serif

Нашиот цар Самоил – 1000 години потоа – Дек(A)шер колумна за в торба

serif

Дек(A)шер колумна за в торба

Јас (не)мислам така јас имам ст(р)ав

Нашиот цар Самоил – 1000 години потоа

 

Почитувани деновиве зад нас, ова лето Господово 2014-то по Христа, или поточно 6. Октомври според Грегоријанскиот(Римо-католички) клалендар или Трет ден на Курбан или Хаџџ Бајрам, поточно 12. Зул-Хиџџе 1435 г. по Хиџретскиот(Арапско-муслимански) календар, се навршуваат илјада години од заминувањето од овој Свет (Дуњалук) на оној подобриот Свет(Ахирет) на еден од најголемите, најхрабрите, но во исто време и еден од најтрагичните и најнесреќни цареви во историјата на човештвото. Погодувате, станува збор за “нашиот и(ли) вашиот“,“македонскиот“, “бугарскиот“, Преспанскиот, Охридскиот, Југозападно-македонскиот, брсјачкиот, славјанскиот, богомилскиот, балканскиот цар Самоил. Царот кој се спротивставил на најмоќната веле-сила во тој период- Византија. Царот кој за многу кратко време својата Склавинија, за разлика од неговите предходници Хацон и Пребонд кои се обиделе да направат некаква државна формација на Словените, Склавините, Екславите или Саклаб-ите, тој не само што успеал во тоа туку таа своја државна формација наречена Склавинија ја проширил на поголемиот дел од Балканскиот полоустров. Неговата држава Склавинија се простирала на целата територија на деншна Макединија, Албанија и Црна Гора, на огромен дел на денешна Босна и Србија, како и на извесен, помал дел на Хрватска, Грција и Бугарија!

Таа средновековна државна формација или царство наречено Склавинија, а во историографијата погрешно именувано како Второ Бугарско царство или Македонско царство, иако траело нешто помалку од половина век, претставува една од најголемите државни формации на балканските Словени и другите етноси кои јазично, а најверојатно и религиски (преку богомилството), биле во симбиоза со нив, и царство кое оставило длабоки траги. Подоцна во историјата многу од тие траги се избришани и прикриени, видоизменети во зависност од идеологијата во даден историски период, особено во 18 и 19 век со појавата на националната идеја и национализмот кога на многу настани и личности од минатото му се припишуват национални белези и митолошки-лажни елементи. На Балканот такви примери има колку ти душа сака. Освен Александар тука се и крали Марко, Цар Лазар, Милош (К)Облиќ, Ѓорѓија Кастриот-Скендер бег и др. Ни Самоил не е исклучок од тоа, како што рекол Ренан, “…лажно прикажување на сопственото минато во процесот на создавање на нацијата“. Така денес, сведоци на такво кршење на копја од страна на бугарската и македонската истриографија околу карактерот на Самоиловото царство и „националната припадност“ на Самоил и неговото семејство. Тука некаде е и српската историографија која додуша не директно ама на еден суптилен начин, прикажувајќи го тоа царство како Царство на Македонските словени, го става во контекст со другите „српски средновековни земји“ заедно со Рашка, Зета, Дукља, Травунија, Паганија, Босна и тн., со што имплицитно говори за српскиот карактер на Македонија и Македонците.

Не навлегувајќи во деталите и аргументите наведени во огромниот обем на литература од таа област, само ќе напоменам дека да се бара „национален идентитет“ на некој кој живеел во Средниот век, еуфемично кажано, е како да се бара влакно во јајце! А тој што бара влакно во јајцето нема да ги забележи ни белката ни жолчката, главните состојки, кои ќе му изцурат пред очи и ќе остане само со „лепливи прсти“! Она што е неспорно и ноторен факт а занемарено во голема мера, тоа е фактот дека во Средниот век, освен племенската поврзаност меѓу луѓето постои само уште конфесионалната, религиската, верската поврзаност. Предходно секое племе со своите „пагански“ верувања, пдоцна групирање во поголемите религии и верувања со што се одредувал и идентитетот на заедниците групирани во племенски сојузи, народи, кралства, царства и тн. Така во тоа време имаме Византијци христијани, пагани и „еретици“(манихеи, новоцијани, масилијани, патарени, бабуни и тн., на Балканот сите тие попознати како богомили или торбеши), подоцна по шизмата(1054 г.) на Балканот имаме православни, католици и богомили, а уште подоцна, по падот на Византија, за време на Османската империја кога најголемиот дел на богомилите, заради големата блискост со исламските начела, го прифаќаат исламот, имаме три заедници-милети. Турк милет(муслимани), Урум или Грк милет (православни христијани) и Латин милет(католици. Никави нации, никакви националности, никакви бакрачи. Во таа смисла никакви Бугари, никакви Македонци!

А сведоци сме на долгогодишна историографска пресметка помеѓу учените луѓе од од двете страни. Секој со своите аргументи, полуаргументи дури и „научни“ лаги во врска со Самоил и Самоиловото царство-Склавинија на кои единствена цел е Самоил и неговата држава да се инкорпорираат во националните концепти на двете соврремени држави. Тука Бугарите се во извесна предност бидејќи тие, за разлика од Србите, малку по ачик и поексплицитно го нагласуваат бугарскиот карактер на Македонија и Македонците. Во прилог на тоа им служат и многу аргументи меѓу кои се распространетоста на Бугарското царсво на Балканот се до Јдранското море во тоа време, надгробната плоча од Герман и тн., но и бугарската „националната свест и определба“ на голем број македонски дејци од минатите два века. Според нив имаме знак на равенство помеѓу словенското и бугарското. Но да ги потсетиме Бугарите дека само неполни сто години пред тоа и бугарските дејци немале бугарска национална свест, односно имале „грчка“, односно свест за припадност кон „урум“- христијанки милет. За таа цел не треба да се пишуваат томови литература. Доволно е да се спомене Бугарскиот народен будител и духовник Пасиј Хилендарски, канонизиран за светец од Бугарската православна црква, кој во својата „Историја славеноноболгарскаја“ ќе извика: „ О, неразумен народе! Зашто се страмуваш да се наречеш Балгарин…“! Треба ли да се потсетиме дека овие зборови се кажани во 18 век, значи цели 8 века по Самоил?

Но исто така сведоци сме и на еден „молк“, апатија и незаинтересираност од страна на еден друг „неразумен народ“, да го употребан терминот на Хилендарски, или народи ако сакате. Народ на кого и сега во 21 век галиба му е потребен некој будител од типот на Пасиј. Тој народ или народи се денешните Бошњаци, Горани, Торбеши и Помаци кои се наследницци, или ако сакате остатоци од богомилите или филиза израсната на стеблото на богомилското и османско-исламското културно-историско наследство, за разлика од Грците, Србите, Македонците и Бугарите кои се фиданка на византиското и јудео-христијанското културно-историско наследство. Но тие бегаат, што велат рисјаните, како „ѓавол од темјан“ и од Самоил и од словенството и од богомилството и од средновековната „Босанска црква“- организација или заедица на богомилите кои бегајќи „главом без обзира“ од византиските, бугарските и српските кралеви, уточиште нашле во Босна на Бан Кулин. Во својата колеблива идентичност и непознавање на своите корени нив тоа им звучи некако „каурско“! Што рече еден мој пријател, Бошњак кој е етнолог и археолог: „Наши не воле да им се говори о богомилској Босанској цркви него само о Босанској џамији, а Албанцима не смета чак ни хришќански идентитет Ѓорѓа Кастриота и византиски, хришќански двоглави орао на њихову заставу“. Малку во шега и со извесна доза на цинизам му одговорив. – Е, па драги мој брате, зато је уважени бивши Реис-ул-улема а садашњи предсједник Свијетског Бошњачког Конгреса, др. Мустафа Цериќ поручио да „од Албанаца можемо учити како се воли нација…зато Албанци имају двије и по државе а Бошњаци ни једну јер и њихову Босну, веќи део узурпирали Срби а мањи дијеле са Хрватима“!

Од сите споменати припадници на тој богомилско-муслимански културно-историски круг, Бошњаците се најмногу организирани во секој поглед. Имале држава (и тоа богомилска) многу одамна, од Кулина Бана. Во времето на Османската Империја играле значајна улога во сите сфери на општеството, почнувајќи од “харемот“, женидбените и родбинските врски со султаните (Гази Хусреф бег-внук од ќерка на БајазитII, и прв братучед на Сулејман Величествениот, Мехмед паша Соколовиќ, зет за ќерка на Селим II, и тн.), преку културниот живот, книжевноста и науката па се до самиот врв на Портата на која и дале над 26 велики везири и тн. Сфет бег Башагиќ во книгата “Знаменити Бошњаци“, набројал биографии на околу 700 Бошњаци кои се истакнале во јавниот живот на Османската империја, додека Мехмед Ханџиќ споменува над 200 Бошњаци кои се истакнале на полето на науката. Можеби уште поилустративно за тоа говорат и зборовите на Јозеф фон Хамер кој рекол дека “Со Османското царство владееле Бошњаците“! Е, тие Бошњаци денес речиси не владеат ни со сопствената Босна! Притиснати од т.н. Меѓународна заедница од една, од своите и соседните Срби и Хрвати од друга страна и најмногу од сопствените немарности, политичката разединетост, јавашлук, и недостаток на чувство за сопствената историја, доживуваат таа да им се повторува, манифестирана преку десетина геноциди како оној во Сребреница. Ако со нив е таква состојбата, тогаш што да се каже за другите, Гораните, Торбешите, Помаците? Тие кутри сираци на Балканот, пусти ничиви, ресени и отпишани и од ќутуци и од тефтери, ни уставни ни рамковни, странци во сопствените држави и граѓани од трет ред, без граѓански права освен „правото“ да се определат како „Срби“, „Грци“, „Македонци“, „Бугари“, „Албанци“ или „Турци“, не знаат ни самите кои се и што се а камоли да знаат кој и што бил Самоил и Самоиловото царство.

А Самоиловото царство било царство во чија основа и идеолошка и верска и социјална и политичка, па дури (бидејќи чедата на Самоил биле богомили) , ако сакате, и семејна, било богомилството. Авторот на овие редови има нешто и пишувано(ако даде Господ и ќе пишува уште) и говорено на оваа тема во некои интервјуа, колумни, стати и излагања на симпозиуми и колку год некому тоа да му изгледа и смешно и лудо и неверојатно тоа е голема вистина. Во оваа прилика нема да пишувам детали за тоа, само ќе потсетам на некои факти, кои помалку се познати на пошироката јавност од проста причина што не се дел од “официјалната“ историја. Факти со кои сакам да ги потсетам сите оние кои ем го негираат постоењето на богомилите, ем ја премолчуваат или негираат поврзаностаа на истите(богомилите-Торбешите) со Самоил и неговото царство без да претендирам на негово присвојување!

Познтиот историчар и академик Драган Ташковски, еден од најпознатите експерти за богомилското движење во Македонија и пошироко, изричито тврди дека Самоиловата држава не била христијанска туку еретичка- што ќе реќе-богомилска! Еден друг, исто така познат историчар и експерт за богомилството Душко Константинов во книгата “Струга и Струшко“ во поглавието “Струшко од античките времиња до првите децении на XXвек“,пишува дека “во времето на Самоил богомилите биле во мнозинство и не биле прогонувани. Големо влошување настапило по воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Струга се нашла во границите на Охридската тема и била изложена на сурова феудална експлоатација“! Ееден бугарски автор, историчар и писател, Петар Јапов, во својата книга “Помаците- изстрадана историја“ меѓу другото ги пренесува белешките на еден голем Торбеш(Помак од Неврокоп) Рифат беј Османоглу-Неврокопски кој пишувал за ослепените војници на Самоил кои по тешкиот пораз и свирепата казна од страна на “Македонецот“ или “Балгароубиецот“ Василиј II,останале низ Неврокопскиот регион да го поминат остатокот од својот несреќен и тежок живот барајќи лек за “очите“во тамошните бањски води со кои изобилува тој регион. Исто како и нашиот крај(Дебарско). Во тие белешки Рифат беј споменува и жални песми кои се пееле во Неврокопско во спомен на тоа време и на тие настани. Тоа е денешниот град Гоце Делчев каде и покрај неколкуте големи егзодуси, иселувања и тн. “возродителен процес“-читај покрстување и побугарчување, се уште има огромен број Помаци. Да споменам само уште дека таму има едно село по име Дебрен. Сперед легендата потеклото на името Дебрен доаѓа од градот Дебар во Македонија. Легендата вели дека селото било основано од дебарски/дебрански трговци кои по опожарувањето на градот Дебар кога неселението се распрснало по различни краишта за да се спаси, тие, бидејќи често минувале по тој римски пат кон Цариград, знаеле за убавината и топлите минерални води на тој крај, се населиле тука и на населбата и го дале името Дебрен. Така пишува писателката и моја пријателка Атиџе Топчиева во нејзината книга “Дебрен-Историја и фолклорни традиции“, и додава: “Се претпоставува дека тие ја донеле и “черницата-капиново дрво“од нивниот крај каде имало многу такви дрвја“ и дека во регионот “черница“ имало само во атарот на селото Дебрен“! Станува збор за муренка, боболка, црница или дудинка (латински morus). Но она што е интересно во овој контекст е тоа што муренката била пренесена од Ерменија! Така барем пишува, тоа случајно го прочитав кога проверував за черницата/муренката, во википедија на Бугарски јазик. Коинциденција или нешто друго?! И потеклото на Самоил според мајка е од Ерменија како и павлиќаните, ерменските еретици, (предвесниците) на богомилите!

Да го споменам уште еден факт како мал куриозитет. Имено по смртта на Самоил не згаснало неговото царство туку продолжило да опстојува предводено од неговиот син Гаврило Радомир кој бил уверен богомил. Неговиот престол се наоѓал во месноста Дода Калеси, близу до селото Калис во Гора. Значи кај Торбешите! Ако на сето тоа се додаде богомилската врска и лоза од неговата ќерка Косара и зетот Јован Владимир, владетелот на Дукља, преку династијата Војислављевиќ кои се нивни потомци а претци на владетелите на Рашка, Немањиќ , па се до Бан Кулин чија што жеана Војслава, инаку сестра на жупанот на Рашка Стефан Немања, која е исто така богомилка, тогаш нештата ќе станат појасни!

Појасни или не, нејасни или не, нештата околу одбележувањето на илјада години од Поразот на Беласица (29-ти јули) и смртта на Самоил (6-ти октомври) 2014 год., поминаа и страмно и жално и јадно и бедно и недолично за еден великан од таков ранг. Независно дали бил наш, ваш, нивни или не знам чиј. Тек по некоја сувопарна трибина во Бугарија и Македија. Во неговиот Охрид само некаков излет на Калето во организација на градоначалникот Бакрачески, кој наликувал на излет во пририода на една паралелка првачиња. Што е страмно, ќе мора да признаете, нели?. Но она што е најстрамно и најпонижувачки и за Бугарите и за Македонците и за сите други е фактот што најзначајната манифестација во врска со илјадагодишнината од смртта на Самоил се одржува во Солун кај неговите најголеми душмани! А бугарскиот претседател Плевнелиев веројатно заради инат на Мекедонците, како и заради историскиот традиционален вазалски менталитет на Бугарите кон Византијците(Грците) во духот на неговиот дамнешен предец цар Бориз, ќе шрисуствува на „славјето“ на смртта на цар Самоил. Ех, тие балкански небулози, парадокси, апсурди! Уверен сум дека Самоил се превртува во гробот и дека, кога би можел да стане и да го види ова, на многумина би му ја отсекол главата за така, држејќи ја сопствената глава во раце, како Јован Владимир според грчките житија, да им дојде умот, а Бога ми, на многумина би ги ослепил, како Василиј неговите војници, за да можат да прогледаат појасно!

Шериф Ајрадиноски                                                                                                                    Авторот е претседател на Румелија                                                                                Торбешки културно-научен центар




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× 7 = thirty five

%d bloggers like this: