Кога надворешен човек ( од некоја си друга планета ), па еве и од најблиска земја од оваа наша земјина топка случајно во изминативе неколку седум –осум дена, би се нашол во овие наши Македонски средини веднаш би почувствувал дека ја згрешил годината односно дека наместо 2014/15год дека се нашол во некоја праисториска година, кога се користело кандилото, газието и свеќата, а ќе се разликуваме само со употребата на модерната технологија на агрегатите. За жал во овој век, за кој не сакам да кажам и кој век е , бидејќи ми е срам, нашата ни жална држава која ниту ич не се грижи за своите сограѓани, не сака да го стегне облавникот околу овие безобразни продавачи на услуги и примитивизам “ЕВН“, и заедно си го тераат својот кејф и покрај нездоволството од ваквиот начин на третирање на одредени населби од нашава ни Македонија,притоа грижејќи се само за својата метропола Скопје. Ова ме потсетува на онаа што пред неколку месеци наназад (само во овој во друг контекст) го изјави еден мој пријател во парламентот “ Како Скопје да е цела Македонија“, а за другите како ќе им биде пишано. И изгледа дека е така. Ама, нејсе наскоро ќе имаме и ваква наша тема околу начинот на третирање на одредени населби –градови во Македонија (мајка-маќеа)

Ама, ние сепак да си продолжиме со она што минативе денови не пристискаше и ни тежеше благодарение на некои кои не вратија во времето на нашите дедовци и прадедовци.

Сакам навистина да кажам дека многу ми е тешко. Наместо овие зимски денови да си ги поминам со моите најблиски роднини, печалбари, пријатели , да ги посетам (зијаретам) и да си продолжам со редовните активности кои му требаат и на секој еден човек, јас како и моите сограѓани се разправаме, мачиме кој каде да набави свеќа, газие, бензин за агрегат, каде да го наполнам мобилниот телефон, па дури и нашите печалбари да седоведат во состојба да се двоумат што во овие кратки денови, и подобро да не дојделе во оваа наша држава (земја).

Е… господа од ЕВН…

Благодарение на вашата“услуга“ не почувствувавме ништо освен мирисот на свеќите кои горат, бензинот , газието, и брчењето, и се разбира глувонемата темнина околу сите нас.

Што да се прави за жал во оваа наше оштество сеуште како доказ се појавува примитивизмот, непровесионалноста кај одредени компании кои освен својот профит не гладаат ништо друго, а кога ќе стане збор за нивните “ услуги“ кои треба да ги озвозможат односно за она што им се плаќа , нив едноставоно им паѓа перде пред очите кога ќе настанат вакви состојби и не гледаат ништо, а на повидок ќе излезе само нивната неспособност.

Е, тоа перде треба да се оперира, во овој случај се разбира не треба хирург, туку народ кој треба да го одстрани тоа перде или пак дополнително да му ги острани и оние други делови со кои дополнително ќе го затемни и нивниот вид и протераат во неке си далечно минато каде што раководните лица на ваквите “компании“ ќе мешаат казан со восок.

Во нашов Македонски модерен век, народот е тој кој скалпелот ( сметката) ја има во своите раце и со него може да го одстрани гнојот од нашево општество, а и секаде каде што има и вавки паразити

Сме закаснале со една смета, па веднаш како егзекутори ете ги на вашиот саат (броило) како се закануваат и мафтаат дека ќе ви ја прекината струјата. ( каков безозбразулк).

Па добро бе “господа од ЕВН“ кој моментално ќе одговара за ваквата состојба?

За да бидете поубедливи , барем излажете преку вашите телефонски секретарки дека низ овие делови на нашава земја, поминало некакво си Американското Торнадо “ Катрина“ па ги урнало вашите далеководи, бандери и се што наликува на некаква си инфраструктура…

Ама по се изгледа вистината излезе на виделина, тоа не била Катрина, туку прднало некое праисторско “магаре“ наследен од претходните раководства кои управувале со ваквите “компании“ и ги урнал сите ваши далеководи, жици и она што претходно некој го оставил пред вас и така останало (инфраструктура).. а како што е тргнато само се остава.. а не се надоградува..а народот ограбува.

Се разбира повеќето од она што денес го користиме е она што претходно било оставено од нашиот ни рахметли (покоен) Тито, па сега едно ставате , за две се фалите, а сто крадете. Еве како како Вие велите,“ треба да се пријави кржаба“.

И јас пријавувам кражба, ама кој ме слуша..

Зарем оваа не е кражба што го правите наредниве денови, Вашето оправдување дека настанале дефекти е точно, ама тоа е резултат на вашето “не“ професионално и неспособно работење.

Бидејќи јас ги плаќам вашите “услуги“,исто како и сите наши сограѓани, ич не ме интересира што ќе приклучам, дали, два, три бојлери, греалки или шт уште НЕ!. Плаќам и сакам да си ја добијам својата услуга, а за ваквиот Ваш примитивизам и арамилок, и неспособност НЕ !., А, ако пак не сте способни тогаш како што вели еден наш македонски артисти : Да одите во три….???

Воопшто не сакам ниту да замислам доколку се појави, недај боже или не погоди некакови си барем приближно некакво Торнадо како Катрина во Америка, е тогаш не знам каде ке ни биде крајот, ама е едно е сигурно дека со ваквите “компании“ ќе бидеме на дното на темнината.

Колку за потсетување, пред речиси една година во Словенија која беше зафатена со невреме, тамошните професионални компании кои си ја знаат својата работа, веднаш набавија соодветни агрегати или какви се уште уреди кои мислеа, и ја покажаа нивната професионална намена, така да додека ги санираа 9поправаа) деловите од дефектите , тамошните жители беа снабдувани со енергија, и тоа е тоа, луѓето си плаќаат, и ја имаат и добиваат услугата за која плаќаат.Ама нејсе ова е нормално и се случува во нормални земји и менаџирањето во нормалните компании, за жал кај нас НЕ !

И за крај……!!!

Господа од ЕВН, кој ќе плати за сите овие денови поминати во мрак и примитивизам, која ќе плати за фирмите, продавниците, како и штетите кои настанаат и дополнително ќе настанат кај нашите сограѓани ?

Имајте малку доблест барем со едно кратко извинување, барем малку да ја оправдате вашата неспособност, а не да се оправдувате со некое невреме (прдеж) кое ги урнало вашите далеководи, бандери, жици, па дури и опасноста кон секој еден граѓанин.

Доколки не ви текнува, како да го направите тоа, барем на кратко на вашите идни сметки напишете едно СЕ ИЗВИНУВАМЕ, ништо повеќе, човечки е ние да ви опростиме, иако вашето не се опростува..

 Админ на Дубаи Портал (кој заради вашата не професионалсност и безобразност, не можеше да си ја извршува својата професионална работ во интернет информирањето, ама нејсе што да се прави живееме во “нашата“ Македонија и со вакви ќе си тргаме маки и што уште не.. а до кога, само еден господ знајт).

 И за крај, после 7 -8 дена повторно се вративме во цивилизацијата… НИ ДОЈДЕ СТРУЈАТА, а до кога ќе трае ваквата состојба само еден господ знае, и иншала повеќе да не дочекаме ваква состојба , ама со ваквите, знајте дека секој момент и ден се наоѓаме во неизвесност, дека секое трепнување на сијалцата веднаш нашиот  поглед ќе  го насочи кон свеќата, ламбата, агрегатот.. или нешто друго што при рака ќе ни ја донесе светлината .

НЕ ДАЈ ГОСПОДЕ !!

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име