Европскиот Ford Mustang пристигна во Париз

Американската легенда Ford Mustang, која веќе половина век се продава од другата страна на океанот, пристигна во Европа.

Премиерата на моделот се одржа во Париз, а продажбата на Стариот континент ќе започне во почетокот на 2015 година.

Европскиот Mustang ќе се нуди во верзии купе и кабриолет, а изборот на мотори ќе биде помеѓу два бензински агрегата.

Послабиот е 2.3-литарски EcoBoost турбо кој генерира моќност од 314 КС и 434 Nm. Агрегатот е 4-цилиндричен и располага со систем за директно вбризгување на горивото.

Агрегатот може да биде во комбинација со рачна или автоматска трансмисија. Помоќниот мотор е V8 со зафатнина од 5.0 литри и моќност од 418 КС и 524 Nm.

Сите карактеристики на автомобилот се уште не се откриени, но од Ford сепак прецизираа дека моделот за Европа има нова суспензија, попрецизно и директно управување, моќни сопирачки и 19-инчни тркала.

Mustang ќе биде првиот модел на марката, кој во Европа ќе го понуди новиот инфо-забавен систем SYNC 2 со 8-инчен дисплеј и гласовни команди.

„Mustang нуди динамика, однесување и финеси од светска класа. Тој има половина век историја и статус на глобална икона. Сигурни сме дека европските клиенти го чекаат со нетрпение”, се вели во информацијата од компанијата.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


six × = 48

%d bloggers like this: