serif

Вистината како навреда – Дек(A)шер колумна за в торба

serif

                                                            Дек(A)шер колумна за в торба

        Јас (не)мислам така јас имам ст(р)ав

Вистината како навреда

Кад истина говори и „богови“ ќуте,                                                                                                            а демони се разљуте“.

Оваа латинска мудрост најдобро ја опишува денешната(петок, 21.11. 2014.г.) состојба во Македонија, реакциите на една колумна на Реис-ул- улема на Р. Македонија,(Поглаварот на Исламската заедноца во Македонија), хаџи Сулејман еф. Реџепи, кој на мое, а верувам и на изненадување на многу Торбеши и други граѓани на Македонија, кажал (велам кажал бидејќи не сум ја прочитал интегрално неговата колумна во весникот на Албански јазик „Лајм“) една голема вистина. Кажал дека „Има Торбеши а не Македонци мулимани“. Не навлегувајќи во контекстот како и во причините за тоа негово тврдење, тоа е вистината! Голема вистина!

И пази Бога ти! Некој се нашол навреден! Ајде оној Исмаил Бојда од Сојузот на исламизираните Македонци. Тој секогаш се „навредува“ и се жали по медиумите кога некој ќе ги спомне Торбешите. Мерак има човекот да се појавува по медиумите со едни те исти мантри, како за него тоа Торбеши ти било навредливо.

Поемата на равметлија Саме Лиман- Жарновски, „Не викај те ме Торбеш“, е „свето штиво“, свето писмо за него. Затоа и не ме чуди тоа. Му се лутеше едно време на професорот Ферид Мухиќ, на претседателот на ПЕИ, Фијат Цаноски, мене ми се лутеше, а Бога ми и на Бранко Црвенкоски му се лутеше. Сме велеле Торбеши, а тој не припаѓал, не се пронаоѓал во тој за него пежоративен поим и дури се навредувал! Еве сега се лути и на реисот Реџепи. Но, на тие погревливите и жалоперните, сакам да им порачам нешто. Не се сакалдисвите и не жалете го многу. Не е навреден! Мора кутриот да глуми така. Тој е платен за да биде „навреден“, а и мераклија е да се појавува во јавноста. Ужива тој во тоа. Што ќе правеше само не знам, да не бевме ние Торбешите? Неговите „соплеменици“, Торбеши, од кои тој се откажал одамна. А знаете зошто? Ќеви кажам.

Имено, некаде во 70-тите години,тој се скарал со некој Ром на Бит пазар и го навредил со погрдниот збор „Циган“. Тој пак му возвратил: „Подобро Циган одколку Торбеш“! Тогаш Исмаил Бојда ја свртил страницата на неговата историја, престанал да бид Торбеш и постанал, да го цитирам реисот, “ in vitro” Македонец. Не знам колку е веродостојна оваа негова сторија, но самиот лично ја раскажува(л) по медиуми. А Бога ми тоа и во лице му го кажав на еден симпозиум во Институтот „Крсте Петков Мисирков“ и не ме демантира.

Невредени се нашле и регираа и пратениците од ВМРО, исто така Торбеши кои „еволуирале“ во Македонци. И нив ги разбирам. И тие мораат да реагираат а Бога ми и да се чувствуваат како Македонци. Нели ДПМНЕ е Демократска партија за македонско национално единство? Какви ДПМНЕ-овци би биле тие ако не се чувствуваат како Македонци?

Само ќе потсетам дека едно време, во девеесеттие години на минатиот век, многу поголем Македонец и македонски националист и поважна алка во синџирот на ВМРО беше др. Бранислав Синадиноски. Патем да спомнам дека тој е син на покојниот професор др. Јоаким Синадиноски, кој во една книга го објави неговиот научен труд, теренско истражување во Река, во кој децидно тврдеше дека Торбешите(тогаш официјално Муслимани со големо „М“) се посебен етникум во однос на Македонците. Таа книга беше забранета и изчезна! И тоа на барање на Нијазија Лиманоски и неговите „Културно научни манифестации на Македонците муслимани“. Тие тогаш од Јоаким, како и овие сега од Сулејман, се нашле навредени. Сега Синадиноски, како и многи други од заедницата “Шкрети“ (на Албански- Пусти) кои едно време се декларираа како Македонци, си се враќа кон своите албански корени и, не само што пријателува и се слика со Невзат Бејта и Али Ахмети, ами и пишува книги за ортодоксните Албанци во Македонија. Така и Торбешите кои од разни причини сакаат или мораат да се декларираат како Македонци, Албанци или нешто трето, кога- тогаш ќе го сторат истото.

Ова го споменувам колку да потсетам дека националниот или поточно, етничкиот идентите не се менува така лесно. Генетиката и генетскиот код се проклето неуништлива категорија и нејзиниот „повик“, кога тогаш ќе стане судбинско одлучувачки како “Повикот на дивината“ од истоимениот роман на Џек Лондон. Во прилог на сево ова ќе парафразирам едно мото на почитуваниот академик на БАНУ, проф. др. Ферид Мухиќ, кој вели дека не се менува идентитето со тоа што некој ќе ве стави во оваа или онаа графа на попис, или ако самите потполните некаков документ кеде што трба да го напишите вашиот,(не)вистински идентитет.

Го почитувам чувството како и правото, секој човек да си се определува како што сака. Со една напомена дека чувствата се сентиментална а не рационална категорија. Ако пак тоа е мотивирано од интерес, тогаш станува и утилитарна категорија. Ама љубовта од интерес не е вистинска љубов. Ова како препорака до сите вистински Македонци (истото може да важи и за Албанците), да не се радуваат на Торбешките натрапници кои „не љубе вас због бијелог врата, веќ вас љубе због ваших дуката“- како што вели една елегична севдалинка. И една препорака до вистинските Торбеши. “Тоа што виси, нека отпадне“.

И покрај се, иако не се согласувам, можам да ги разберам реакциите на споменативе. Ама не и реакцијата на претседателката на Комисијата за верски и религиозни пеашања Валентина Божиновска, која го обвини реисот Реџепи дека се огласил „небаре е претседател на политичка партија а не на Исламска Заедница“! Нејзе изгледа не и е јасно дека во исламот световното и сакралното, политиката и верата се неодвоиви. Еве да и објаснам, А за возврат би сакал таа да ни објасни нешто друго, небаре е претседател на некаква Асоцијација на пулмолози, а не на Комисија за верски прашања. Какви се тоа “духовни луѓе кои дишат на македонски“? Таа дама ако имаше барем малку познавање од религиите и ако имаше барем малку доблест, како навреда на речиси две милијадри муслимани во Светот и на речиси еден милион муслимани од Македонија (од чии што пари зема плата), требаше да го посочи оној несреќен случај од карневалот во Вевчани каде триметарскиот (in vitro) пенис „дефилираше “ во придружба на маскирани „муслиманки“, маскиран „оџа“ кој држи во раката импровизиран, лажен „Кур’ан“. Наместо да го стори тоа, како што го сторија поголемиот дел на самите Вевчанци, таа изјави дека за неа тоа било уметност и култура!

За крај, да кажам дека не се точни или делумно се точни изјавите на премиерот Никола Груевски, изкажани на “Сител“, дека „Македонците муслимани постоеле не само пред ВМРО-ДПМНЕ (што е точно) ами и пред историското ВМРО“,( што не е точно!) Да напоменам дека пимот “in vitro”, во буквален превод значи „во стакло, во епрувета“ , а во преносна смисла би значело нешто „вештачко“. Според тоа ако се каже “in vitro” нација, тоа е голема вистина бидејќи секоја нација,( а во таа смисла и Македонската и Албанската) е вештачка, или како што вели Бенедикт Андерсон, замислена заедница. Второ, не може во една нација( Македонската), да има и втора нација “Македонци муслимани“! Тое е мешање на вера и нација! Трето. Торбешите во историјата биле именувани како “торбеши“ (еден од синонимите за богомилите) во Византија, средновековна Бугарија и Средновековна Србија, како“ Турци“ (според милетскиот систем) во Османската империја, како “Балгари мухамедани“, “Срби мухамедани“ во новите држави Бугарија и Србија(19, 20 век.) , како Муслимани, во СФР Југославија и тн. Поимот “Македонци муслимани“ е замислен, не во епрувета ама во канцелариите на Централниот Комитет на Комунистичката Партија на Македонија, во 1970 г., кога Секретаријатот на ЦК на СКМ (Сојуз на Комунисти на Македонија), расправајќи за меѓунационалните односи и за националното прашање, се огласи со декларација во која се вели: „Муслиманите од словенско потекло со мајчин македонски јазик и други етно-социјални карактеристики, a кои живеат во С.Р. Македонија се Македонци“. Значи многу подоцна од Историското ВМРО кое својот “роденден“ го имаше во 1893 г.! Ако премиерот, или било кој друг сериозен политичар, аналитичар, историчар, социолог или етнолог, ми покаже докуммнет на кој пишува “Македонец муслиман“, а тој да е постар од 1893 г., азер сум, не само јавно да се извинам, туку и да се откажам од мојот Торбешки идентитет и да постанам Македонец мулиман.

Шериф Ајрадиноски

Авторот е претседател на

Румелија Торбешки Културно Научен Центар

.

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


5 + one =

%d bloggers like this: