Презентација на Торбешката заедница во (АОПЗ)

0
109

Партиципативниот форум при Агенцијата за Оставрување на Правата на Заедниците (АОПЗ) на 13.11.2014 во хотел Арка во Скопје го одржа последниот состанок за оваа година на тема: „Утврдување на степенот на имплементација
на правата на заедниците да учествуваат во културниот живот”.

Како што знаете, Торбешката заедница во (АОПЗ) е представувана од Румелија Торбешки културно научен центар, а во работата на Партиципативниот форум учествуваат Шериф Ајрадиноски како член и Белма Хаџикамбер како заменик член.

На тематскиот состанок, во делот на презентациите, претседателот на Румелија ги презентираше активностите на Румелија ТКНЦ.

Презентација

 Румелија Торбешки културно-научен

 1.Од програмската определба на Румелија ТКНЦ,

„Румелија е Здружение на Торбешите во Р. Македонија, пријателите на Торбешите и другите граѓани кои ја прифаќаат програмата и статутот на здружението.

Румелија ќе се занимава и со историјата, етногенезата, културата и битот на другите Јужнословенски муслимански заедници(Бошњаци, Горани, Помаци) со кои делиме иста социо-етно-генетска,провиниенција(Богомилството), исти географски простор (Балканот, Румелија), исти Јази(к)ци (Словенски), иста религија (Исламот), иста култура (доминантно османско-турска, за разлика од нашите соседи и сограѓани кои се дел од византиско-грчката култура), исти обичаи и адети исти фолклор, исти начин на облекување, на исхрана и т.н., со еден збор иста историска судбина.
Во таа смисла Румелија ќе припаѓа и на овие споменати зедници

2.Основачко Собрание на Румелија ТКНЦ

Основачкото Собрание на Румелија ТКНЦ се одржа на 21.05. 2010 г. во с. Подгорци, Струшко во присуство на над стотина, иницијатори, основачи, симпатизери и гости. Усвоени се:

-Програма на Здружението,

-Статут и симболот на здружението

– Избрани  телата и органите на здружението.

3.Прв Торбешки Форум. Хотел Дрим, Струга  08.01. 2011г.                                            

Промоција на Торбешка декларација од авторот  Шериф Ајрадиноски

Торбешка Повелба(заеднички политички документ на Румелија и Партијата за Европска иднина преку кој се бара влез на Торбешите во Преамбулата на Уставот на Р. Македонија изготвен од авторите :

Проф. др. Хасан Џило Мр. Сејадин Џафери и претседателот на Румелија, Шериф Ајрадиноски.

ТОРБЕШКА ПОВЕЛБА

  1. Тргнувајќи од дефиницијатазамалцинство прифатена во меѓународните институции, торбешката популација во Македонија ги исполнува сите предуслови за малцински статус, со сите права и обврски што произлегуваат од важечките релевантни правно политички акти вклучувајќи ги и важечките акти во Р. Македонија.
  2. Торбешката популација во Р. Македонија, според своите етнички, религиозни, јазични и културни карактеристики заслужува посебност и рамноправен статус со останатите етникуми во Р. Македонија.
  3. Торбешката популација во Р. Македонија, врз основа на фактичната состојба, поседува свој идентитет, што подразбира припадност на самите себе, и тој идентитет низ историјата, во повеќе фази низ кои минало населението на овие простори не претрпел дисконтинуитет низ историското траење: Торбешите постојано биле Торбеши било да се третирани како такви одвнатре, од самите нив, или однадвор од другите околу нив.
  4. Торбешката популација во Р. Македонија не ја поседува својата етничка матрица во другите етнички матрици, туку таа се наоѓа во нивната посебност, поинаквост или другост во однос на останатите. За ова не се потребни никакви посебни докази од веќе постоечките докази вкоренети во свеста и сензибилитетот на ова популација кои зборуваат сами по себе, и по што се препознава тој идентитет, актуелен, присутен и препознатлив токму преку горе споменатите карактеристики. Прашањето на идентитетот се бара во самиот актуалитет, во тоа прашање, а не се бара во минатото. Идентитетот е неразделив од човековата внатрешност. Секоја разделница испречена меѓу идентитетот и човекот е губење на самиот идентитет. За среќа Торбешката популација сеуште го задржала тој идентитет.
  5. Торбешката популација, без оглед на тоа како е нарекувана во определени политички амбиенти, таа сепак останала таква каква што е -Торбешка. Какви последици носела со себе присилната промена на тој сензибилитет врз самата таа популација ни зборуваат историските факти за кои сме сведоци.
  6. Со невклучувањето на оваа популација во преамбулата во Уставот на Р. Македонија е направена голема неправда спрема еден голем дел од населението кое бројчано е на трето место во Р. Македонија. Последиците од една таква политика диктирана од комунистичкиот режим доведе до проблемот на интегрирањето на Торбешите во општеството. Никој етникум не е во состојба да го интегрира другиот етникум бидејќи самиот збор идентитет значи да се биде свој и дека е тоа прашање на самиот тој етникум. Присилени од една ваква атмосфера Торбешите во Р. Македонија многу полесно се интегрираат во другите држави одколку во својата. Празнењето на цели торбешки населби од западниот дел на Р. Македонија е последица на тешкото интегрирање на оваа популација во структурите во државата. Немилосрдноста кон ова население особено е присутна кај политичките партии кои, поради ситни, дневно политички интереси ја злоупотребуваат оваа популација удирајќи по нејзиниот идентитет.
  7. Сметаме дека со внесувањето на Торбешите во преамбулата на Уставот на Р. Македонија ќе се исправи една голема неправда кон оваа популација и ќе се создадат основни претпоставки за наша интеграција во Р. Македонија која е единствена наша држава.

Демократијата и основните човекови права можат да бидат ставени на хартија а во пракса да ги нема, но никогаш нема да ги има во пракса ако не бидат запишани на хартија. Токму од тие причини бараме Торбешите да бидат запишани во Преамбулата на Уставот на Р. Македонија.

4.Од другите активности….

 Меѓународен симпозиум на тема “Афирмација на балканските идентитети и нивниот предизвик“, одржан на 14.04. 2011 во ФОН универзитет Ск. Со излагачите:

Проф. др Хасан Џило(Македонија)

Назиф Докле (Албанија)

Мр. Хусеин Мехмед (Бугарија)

Сулејман Аличковиќ(Санџаак, Србија)

Забележителни дискусии имаа повеќе учесници од кои би ги издвоил тие на проф.

др. Садик Идризи од Косово

проф. др. Ферид Мухиќ

проф. др. Рубин Земон

И поранешниот Реис ул улема(поглаварот на Исламската заедница во екс Југославија),

Хаџи Јакуб еф. Селимоски

5 . Тркалезна маса на тема “Торбешите во Македонија“, хотел Стон Бриџ, Скопје (28. 09. 2011)

на која, покрај тројцата пратеници-Торбеши од Партијата за Европска иднина

Рејхан Дурмиши

Мевмед Џемајлоски и претседателот

Фијат Цаноски учествуваа и

Проф. др Зунун Зунуни

Проф. др. Мерсел Билали

Проф. др Нано Ружин

Проф. др Назми Малиќи

Етнологот од Санџак, Сулејман Аличковиќ

Проф. др. Рубин Земон и

Проф. др. Хасан Џило  

7.Во рамките на Румелија неформално делува и Торбешкиот Младински Форум(ТМФ), предводен од Белма Хаџикамбер, која активно учествува на разни семинари и работилници организирани од младите во Македонија. Таа учествува и во работата на Партиципативниот Форум при АОПЗ како заменик член.

Од културните активности на Ремелија Торбешки културно-научен центар ( 2012- 2014)

  1.  Учество на Меѓународниот фестивал “Да играме и пееме заедно“ во Гармен, Р. Бугарија

2.Учество на Меѓународниот ден на планетата Земја

Брезница, Р. Бугарија.

3.Учество на Колонијата на народни ракотворби и народни носии, Битола 2013 во соработка со Астерион Глери од Битола.

4.Учество на манифестацијата “Македонија наш дом“, во организација на АОПЗ и ОБСЕ. Скопје 11.12.2013 г.

Училишна фолклорна група при О. У. Мурат Лабуништа од Лабуништа и солистката Руждија Фератоска.

Фолклорна група при КУД Радика од Дебар со точката: Торбешка свадба, ритуал: Бричење на зетот.

За крај би ги издвоил уште две активности на Румелија ТКНЦ од оваа година и тоа : Учеството на претседателот Шериф Ајрадиноски на меѓународниот симпозиум во Измир, Р. Турција, во организација на ПОДЕФ (Асоцијација на здруженијата на Помаците од Турција) со реферат на тема “Торбешите во Македонија-Потекло и етимологија на етнонимот Торбеш“.

И сосема за крај да ја споменам големата Хуманитарната акција за помош на настраданите од поплави региони во Босна и Херцеговина каде што Румелија Торбешки културно-научен центар во соработка со Месната самоуправа од Подгорци и другите торбешки населби, организираше хуманитарна акција прибирање и трнаспорт на хигиенски средства, разновидна конзервирана храна, флаширана вода и други производи.

 

                                Хотел Арка, Скопје                                                                                          
Тематски состанок на Партиципативниот Форум при АОПЗ
Агенцијата за Остварување на Правара на Заедниците

                           Презентер. Шериф Ајрадиноски, претседател на
                               Румелија-Торбешки културно-научен центар

 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here