seko1

Крупните звезди на Реал Мадрид и ситните души на ВМРО-ДПМНЕ – Мини колумна

seko

Мини колумна

Јас (не)мислам така, јас имам ст(р)ав

 Крупните звезди на Реал Мадрид и ситните души на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани. Утрово (Петок,19.12.) припремајќи се за петочната молитва, Џума намз и пиејќи го утринското кафе, по навика отворам нет за да видам што има ново по весниците и порталите. Првото нешто што ми падна во очи беше насловот на Порталот „Доказ“!„Шокантно: Еве како се канат Македонците со “погрешна“ вероисповед на комитска вечер“. Натака се вели: „ДПМНЕ со пратениците Алим Билали, Нола Исмајловска и Фатмир Имеровски, заедно со Градоначалникот на Маврово-Ростуша Мукрем Мехмеди, кој е од редовите на владеачката ДПМНЕ ги покануваат Македонците со “погрешна” вероисповед, Торбешите, Албанците, Турците на комитска вечер со КРСТ.“
„Овој преседан на владеачката ДПМНЕ, е многу невкусен, не етички, нехуман. Дали пратениците и градоначалникот на Маврово-Ростуша, ќе реагираат за да ги заштитат своите гласачи и сограѓани? Зарем луѓето пак ќе бидат уценети да присуствуваат на нешто што не по нивна вина не им припаѓа?“

komitska vecer

Морам да признам, малку ме изнасмеа коментрот но и ме инспирира да размислам и тоа мое размислување да го споделам со вас почитувани читатели.

Велат постојат две врсти на луѓе. Едни влечат едни се влечени. Мислам дека сите споменати пратеници од ДПМНЕ како и градоначалникот Мехмеди спаѓаат во категоријата на влечените. Не верувам дека некој од нив,( а да не го заборавам и “вечниот“ пратеник од Турците, гостиварецот Хасип(и), на кого често комитите му ја пеат „Земјо турско ропска Македонијо“ и „Го фатиле клети Турци…“), ќе реагира на овој, како што вели „Доказ“„многу невкусен, не етички, нехуман“ преседан на ДПМНЕ. Но дека има нешто труло и гнило, има. И погрешно. Но да се разбереме, погрешното(со или без наводници) најмалку треба да го бараме во исламската религина, последната од Божјите(објавени) религи! Погрешни се луѓето, не религиите! Овие луѓе, не само споменативе(т.н. македонци), менувале и имиња и презимиња и партска припадност, и етничка и национална и мн други нешта менувале. Само да се на власт или во милост на власта! Ќе го сменат и Никола и ДПМНЕ кога ќе падне од власт, како што ги сменија и другите негови предходници. Од исламот немаат ни „И“(барем тие што јас ги познавам –а многу од нив, или нивните родители добро ги познавам). Чест на некои исклучоци ако ги има? Тие, не само што нема да реагираат на крстот туку може да се случи, онака „за инает“ на реисот Реџепи-поглаварот на Исламската заедница, и да го бацат крстот и да се заколнат пред него. Онака, по комитски адет! Зошто тоа би било (што би рекла пратеничката Исмајлоска) „луксузно право“ само на вистинските комити? Дури на менито можно е да им се најде вино и по некоја капка жесток алкохол за аперитив. Може и и свинско месо да се најде! За инает човек и три кила сол јаде!

Шегата на страна, ова многу „кажува“! И за овие „јадници“, но повеќе за ситните души од врвот на ДПМНЕ која сака да се претстави како граѓанска партија која веќе девет години е апсолутен владетел на „секуларна“ Р. Македонија, но тешко може да се ослободи од симболиката и идеологијата на историското ВМРО кое токму под тие симболи пред крајот на 19 тиот и почетокот на 20-тиот век вршело терор(колење, убивање, прогон и егзодус)над Тирците, Албанците, Торбешите, па ако сакате и на „Македонците со погрешна вероисповед! Ако имаат малку доблест треба да внимаваат на чувствата оние инаквите. Не заради споменативе во „Доказ“ (тие како кнедла ќе го голтнат тоа), заради другите граѓани, заради нив самите, зараади проевропската демократија и заради мултикултурната, мултиетничката и мултиконфасионалната Македонија најмногу. Ќе посочам еден обратен случај, како тоа го прават големите.

Имено, Шпанија е земја која во минатото извршила еден од најголемите прогони и етничко и верско чистење од муслиманите и евреите пред неколку векови со инквизицијата наречена реконквиста под покровителство на католичкиот крал Фердинанд и кралицата Изабела! Но денес најпознатиот Шпански, Европски и Светски фидбалски клуб- кралскиот Реал Мадрид во знак на почит кон своите големи звазди како Зинедин Зидан, Месуд Озил, Сами Кедира, Карим Бензема и др. Направи еден голем гест. Го смени симболот на кралскиот клуб со тоа што го отстрани крстот од стариот клупски грб.

real

Така прават големите и крупните. Од почит кон другите, поинаквите од себе. Затоа се високо на небото. А другите, ситните души, признаваат само една вера-својата, едни симболи-своите! Затоа остануваат ниско, долу на земјата, длабоко во калта!

автор

Dubai-portal.com.mk

 

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


seven + = 15

%d bloggers like this: