Шериф

Вистински овчари и лажни интелектуалци – Дек(А)шер колумна за в торба

serif1

Дек(A)шер колумна за в торба

Јас (не)мислам така јас имам ст(р)ав

Вистински овчари и лажни интелектуалци

Почитувани. Еден од главните критериуми, индекси(показатели) на мудроста и интелегенцијата, па и образованоста ако сакате, на една единка или колкетив е способноста да се одвои битното од неботното. Судејќи според овој критериум, а имајќи предвид колкава прашина се дигна по објавувањето на колумната на реисот Реџепи, не е тешко да се констатира дека во Македонија мелку е присутен овој критериум и дека во Македонија има малку мудри и интелегентни луѓе. Прадоксално ама вистинито! Во Македонија никогаш немало повеќе образовани луѓе по глава на жител, ама покрај толку „образовани“ луѓе, интелектуалци ни за лек што вели народот, или да ги бараш со фенер по бел ден како што Диоген ги барал луѓето сред народот во Атина!

Ставам рака во оган и тврдам дека од сите оние кои дигнаа „кука и мотика“ против Реисот, малку од нив ја прочитале фамозната колумна. А од тие малку кои ја прочитале, уште помалку ја разбрале! Затоа што реисот во таа колумна, не само што споменува Кур’ански ајети и прави паралела помеѓу Сталиновата дефиниција за нацијата (една од најекспонираните на овие простори) и погледот на Лека Дукаѓини(еден од најистакнатите албански дејци воопшто), туку и дава теоретски расправи и дефиниции на некои еминентни научници како Имануел Кнат, Џон Стјуарт Мил, Карл Маркс, дури и на еден Ибн Халдун, исламски теоретичар, кого на Западот го сметаат за татко на современата социологигја. Најмал заеднички именител, или заклучок ако сакате, на овие теоретичари е дека „се на земјата е создадено, се создава и ќе се создава само од Севишниот Господ“!

Далеку од тоа, дека оваа колумна ја сметам за врв на мудроста интелегенцијата и образованоста, но секоја чест на авторот Реџепи! Може и да се полемизира со некои ставови на Реисот. Ама за тоа треба да се познаваат некои работи ако се сака да се полемизира со научни факти, аргументи и да се задржи дигнитетот, како на Реисот така и дигнитетот на сите тие кои дигнаа „кука и мотика“. Тоа кај нас го нема.

Судејќи по она што имавме можност да го слушаме и читаме, почнувајќи од оние највулгарни и примитивни коментари по социјалните мрежи, написите по пишаните медиуми, се до настапите на пратениците од ВМРО, вклучувајќи го и оној на премиерот Никола Груевски на Сител, се добива впечаток дека малку од нив слушнале за споманативе теоретичари, а не верувам дека прочитале нешто повеќе за нив и од нив.

Тоа што реисот, „ничим изазван“, како илустрација го зел примерот со Торбешите, една од најнегираните заедници „пуста и ничија“, без заштита од никаде од надвор и со многу одродници внатре во самата Торбешка популација, кои сакаат, мораат или имаат интерес да се чувствуваат пинаку од тоа што се, како и споменувањето на „тројството“ кај Албанците, според моето мислење има неколку позитивни ефекти. Прво, на површина исфрли едно големо непознавање на многу „учени незналици“ кои се кријат зад мотото “знаењето е сила –знаењето е моќ“, како и (не)оправданоста на проектот “екстерно тестирање“, за кое пишував пред извесно време, ама дефинитивно прв на тоа да се подвргне премиерот Никола Груевски, по него министерот за образование Абдулаќим Адеми и тн. Второ, со тоа се покажа дека огромен број Торбеши, а Бога ми и многу други кои реагираа. Покажаа дека не само што не слушнале за споменатите во колумната автори, туку дека единствена литература која ја прочитале е фамозната песна „Не викајте ме Торбеш“! Оваа колумна ги демаскира во стилот на онаа босанска народна „Не пада снијег да би прекрио бријег…“

И трето, можеби најважно е споменувањето на, како што ги нарече реисот „тајните фондови“ со кои се купуваат продадени души во редовите на Торбешите. Јвана тајна е дека дека во Реканскиот крај тоа се прави од порано, и се покажа како „успешен модел“ за фабрикување „Македонци муслимани“, а Бога ми и добро подмачкана гласачка машина. Истиот модел партнерот на Груевски(Ахмети) го прави во Струшки Дримкол. Еден куп млади „интелектуалци“ седат дома и единствено нешто со кое треба да ја оправдаат платата која ја земаат од џебот на сиромашните граѓани на Македонија, е да агитираат и да врбуваат гласачи. Во поново време, особено откако ДПА и Села на последните локални избори, како „шлепер жаба“ ги прегаизја и едните и другите, истиот „рекански модел“, ВМРО го применува кај Торбешите од Струшко. „Вработувајќи на ан гро“, прано-не прано. Тоа не е тајна, Струга е мала и се се знае.

Не знам колку тука има прекршување на законот, злоупотреба на службена должнос и овластување, како и основа за кривична одговорност? Тоа е работа на некои други институции и на опозиционите партии, вклучувајќи ја заспаната. летаргичната и нокаутирана ПЕИ. Но знам дека тоа не е патриотизам току партиотизам! Ако е тоа патриотизам, Боже чувај не од таквите патриоти! И уште нешто од морален и особено верски, муслимански аспект! Каде е нивното достоинство? Кеде е нивниот морал? Каде е нивната вера? Ако сега се под заштита на Груевски и(ли) Ахмети, кој ќе ги заштити пред Севишниот, Аллах џ.ш., од Оној кој знае се, и она што го правиме и го кажуваме јавно и она што го криеме во срцата наши. Нека ги прочитаат ајетите од Кур’ан, кои ги цитира реисот, ако не го разбрале другото.

Колку сиве овие валкани игри на политиката на ВМРО и ДУИ се нелогични и апсурдни и како бумеранг им се враќаат удирајќи ги по глава се гледа од реакциите на јавноста во врска со случајот „албански јазик во македонската црква“, инициран од Бранислав Синадиновски и Али Ахмети. Случај гој ги збуни речиси сите и сега испадна онаа народната за лудиот и збунетиот. Еден познат македонски новинар, Ицо Најдовски-Перин познат и по „братската љубов кон неговите „Македонци муслимани“ во врска со овој случај напиша: „… бегањето од сопствениот идентитет во сопствената држава и декларирање од Македонец во Албанец е уште една порака која треба да се разбери како опасна оти патот на Бранислав можно е да го прифатат поголем број на Македонци од западна Македонија заради физичка заштита и социјален опстанок. А некои ќе бидат и платени да прифаќаат албански идентитет“. Збунетиот Ицо го цитира и владиката од МПЦ, Тимотеј кој сето тоа го оквалификува како „екстра шовинистички и националистички проекти“. Е па драги мој Ицо и почитуван владика Тимотеј! И Торбешите во својата држава се принудени, а Бога ми, и платени, да прифаќаат и албански и македонски идентитет, ама Вие тоа го поздравувате или го премолчувате. Ве разбирам јас, велат „стап по туѓи газ не боли“.

Збунети се и моите лабуништани! И лути на Али Ахмети. И нив ги разбирам. Цело време се лажат самите а не лажат и нас другите дека марксистот-ленинистот Али Ахмети бил „голем муслиман“, а ние Торбешите сме биле „ќафири, каури, муртати“ и не знам какви уште не навредливи квалификации, само затоа што не сме го прифаќале Ѓорѓи Кастриот, „албанскиот муслимански идентитет“ и „фљамурот“ со двоглавиот орел (византиски и христијански симбол- кој го почитуваме како симбол на Албанците, но не и како нешто торбешко. Уште помалку како нешто муслиманско!) Тие сега му се лутат на братот Али Ахмети, дека ги изневерил и се збратимил со Синадиновски. Во знак на револт (пак погрешен и за секоја осуда) тие, односно директорот и некои други од училиштето Мурат Лабуништа решиле да го “очистат училиштето“ од вредната литература во библиотеката и да ги исфрлат сите книги кои не биле на Албански јазик! За вакво нешто во правна држава кривично се одговара! И уште нешто. При изборот на раководството на ДУИ за Струга, во Лабуништа биле правени невидени фалсификати, па поразените ги оквалификувале победниците како „овчарско крило“, наспроти нив, демек “интелектуалното крило“ И да се смееш и да плачеш! Ми падна на ум една мисла на рахметли Алија Изетбеговиќ. Кога некој сака да навреди друг човек па му вели „животно“! Не свесен дека со тоа ги навредува животните. Не знам дали тие се свесни колку ги навредуваат и интелектуалците, а Бога ми овчарите ! Оние вистински овчари. А такви имаше и во Подгорци и во Лабуништа, и ви тврдам дека беа чесни, умни, авторитетни луѓе кои, иако без некое формално образование, ама чесни, мудри, и почитувани од сите. И од Македонци и од Албанци и од Торбеши и од сите други. За разлика од овие денешниве „интелектуалци“, образовани токмаци, кабаци и дунстери, кои наместо со глава, срце и душа, „размислуваат“ со устата, стомакот и со газот! Наместо да влечат тие се влечени. Нив никој не ги почитува. Дури и тие пред кои се лигават како полжави.Тие служат како пачавра, која по употребата се фрла на буниште! На таквите вистински овчари (Ајдар од Подгорци, Осман, Дилавер од Лабуништа и др.) тие, лажните интелектуалци и овчари не се достојни ни вода да им носат. Затоа не навредувајте ги овчарите. Ќе ве стигне клетва!

             Шериф Ајрадиноски

              Авторот е претседател на

Румелија Торбешки културно -научен центар                    

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× 6 = eighteen

%d bloggers like this: