навивачи освета

Србските навивачи најавија освета: Повик за прогон на муслиманите?!

 Srbijanski navijači najavili osvetu: Poziv na progon muslimana?!

Убиството на навивачот на Црвена Звезда, кое во петокот навечер се слули во Истанбул, Турција, би можело серозно да ги загрози Турците кои живеат во Србија, ама и сите други припадници од исламска вероисповест.

Портпаролот на министерството за внатрешни работи на Србија за Босанската новинска агенција Патриа ијавил дека полицијата не знае ништо за организираната освета аради смрт на србскиот навивач, меѓутоа и покрај тоа на социјалната мрежа Фејсбук хулиганите повикуваат на усбиства на турските државјани во Србија, прогонување на Бошњаците и палење на џамии.

Навивачот на кошаркарскиот клуб Црвена Звезда Марко Ивковиќ (25) починал во Истанбул  од последици на убоди со нож, откако на него насрнал навивач на противничкиот клуб Галатасарај (?). Неофицијалните извешати зборуваат дека Ивковиќ и неговата група не можеле да влезат во салата каде се одигрувал овој натпревар, после што започнале со разбивање на стаклата околу спортската сала.  За кратко се судриле со навивачи на Галатасарај при што бил употребен и нож, од кој едно младо момче почина.

Според последните ивештаи на медиите во Турција, најверојатно е дека до судири на навивачите на Црвена Звезда и Галатасарај, не дошло, туку се судриле србски и албански навивачи.

Претседателот на владата на Турција Ахмет Давутоглу вчера извршил телефонски разговор со претседателот на Владата на Србија Александар Вучиќ, во кој го изразил своето сочуство на српскиот премиер по повод убиството на Ивковиќ, и притоа најавил детална истрага заоколу целиот настан.

Србскиот конзул Зоран Марковиќ за агенцијата Бета претходно изјавил дека турските лекари се бореле “како лавови“ за животот на Ивковиќ.

Сепак сето тоа не било доволно за да се смират страстите и сопрат крвопролевањата.

На фејсбук е оснивана група “Марко Ивковиќ“ на која пишува “ Должни сте ни! Кога тие можат да убиваат наши навивачи, можеме и ние!“

На друга Фејсбук груупа “ Марко Ивковиќ-Почивај во мир“ за само 14 часа се приклучиле 4.000 корисници, од кои поголемиот број повикува на освета, убиства, палење и уривање на се што има врска со Турција и исламот.

Србските медии дознаваат дека е направен прелиминарен договор на навивачите на Црвена Звезда и Олимпијакос, да во последното коло на Евролигата, кое се игра на средината на декември заедно да се вратат во Турција и осветат Ивковиќ, пренесува НАП.

Во меѓувреме, денес во Белград зајакнато е присуството на специјалната полиција на улиците, заради тоа што се очекувале протести како во текот на денешниов ден.

Неколку стотици луѓе синоќа  протестирале пред Амбасадата на Турција во Белград, засега нема информации за тоа дали дошло до некакви инциденти.

Извор: bportal.ba




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


8 + seven =

%d bloggers like this: