шериф

Оф мори мајко мила, ке ќа бегаме ? -Дек(A)шер колумна за в торба

 Дек(A)шер колумна за в торба

 Јас (не)мислам така јас имам ст(р)ав

 Оф мори мајко мила, ке ќа бегаме ?

шериф  Почитувани читатели. Обилните дождови го одбележаа крајот на летото и почетокот на есента дваесетитан дена пред официјалниот, календарски премин. Кому му е гајле за календарот? Тој одамна не важи. Есента започнува со почетокот на учебната година, а таа започна со “превентива“ од жолтица. Гледавме на телевизија како малите првачиња ги учат да си ги мијат рачињата со сјај, сапун и други хигиенски препарати. Поголемо понижување-здравје!

Зошто? Прво, затоа што едно дете од шест години ако мајка му не го научила да си ги мие рацете до тогаш, тешко дека еден претставник од министерството за образование или локален референт или учителката ќе го стри тоа. Тука имаме заменување на улогите. И второ, Ако има опасност од жолтица и други заразни болести за децата од школските клупи(а има!!), тогаш таа треба да се бара во расипаните славини на чешмиите во училиштата, расипаните wc шолји кои одамна не виделе средство за хигиена и дезинфекција, во исклучената струја(заради неплатени сметки)поради мизерните дубиози на релација министерство за образование-локална самоуправа, немањето греење во зимскиот период и тн. Но одамна оваа наша држава- ’мајка’ ама полоша од најлошата маќеа- има мерак на реклами по медиумите. Затоа нејзините чиновници повеќе сакаат са се сликаат во улога на “ брижна мајка“ одошто да си ги вршат работите за кои се платени од нашите пари.

Ај што ги плаќаме нив, ама плаќаме и за нагледни средстава и за средства за хигиена и за поправка на инвентарот, дури и за креди и сунѓери плаќаме! А парите предвидени за тоа тие ги крадат. За џепарлак веројатно? Мали им се платите а тешка им е работата. Е, ама за ова никој не зобри на телевизија, на телевизија и по рекламите, скапо платени од Владата пак со наши пари, ги гледаме лицемерно насмеаните лица на чиновниците и сме убедени дека имаме безплатно образование. Сигурен сум дека ако децата го имаат сето тоа што чиновниците се должни да им го обезбедат не треба да и се покачува пред камерите како се мијат рачиња како превентива од жолтица и други заразни болести. Болестите се повеќе последица на незнаењето, немарноста и корупцијата на големите а незнаењето на малите. Ама кај нас се мисли и се прави поинаму. Да гледаш, да се чудиш, да не веруваш. Три дни далеку да бегаш…ама каде? Ке ќа бегаме?

“Луксузно право на “нашата вера“

Еден друг настан кој исто така е за чудење, за неверување и за бегање, се случи во Струга деновиве. Станува збор за Еден собир на Владеачката ВМРО насловен со звучно име “Академија на тема јавно говорење“ на кој учество зеле 25 млади “луѓе со муслиманска вероисповест кои говорат Македонски јазик од Дебарскиот, Тетовскиот, Прилепскиот, Рееканскиот и Струшкиот регион“ Поголемо понижување –здравје!

Зошто? Прво, затоа што според цитираното погоре станува збор за “луѓе од нашиот сој“ –како што милува(ше) да ги именува Торбешите- изчезнатиот и во оставка претседател на “обезглавената“ ПЕИ Фијат Цаноски. Луѓе од неговото блиско опкружување и надежни кадри во чие образование и самиот тој и партијата вложиле многу, а истите сега сакаат да му го ресат(избришат) и името, негово и на партијат а, Бога ми и на Торбешите, во столит на една стара торбешка клетва “името ти се ресило“!

Второ, понижувачки е заклучокот од таа академија кој по медимите го пренесе пратеничката Нола Исмајлоска.“Со тоа сакаме да покажеме дека нашата религија (подвлеченото е од авторот на оваа колумна-веројатно мисли на Исламот?) не е луксузно право! само на Албанците или Турците туку дека има и Македонци кои што се муслимани и дека и тие може, како што имаме веќе неколку представници во високите партиски тела на ВМРО но и во државните органи и тие исто така можат во иднина да бидат едни успешни представници..“ (Нелогичноста во реченицата е на тпј што ја кажал, авторот овде само ја цитира) и се прашува. Зарем има некоја будала која не знае дека “нашата“ религија не е екслузивно право (не луксузно!) на никого, ни на Арапите ни на Турците ни на Албанците! Дури ни Торбешите кои, за разлика од споменатите Албанци и Турци па и Арапи и др., во чии редови има припадници на други конфесии, немаат во своите редови припадник на друга конфесија освен иламот, немаат “лусузно“ право тоа да го кажат за “нашата“ религија! Никој нема ни “луксусно“ ни екслузивно право врз ниедна религија, најмалку врз Исламот кој е ем најстара ем најнова ем најуниверзална религија. Тоа се подразбира за тие што разбитаат.

Трето, “нашата“ религија, Исламот, покрај другото наредува намаз, рамазан и тн., а забранува алкохол, свињско месо и тн. Па сега колку е тоа “наша“ секој сам нека се погледне во огледало и нека си одговори, не мора јавно! Четврто, покрај другите пратеници дел од своите искуства на академијата споделил и пратеникот од Кичево Антонио Милошоски. И тој ли има “луксузно“ право на “нашата вера“? И тој ли е муслиман кој говори Македонски јазик? Ако е така, се е во ред и никој нема право да му забележи на тоаа. Негов избор. Но?

Но ако смета дека Торбешите или како што сега се наречени “муслимани кои говорат Македонски јазик“, многу често како “исламизирани Македонци“ а понекогаш како “Мекедонци со погрешна религија“, треба да се “прекалемат“ и да се “претворат од шипини во трендафили (да ја сменат “погрешната религија“ со “правилната“), како што сметал и насилно, со закана дека ќе ги заколи го сторил тоа некогашниот првенец од Галичник, ќајата-овчарот Томо, тогаш треба да се подзамислат најпрвин “академиците“ од таа академија во Струга, пратениците од ВМРО, “муслимани кои говорат Македонски јазик“, сите Торбеши и сите граѓани на оваа држава! Ова го велам имајќи го предвид еден негов напис од времето кога беше порт-парол во Владата на Љубчо Георгиевски, објавен во “Дневник“ од 02.II. 2002, со наслов “Не велете им Торбеши оти ни се браќа“ каде тој се воодушевува на насилното покрстување на муслиманите(Торбешите) од Галичник, како и тешките навреди врз новинарките од А1, не само врз нив ами и врз цела една популација чиј припадник е и газдата на А1, Велија Рамкоски, со “погрдните“ зборови: “Вие не сте Македонци, Вие сте предавници, Вие сте Торбеши“, изречени од делегати на Конгрес на ВМРО ! Тука беше ставен знак на еднаквост помеѓу поимот Торбеш и поимот предавник, а никој од ВМРО, ни Милошски ни председателот Груевски не најде за сходно ни да се огради ни да се извини а да не збориме за некаква политичка или кривична одговорност. Има тука и и петто и шесто и седмо…Има и за чудење и за неверување и за бегање, ама работата е, “оф мори мајко ке ќа бегаме“.                                                  

Одговорност во Македонија

Така ти е тоа во Македонија. Кривична одговорност има за тие кои со прст покажуваат на криминалот. Таков е случајот со судскиот процес “Груевски против Заев“, кој исто така започна деновиве и кој ќе биде и за чудење и за неверување и за бегање. Имено лидерот на Опозицијата Заев изнесе тешки обвинувања против лидерот на владеачката партија и на државата, премиерот Груевски, дека е учеесник во криминал тежок милион и пол евра во аферата “Продажба на Македонска банка“! Беа изнесени аудио снимки кои, барем според медиумите, со експертиза се покажало дека се автентични и дека гласот е на премиерот. Јавниот обвинител не покрена постапка, а премиерот покрена тужба за клевета, со барање одштета од пола милион евра. И така започна еден судски процес кој, сигурен сум, како што започна, ќе биде фарса. И смешна и жална и за чудење и за неверување. Дали е сето тоа вистина или не ќе мораме да го сочекаме епилогот. Но да се очекува од еден газда Нини, како еден од клучните играчи во аферата да признае дека е дел од тоа, тоа е голема наивност, да не кажам глупост, од адвокатите на Заев и од Заев лично. Таа наивност, да не кажам глупост на Заев, ќе се покаже ако навистина Ден Дочев е тој што му ги дал дискредитирачките материјали (а не грчките разузнавачки служби) а тој ете во првиот притисок го издал тој што сакал да му помогне и тн. Ќе има овде многу “но“ многу “ако“ и многу “тогаш“.

Но најважното од се, нешто кое според мене ќе биде занемарено е следното. Јавноста ќе се замајува со маратонски судења кои би завршиле со “компромис“ наречен “враќање на опозицијата во Парламентот“, како уцена кон лидерот Заев, ако евентуално го изгуби спорот а Груевски се претстави како великодушен победник кој го простува поразениот во стилот “ни лук јал ни лук мирисал“. А одговорноста и последиците ќе бидат занемарени! Јавноста во Република Македонија и институциите задолжени за тоа треба да побараат и да спроведат “паѓање глава од рамена“ на еден од нив двајца! Не мислам на буквално паѓање на главата, туку еден од нив двајцата да падне од лидерскиот пиедестал. Ако обвиненијата на Заев се покажат како точни, тогаш Груевски треба да падне лидерската позиција во ВМРО и од премиерското место, како криминалец, лажов и недостоен да води една партија, уште помалку една држава и да оди во затвор. И обратно, ако се покаже дека сето тоа е лага и клевета, тогаш Заев е тој кој треба да падне од лидерската позиција во СДСМ, како клеветник, лажов и недостоен да води една партија и утре можеби и држава ако победат на некои наредни избори и да оди во затвор. Ако тоа не се случи дури тогаш сите ние, граѓаните на Македонија ќе треба да се запрашаме во каква тоа држава живееме? Да констатираме дека тоа е криминална, корумпирана, мафијашка и банана држава и или сите, без ралика на политичка, етничка, религиозна и друга определба, да превземеме нешто или да го ставиме, не прстот, туку целата дланка на чело и да си речиме: “Оф мори мајко мила, ке ќа бегаме“!

 

Шериф Ајрадиноски                                                                                                                    Авторот е претседател на Румелија                                                                                Торбешки културно-научен центар




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


4 + = eleven

%d bloggers like this: