( Видео) Забележано од акцијата за расчистување на населба Подгорци од паднатиот снег,

0

Имајќи го во предвид снежното невреме кое во претходните денови ја зафати населба Подгорци, како и одредени делови од нашава општина Струга, на 30.12.2014 година, од страна на жители на населба Подгорци, на претходна организација на Месна Самоуправа Подгорви, се организира заедничка активност (кулук) за расчистување на патиштата во населба и надвор од населба Подгорци од надојдениот (паднат) снег.

Во оваа активност, која како таква беше сватена сериозна и на некој начини активност од заеднички инерес за доброто на населба Подгорци, учествуваа голем број на жители на оваа населба.

Имајќи ја во предвид бројноста на сите оние кои учествуваа и овозможија патиштата во населба Подгорци да бидат слободни за движење и комуникација, Месна Самоуправ Подгорци им се заблагодарува на сите граѓани кои пројавија желба да учествуваат и помогнат во реализацијата на оваа активност, која е од заеднички карактер-интерес на сите жители на оваа населба.

А, ние почитувани членови и посетители на Дубаи Портал Ви го прикажуваме забележаното видео од оваа активност во која уште еднаш сите наши граѓани, како и повеќе пати покажаа солидарност и се разбира заедништво кога станува збор за населба Подгорци.

Па, заради тоа и Дубаи Портал им се заблагодарува на сите оние кои учествуваа во оваа акција, посебно на сите печалбари кои еве за кратко и покрај нивниот планиран одмор одвоија време да им помогнат на своите.

Dubai-portal.com.mk

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име