BREAKING NEWS
Search
невидлив

Невидлив бомбардер Ф-22 прв пат користен против борците на ИСИС (Видео)

„Невидливот“ ловец бомбардер Ф-22 – Раптор, најсофистицирано летало во воздухопловниот арсенал на САД , е користен за прв пат во борбата во воздушните напади  против борците на ИСИС во Сирија, соопшти денес Пентагон.

невидлив

 

Благодарение на слабите траги кои се прикажуваат на радарите Ф-22 може да изведе напади, а да не биде забележан, и во ноќните часови испалувал муниција наведувана од страна на ГПС систем, изјавил генералот Вилијам Мејвил, директор на операцијата на Заедничкиот штаб на новинарите во Пентагон.

Коалицијата предводена од САД утринава ги изврши првите воздушни напади на положбите на екстремистичката организација Исламска држава на северот и истокот на Сирија, а сириските власти истакнале дека ги подржуваат сите “ меѓународни напори“ во борбата против тероризмот.

Во тимот на нападите на САД учествуват и нејзините арапски сојузници- Бахреин, Катар,Саудиска Арабија, Јорда, и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Цел на нападите е и Фронт Ал-Нусра, сириски огранок на организацијата АЛ-Каида.

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


1 + one =

%d bloggers like this: