seko1

Перверзниот македонски шовинист со грчко име – Дек(A)шер колумна за в торба

seko

Дек(A)шер колумна за в торба

Јас (не)мислам така јас имам ст(р)ав

 Перверзниот македонски шовинист со грчко име

 Почитувани. Оваа колумна ја пишувам со мало задоцнување од неколку дена. Имав намера конечно да се одмориме малку и јас и вие од иритирачките теми поврзани со политиката и бурното, темно секојдневие во нашата земја и да напишам колумна која ќе ја третира културата и фолклорт. Но, „Не лези враже“! „Неко не да, јал Бог, јал ѓаво“, што би рекол Бранко Ќопиќ. Политиката не дава да се одмориме од неа. Нашиот народ вели: „Фатив арамија, јас го држам, тој не ме пушта“. Велам оправдано заради моите ангажмани овие денови на две полиња.

Првиот ангажман беше пишувањето на една статија за весникот „Гласот на Помаците“, кој на Тусрки јазик излегува во Истамбул. Темата беше положбата на балканските, румелиските муслимани, некогаш и сега, нивниот однос кон Османската империја и денешна Р. Турција, со посебен акцент на положбата на Торбешите. Актуелна тема околу која се дигна голема прашина по колумната на Реисот на Исламската заедница во Р Македонија, хаџи Сулејман еф. Реџепи. Статијата ја насловив „Торбешите во Македонија-опасност или жртва на асимилации“. Ќе имате можност интегрално да ја читате и на Дубаи порталот.

Вториот ангажман беше организација и подготовка во врска со мултикултурната манифестација „Македонија наш дом“. Манифестација која годинава се организира по втор пат под покровителство и финансиска подршка на ОБСЕ, а во организација на ОБСЕ и АОПЗ (Агенција за Остварување на Правата на Заедниците). Да напоменам дека станува збор за владина агенција која се занимава со правата на заедниците во Македонија во чии рамки работи Партиципативен форум во кој има претставници на здруженија и невладини организации од сите заедници во Македонија.

Румелија Торбешки Културно-научен центар, како претставник на Торбешите, е рамноправен субјект во тој форум претставуван од претседателот Шериф Ајрадиноски какао член и неформалниот лидер на ТМФ-Торбешки Младински Форум, Белма Хаџикамбер. Во таа смисла и ние како здружение, покрај другите претставници на заедниците, сме коорганизатори на оваа мултикултурна манифестација. Со посебна гордост сакам да истакнам дека минатата година ја имавме таа чест ние Торбешите претставувани од малата Руждија Фератоска придружувана од девојчиња, сите облечени во прекрасна торбешка носија од Дримкол(Лабуништа и Подгорци), како и КУД Радика од Дебар кои го изведоа ритуалот Бричење зат на Торбешка свадба од Реканскиот крај. Кој како сака нека мисли, фактот дека ние Торбешите ја отворивме оваа значајна мултикултурна манифестација која, се надевам, долго ќе опстои како таква, останува засекогаш забележан во аналите на овој културенн настан, ноторен факт кој ќе ги демантира сите негатори на нашата, торбешка посебност.

Оваа година, торбешкиот богат фолкор имаше чест да го презентира перспективниот и се попопуларен интерпретатор Фуат Исакоски од Подгорци со неговиот оркестар. Тој во салата на театарот Комедија (поранешен МНТ) брилијантно ги отпеа песните „Заспала мома преспала“, „Си заљуби Џева“ и „Лична Садифе“, за што беше награден со громогласни аплаузи од елитната публика во чии редови имаше лица од политичкит живот, неколку амбасадори на странски земји и претставници на Мисијата на ОБСЕ, на чело со Неговата Екселенција, амбасадорот Ralf Breth.

Прекрасна глетка и празник за ушу и очи. Не само за Торбешите. За сите граѓани на Македонија, без разлика на етничка, конфесионална, јазична или друга припадност. Македонци, Албанци, Торбеши, Власи, Турци, Срби, Бошњаци, Египќани, Роми, Црногорци, Хрвати, Руси и тн., нека ми биде простено ако некоја заедница ја заборавив. Колорит од различни луѓе, носии, адети, инструменти, песни, игри, јазици, вери, етноси, заедници и тн. Различни камчиња во еден мозаик наречен Македонија.Тоа е вистинската слика за Македонија, онаква како што ја создал Бог.

Овие зборови, во неврзан разговор му ги кажав на еден од моите пријатели од ОБСЕ, напоменувајќи дека сите активисти од малцинските заедници работат со ентузијазам, волонтерски, без никаква надохнада и без финансиска подршка од Владата. Иронично се насмевна, додавајќи дека ова е добра реклама за сликата на Македонија во светот, подобра од оние скапи спотови на Милчо Манчевски на CNN. Како добар познавател на торбешкото прашање, се интересираше и за актуелните проблеми и големата прашина која се дигна по онаа фамозна колумна на реисот Реџепи… По краткото муабетење, пак со насмевка во знак на согласување, барем јас така ја разбрав според климањето со главата, кога му направив паралела помеѓу здружението „Румелија Торбешки Културно-научен центар“, кое за неполни пет години има еден куп активности, внатре и дадвор од државата, а од државата не добило ниту скршен денар и здружението „Светски Македонски Конгрес“ на Тодор Петров, кое нама толку активности иако е пет пати постаро и е на „државни јасли“, ја прифати мојата констатација дека Македонија ги подржува и финансира оние кои работат во корист на нејзината штета.

Несомнено таква организација е Светскиот Македонски Конгрес, здружение на граѓани со звучно, за македонско уво име, на чело со еден исфрустриран човек по име Тодор Петров. Перверзен националист и шовинист, контрадикторен во секој поглед, човек од кој Македонија трпи многу штети. Својата политичка кариера ја започна на граничниот премин Богородица, организирајќи анттигрчки блокади на автопатот. Покасно стана пратеник кој Собранието кое го тормозеше со глупави и неприфатливи амандмани, за после како социјален случај да биде „вработуван“ како „помошник на заменикот“ или „заменик на помошникот“ во некои од скпоските општини или како советник. Бог да чува од неговите совети! Во меѓувреме во својата политичка кариера запишал дека бил директор во некаква занаетчиска задруга во Гевгелија, во весникот „Македонско Сонце“, претседател на некоја Македонска партија (се сеќава ли некој на неа?) и тн. Дури и претседателски кандидат на ВМРО во 2009 г. !!! Господ не благословил што не го добил дуелот со Ѓорѓе Иванов! Замислете кај ќе ни беше крајот, со него на чело на државата? Тој и вака успева да не раскара и со Грци и со Бугари и со Срби, Албанци, и со Турција и со Европа, Америка.

Каде се неговите контрадикции, кавгаџиски, шамата менталитет и перверзниот шовинизам? Човекот камен на камен нема ставено во својот живот, ништо корисно не сработил ни за себе ни за семејството(кое го нема) ни за општеството ни за државата. Цел живот се шлепа и живее на туѓа леѓа, најчесто на државната. Човекот се самопрокламира како македински револуционер и националист, а носи грчко име (Теодор) и бугарско презиме(Петров), кое пак е изведена презименска форма од еврејското име Петар. „Загрижен“ за „белата чума“(слабиот наталитет) во неговата заедница, заговара многудетност во македонските семјства, а самиот не создал свое семејство! Добар урнек, аферим! Не е муслиман а се поставува во улога на душегрижник, тутор и активист на тн. „Македонци муслимани“ или „исламизирани Македонци“! Ако елбети тајно не се исламизирал и тој? Дури едно време кога, по смртта на Нијази Лиманоски, неговата „Културно-научна манифестација на Македонците муслимани“ се расформира, а од неа се изродија СМИР и ЗМИР (Сојуз- Здружение на „Македонците со исламска религија), два субјекти со дијаметрални спротивни и непомирливи ставови, тој успеа да ги седне на маса Исмаил Бојда (неговата верна сенка и слеп послушник и, мислам дека другиот беше Абдула Оџоски или Џеват Ѓулиоски) и да ги обедини –да потпишат меморандум за обединување. Веројатно тоа е единствениот негов политички успех!. Случајно или не, симболика или нешто друго? Средбата била во манастирот Свети Наум! Галиба за да им ги освежи сеќавањата за нивната „прадедовска вера“? Невидена перверзија!

Истоит тој перверзен шовинист, деновиве се огласи со колумна во која се нафрла врз Поглаварот на Исламската заедница во Македонија, реисот Реџепи. Колумна во која најчест збор е „перверзија“! Држете го копилево да се карам со ороспијана! Тој зборува за перверзија! Изнесените ставови таму се толку конфузни, исполнети со говор на омраза и не издржани, што не заслужуваат внимание и евентуална полемика. Но сакам да кажам само неколку збора во врска со тоа. Не знам дали е свесен, тој лично и неговите налогодавачи, подржувачи и истомисленици, дека токму со ваквиот начин водата ја тера на „воденицата“ на тие што најмногу ги напаѓа? Свесен ли е за тежината и одговорноста, еден поглавар на муслиманите ( а тоа е речиси половина од вкупното население во Македонија), да го нарече „сатана“ и да констатира дека тие муслимани ги води еден „Иблис(Ѓавол) во името на Реис Ул Улема, хаџи Сулејмна ефенди Реџепи! Тој ги повикува „науката и власта“ да не останат неми на овие, како што вели „ѓаволштини на еден реис“! Наместо полемика, јас го повикувам Јавниот обвинител да покрене кривична постапка против овој перверзен националистички и верски шовинист, за ширење на расна, националистичка и пред се верска омраза, бидејќи навредата на институцијата реис е навреда на сите муслимани, сметајќи ги и неговите „исламизирани Македонци!

Шериф Ајрадиноски                                                                                                                    Авторот е претседател на Румелија                                                                                                Торбешки културно-научен центар

 

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


nine − = 6

%d bloggers like this: