ferari

Се продава уникатниот Ferrari 458 Italia Niki Lauda

Тјунерската куќа Edo Competition го продава уникатниот Ferrari 458 Italia посветен на Ники Лауда. Единственото возило, креирано низ Tailor Made програмата, е претставено во ноември минатата година.

Козметичките измени се направени со помош на дизајнерите на Maranello Style центарот. Колор комбинацијата асоцира на „Формула 1“ болидите од 70-ите години на минатиот век, кога Ники Лауда возеше за „Ферари“.

Станува збор за дизајнерски и визуелно врвно среден модел, за кој Edo Competition побарува сума од 285.000 евра.

Ferrari 458 Italia Niki Lauda воопшто не е возен, на неговиот бројач на километри има многу нули напред и бројка 5 на крајот.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


4 + five =

%d bloggers like this: