за секогаш и за секого.

Но велат дека големите понекогаш ги прават и најголемите грешки. Шекспир не е никаков исклушок од тоа правило. Неговата,  хамлетовската “Нешто е гнило во државата Данска и безвезно“ е голема грешка. Не може од нешто гнило и безвезно да “изникне“ таква, не само Данска туку и цела Скандинавија која може да биде урнек и мустра за целиот Дуњалук како треба да се живее.

Не Вилијаме. Не во Данска. На Балканов нешто е гнило и безвезно. Гнили биле и кралевите и царевите, гнили биле(а и сега се гнили) политичарите, чест на малкуте исклучоци, гнил е и народот кој ги бира истите, гнила е дури и земјата што не држи. Белки затоа водата ја покрива а таа, земјата“голта“ се и сешто. Аллахова казна, опомена, приридна катастрофа, теорија на заговор или нешто трето? Што и да е во прашање “гнилоста“ излегува на површина.

Пред извесно време во Сома, град во западнаТурција се случи тешка рударска несреќа во која животот го загубија околу 300 рудари. Велат таа била една од најтешките рударски несреќи во Турција. Аллах да им додели Џеннет на загинатите рудари. Тоа е судбина на многу нивни колеги кои лебот го вадат копајќи јаглен длабоко во утробата за земјата. Но гнилото во овој случај се протестите на турските граѓани предизвикани од тој чин. Држи вода ако се протестирало против сопствениците на рудникот ако навистина се игнорирале сигурносните мерки и не се ивестирало во безбедноста заради поголем профит. Ни не држат вода протестите против премиерот Ердоган заради, како шти известуваа некои агенции, “нечувствителноста во неговата реакција по повод таа трагедија“, заради блиските односи со индустријалците. Не сакам да изигрувам адвокат на Ердоган и во начело не ја “мирисам“ власта која и да е. Но чувствителноста и солидарноста на Ердогат се “чита“ и од месечината.

рудари

Поплавите во Босна и Србија се нешто што предизвикува морници да те лазат и нешто од што косата на главата се дига, срцето застанува на момент а солзите не можат да се запрат. На почетокот симпатично делуваа написите по нет во кои по кој знае кој пат Бошњаците го покажаа својот шегаџиски дух, “обвинувајќи го“ познатиот Халид Бешлиќ како “виновник“ заради неговата песна Миљјацка во чиј рефреен се пее: “ Ко би реко чуда да се десе, да Миљјацка мостове однсе. Да не могу теби доќ, да не могу улицом ти проќ.“

Потоа ја осудија постапката на поранешниот четник и шешелев соработнок а сега премиер на Р. Србија Александар Вучиќ кој се дрзна со кондури да влезе во Бегова џамија не почитувајќи ги елементарните правила кои важат во такви прилики.  Да не знае човек што повеќе да осуди. Дрскоста на Вучиќ, неговото непознавање или непочитување на светоста на еден верски објект каков што е Беговата џамија или инфериорноста и комплексот на пониска вредност на неговите домаќини кои требале и морале, наместо да му постелат фолии, да го предупредат и да му ги кажат “адетите“ и бон-тонот при такви ситуации.

Најголемата згрозеност, индигнација и осуда предизвика една група средношколци од Лукавац кои подругливо се исмејувале со верата со нивното “клањање“ пред училиштето пропратено со смех и клоцање на “имамот“ кој го предводи “намзот“. Сето тоа снимено и објавено по социјалните мрежи како “херојство“ за пофалба. Добро вели една народна босанска. “Чега се паметан стиди будала се поноси“.

Сега кога се случија овие непогоди многумина ги сметаат за Божја казна, опомена и реакција. Некои сето тоа го поврзуваат со теориите на заговор. Не сум склон на такви толкувања особено не на оние за наводната Божја – Аллахова казна од неколку причини. Прво. Не можам да прифатам дека Аллах џ.ш. казни невини луѓе заради гревот на други. Тоа едноставно не е во духот на исламот. И второ. Заради едно предание кое се поврзува со смртта на пејкмберовиот син Ибрахим. Имено на денот кога била џеназата настапило помрачување на Сонцето и лековерните тогашни муслимани тоа го поврзувале со смртта на Ибрахим. Кога Муаммед а.с. ги чул тие гласини следната петочна проповед(хутбата) ја посветил на тоа со заклучок дека природните појави се Аллахова одредба и не зависат од човечките постапки, од ничиј живот или смрт.

Но она што се случи во Македонија сигурно не може да се смета за никаква природна појава ниту за елементарна непогода. Се случи убиство на едно младо момче кое наместо да се радува на животот по завршената матура, ќе биде испратено во вечниот дом. Причина ? Банална! Го бранел својот имот, велосипедот од несовесен крадец кој го убива. Чин од кој секој нормален човек треба да се згрози и да го осуди но и чин кој секоја нормална држава да го процесуира и казни злосторникот. Или поточно кажано, чин кој секоја држава треба да го превенира. Овде, не само што нема превенција на ваквите и слични појави, за жал има злоупотреба во политички и меѓуетнички судири. Особено ако жртвата и џелатот се од различна политичка, верска и етничка провиниенција. Ништо ново и невидено на Балканот.

Така кога станува збор за хуманитарните акции за Босна и Србија сведоци сме на некои најблаго речено националистички испади кои можат да стават црна дамака на хуманоста во целиот случај и да потикнат на меѓеутничка нетрпеливост и омраза. Но она што се случува во Македонија е мошне загрижувачко и заслужува особена осуда затоа што ваквите трагедии се “користат“ во распирување на националистички страсти со несогледиви последици и по и онака кревките меѓуетнички, меѓуверски односи. Дотолку повеќе што тоа се случува во континуитет веќе подолго време и почесто. Имено, ако некој припадник на “другите“ инаквите од нас направи некое гнасно дело какво што е убиството на младиот Ангел во овој случај, беснеењето по улиците и сквернавењето на дуќаните и продавниците на неговите сонародници не само што нема да го вратат Ангел и да ја ублажат болката на неговите најблиски туку можат да предизвикаат уште поголеми несреќи, гнев и порив за омраза. Со еден збор оган не се гаси со оган, и злото не се лечи со поголемо зло. Така треба да биде насекаде па и на Балканот и во Македонија. Но очигледно не е така затоа што навистина нешто е гнило на Балканот и безвезно.

Шериф  Ајрадиноски                                                                                                         Авторот е претседател на Румелија                                                                                Торбешки културно-научен центар  

 

 

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


four − 2 =

%d bloggers like this: