serif

Смрт на фашизмот-Да живее мултикултурализмот

serif

Дек(A)шер колумна за в торба

Јас (не)мислам така јас имам ст(р)ав

Смрт на фашизмот-Да живее мултикултурализмот

 

Почитивани читатели. Светот никогаш не бил поблиску до Трета светска војна“! Така барем тврдат многу аналитичари и воени експерти. Кризата во Украина и Крим и конфликтот на интересите на протестанско-католичките Америка и Западот vis-a-vis православно-ортодоксната Русија и Истокот, континуираните сунитско-шиитски судири во Сирија, Ирак и другите „муслимански земји“ и речиси седумдесет годишната окупација на Палестина од страна на ционистичките европски евреи(малото „е“ не е правописна грешка!-евреи е вера, не нација!) кеде се врши невиден терор и геноцид не само врз муслиманите ами и врз христијаните и другите Палестинци, според многу воени експерти се увертира, а некои сметаат дека тоа е почеток на Трета светска војна до која не смее да дојде.

Не смее затоа што, како што рекол еден умен и мудар евреин по име Ајнштајн, „ако има Трета свестка војна, четвртата ќе се води со копја и стрели“. Имајќи ги предвид количината на нуклеарно, биолошко и хемиско оружје, испреплетените нтереси на големите и богати сили, невидената омраза по разни основи, економски, хегемонистичко-империјалистички, идеолошки, политички и најмногу верски основи и отсуството на светски мудри и харизматични лидери од типот на еден Черчил, Рузвелт, Де гол, Сталин, Тито и други, кои во Втората светска војна ја создале големата антифашистичката антанта која ги спречила мрачните намери на Хитлер, секој со повеќе од два грама акал може да ја разбере пораката на Ајнштајн.

Не смее затоа што евентуалната Трета светска војна би личела на оние кафански тепачки од вестерн филмовите во кои една будала ја започнува тепачката а потоа секој се тепа со секого не знаејќи ни кого, ни зошто удира. Тоа би било лудило какво што не видел никој жив до сега. Лудило кое светот би го однело џенем во пеколот.

Не смее затоа што денешнава геоплитичка констелација на односите, која суштински во многу нешта се раликува од онаа во времето на Втората светска војна. Тешко можат да се профилираат две спротивставени страни какви што беа силите на оската и антифашистичката коалиција. Денес тешко може да се посочи кој е новиот Хитлер или Мусолини бидејќи ги има многу а кој новиот Черчил или Де Гол бидејќи таквите се малку или воопшто ги нема.

Но и покрај разликите на актуелната состојба во светот во однос на состојбите во периодот на двете светски војни кои со крв ја испишааа историјата на дваесетиот век, војни во кои животот го изгубија милиони луѓе, има една сличност која е заедничка. Тоа а економската криза. Експертите предупредуваат дека светот е веќе подолго време во сериозна економска криза или, како што ја нарекуваат тие, „голема рецесија“

Како последица на таквата рецесија, особено во земјите на Европската Унија, но и во САД и другите замји од северната хемисвера, енормно расте бројот на десно ориентирани граѓани и групации кои основаат десни, националистички и фашистички партии кои отворено заговараат, расна, национална и верска омраза. Од мотото на Француската ревоплуција „Liberté, Égalité, Fraternité“, малку или речиси ништо не останало. Франција е една од првите земји која благодарејќи на поранешниот десничарски претседател Саркози го напушта концептот на мултикултирализам. Истото се случува и со Англија чиј премиер Дејвид Камерун, во 2011 г. се приклучи и ја подржа констатацијата на канцеларката на Сојузна Репиблика Германија, Ангела Меркел дека мултикултурализмот е мтров!

Поимот мултикултурализмот е подложен на разни, често погрешни толкувања но, во основа и со едноставен речник кажано, тој подразбира постоење на мноштво различни култури. Различна боја на кожата, различна етничка припадност, различна јазична, идеолошка и религиска припадност. Во земјите на Европа живеат милиони луѓе кои се со црна или жолта боја на кожата, луѓе со различни религии, јазици, обичаи и адети. Милиони луѓе кои поинаку се облекуваат, поинаку се молат или се хранат поинаку од домашнота, мнозинска популација.

Е сега, ако Европа покрај гореспоменатото мото на Француската Револуција „Слобода, Еднаквост, Братство“, како темел на слободата и толеранцијата ги смета и правото на сопствен стил на облекување (хиџаб, кратко здолниште, високи подпетици, кафтан, кравата, фармерки, кратки панталони, џубе, шешир, шајкача или турбан), слободата на вероисповест(католичанство, протестанство, будизам, православије, ислам и(ли) други религии) и тн., тогаш не треба никому да пречат разликите. Треба да се почитува идивидуалното право на секој поединец-граѓанин сам да одлучува за тоа како ќе се облекува, што ќе конзумира од јадење и пиење, а од што ќе апстинира и, ако е верник и ги почитува ритуалите на својата вера, како и на кое божество ќе се моли. Но очигледно не е така.

Во Европа има двоен морал, два аршини, двојни стандарди. На пример ако некој уметник има брада, тоа е во ред. И треба да е така. Но ако некој муслиман има брада, тогаш тој е фундаменталист или терорист! Или, што е уште подрастично, ако низ авенија на некоја европска метропола помине некоја часна сестра, онака забулена во црна марама и долга мантија, спрема неа се изкажува почит. И тоа е во ред и исправно. Она што не е исправно и не е во ред е следното. Ако по истата авенија помине една муслиманка, речиси идентично облечена како часната сестра и од исти, верски причини, тогаш таа предизвикува страв, нетрпеливост, омраза кај просечниот европски граѓанин, или е предмет на исмејување, злоставување, дури и физички напади од страна на десно ориентираните европски граѓани. Вакви примери на нетолеранција има еден мал милион и не само кога се во прашање муслиманите и не само врз верска основа туку и врз расна национална и други основи. Европа и светот во последно време наликува на Германија од периодот пред Втората светска војна кога Хитлер заговараше доминација на една (ариевска) раса, а истребување на Ромите, Словените и евреите. Со таа разлика што сега улогата на Германија ја правзема една од најновите држави, Израел. Држава подигната врз темели на насилство, окупација и геноцид, а сегашниот „Хитлер“ олицетворен во премиерот на Израел, Нетанјаху манифестира доминација на семитскиот, еврејски народ а истребување на другиот дел на семитскиот народ, Палестинците, Арапите и муслиманите. Хитлер барем не дираше во најсветото! Во верските објекти! За разлика од Нетанјаху и Израелците кои имаат намера да го уништат еден од најсветите храмови на муслиманите, Месџид Ал Акаса! Парадоксално, но најгплемата жртва од Втората светска војна се претвара во најголем џелат пред Третата светска војна до која не смее да дојде! Затоа што во неа нема да има победници! Сите ќе бидат поразени!

А за да не дојде до неа светот мора да му се спротивстави и да му застане на патот на нетолеранцијата, национализмот и фашизмот а да го „оживее“ мултикултурализмот кој споменатите државници го прогласија за мртов, а да се каже „Смрт на Фашизмот“! Мултикултурализмот, толеранцијата, еднаквоста и слободата се единствениот излез од кризата и спас за човештвото. Ако некој мисли дека тоа е утопија, се лаже. Треба само добра волја, разбирање, взаемна почит и над се правда. Историјата знае за такви општества од кои треба да се земаат добрите урнеци. Го превземам ризикот да бидам прогласен за туркофил и(ли) боснофил, што и сум во извесна мера, па ќе ги спомнам Османска Турција и Босна како пример за толеранција, соживот и мултикултурализам. Првата во светски рамки, втората во Балкански. И едната и другата во Средниот век биле единствени земји каде не важи правилото „Cuius regio, illius religio- чија е земјата, негова е религијата, во кои заедно живееле припадници на повеќе вери. Ахднамата на Султан Мехмед Фатих и гаранцијата дадена на Цариградскиот патријарх. И денес седиштето на Патријаршијата се наоѓа во Истамбул. Во големото пространство на Османска Турција живееле над 80 етнички заедници од различни конфесии. Везири и големи везири, функција која била веднаш зад Султанот по хиерархија, имало повеќе од другите народи одколку од редовите на Турците. Дури и еден Иво Андриќ, ноторен османофоб и мрзител на се што е Османско и исламско, признава дека за успон и напредок на поединецот во Осмаската империја не морало да се биде од „плава крв“, како што било во тогашните држави и кралства во Европа, На просторите каде што предходно владеела Византија, повеќе православни цркви се изградени во турскиот период на владеење одошто во владеењето на теократска Византија, а често и самите султани донирале за изградба на истите. Османското царство им дало уточиште не само на муслиманите туку и на евреите кои биле протерани од шпанските инквизитори. Кога Османлиите заминуваа од одредени територии сите народи си останаа со своите јазици, школи и цркви. Што се однесува до Босна, не треба многу да се кажува. Босна од времето на Бан кулин е единствената земја во која непречено живееле едни покрај други припадници на многу етноси и конфесии. Таква била од искона, таква е и сега. Босна е Исток на Западот и Запад на Истокот. Босна е межда, куфија или, како што милува да каже академик проф. др.Ферид Мухиќ, Босна е мргињ кој го дели Истокот и Западот. За Босна може многу да се зборува кога е во прашање мултикултурализмот. Но да не должам. За крај ќе го парафразирам првиот претседател на самостојна и независна БиХ, рахметли Алија Изетбеговиќ, кој на новинарско прашање за еднаквоста и толеранцијата во Босна одговори: „Кај Вас на Запад се учи дека толернацијата, еднаквоста и слободата се придобивка на Француската Револуција. Кај нас во Босна е поинаку. Ние на мал простор во Сарајево имаме еден „четириаголник“. Стара православна црква, стара католичка катедрала, стара еврејска синагога и стара муслиманска Бегова џамија. Сите тие четири зданиа се постари од Француската револуција! Тие со векови опстојуваат едни покрај други и немо сведочат за заедничкиот (со)живот овде.“ Зар тоа не е доволен доказ дека во Босна имало и слобода и еднаквост и братство пред Француската Револуција? Има ли подобар пример за мултикултурализам?

Шериф Ајрадиноски                                                                                                                    Авторот е претседател на Румелија                                                                                Торбешки културно-научен центар

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


8 × = forty eight

%d bloggers like this: