Меѓународниот аеродром во ДУБАИ победник за 2014 година

0
83

Меѓународниот аеродром во Дубаи е прогласен за најпрометен во 2014 година, се наведува во извештајот на Меѓународното собрание на аеродроми.

Низ Dubai International Airport во минатите 12 месеци поминале 68,9 милиони патници, со што го престигна лондонскиот Heathrow, кој беше лидер во 2013 година.

Heathrow, каде во минатата  2013 година поминаа 67,8 милиони , стана втор најпосетен аеродром во светот.

Меѓународниот аеродром во Хонг Конг Chek Lap Kok оствари промет од 61,8 милиони патници и тој е најпрометен во Азија, а трет е најпосетен во светот во 2014 година, се додава во извештајот.

После Хонг Конг следуваат Парискиот аеродром Charles de Gaulle, потоа Schipo во Амстердам, Сингапур Changi, Франкфурт во Германија, Меѓународниот аеродром Incheon во Јужна Кореја, Тајланд Suvarnabhumi и Истанбулскиот аеродром Ататурк.

Меѓународниот аеродром Ататурк од 11 место во 2013 година се искаќи на 10 место, остварувајќи промет за 11% поголем од минатата година.

 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here