mreza

Друштвена мрежа која го “стресе” Фејсбук

На Интернет се прошири веста за новата друштвена мрежа Ello, за чие членување во моментов морате да имате покана, односно да побарате влез, или некој да ве повика.

Голем број на луѓе се обидуваат да се приклучат на оваа мрежа, а управата на страната на некое време мораше да го ограничи пристапот на нови членови.

Иако е непозната причината за изненадувачкиот раст на оваа друштвена мрежа, се претпоставува дека станува збор за назадоволните корисници на Фејсбук, кои новото „online“ засолниште го најдоа токму во Ello.

Голем број на луѓе е незадоволен од новата одлука на Фејсбук дека сите мораат да ги користат своите вистински имиња на своите профили, па тоа е можната причина затоа што луѓето масовно ја напуштаат најпопуларната друштвена мрежа на светот.

Ello особено ја сакаат припадниците на LGBT популацијата, затоа што на неа можат да се претстават како што сакаат.

Самата страна потсетува на мешавина на Twitter и Tumblr, со тоа има повеќе ограничени содржини.

Корисниците можат да поставуваат статуси, фотографии и коментари на постовите на своите пријатели. Тука и алатката за пребарување со која можат да ги пронајдат луѓето кои ги познаваат.

Основачите имаат долга листа на нови можности која опфаќа, вклучување на мобилни апликации и подобро подесување на приватноста.

Според најновите информации пристап на оваа друштвена мрежа бараат меѓу 4.000 и 30.000 корисници секој час. Постојат и оние корисници кои своите покани ги продавале на eBay.

Се уште е рано да се даваат прогнози дали Ello е нова голема работа на Интернет која ќе може да го загрози Фејсбук, но секако успеа барем некое време да го привлече вниманието на јавноста.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


seven − = 4