seko1

Јас не сум Шарли.. Јас сум неродено а убиено бебе – Дек(A)шер колумна за в торба

seko

Пишува:Шериф Ајрадиноски

 Дек(A)шер колумна за в торба

Јас (не)мислам така јас имам ст(р)ав

Јас не сум Шарли.. Јас сум неродено а убиено бебе

Почитувани читатели. Колку у да звучи недемократски, нелиберално, неевропски и не знам уште како не.. Колку и да звучи еретички, ќе се обидам преку оваа колумна на глас да размислувам и дакажам ачик, отворено и гласно: Je ne suis pas Charlie. Јас не сум Шарли! Боже ме сочувај! Mais je ne suis pas un “Jihadist”! Не сум ни „џихадист“! Kолку тоа некуму да му звучи (не)муслимански. Јас сум обиченимуслиман, но и европјанин. Колку тоа пак некому, на некои тапоглавци, да им звучи парадокслано, неможно и нелогично. Добро знам што е „Шарли“, ама не знам што е тоа „џихадист“.

Иако не го знам точното значење(бидејќи го нема!) на оваа ступидна, неточна тенденциозна и злонамерна кованица со која „модерните“, „цивилизираните“ и „демократските“ европски (не)познавачи на исламот(а Бога ми и со христијанството не се на „ти“!), на една арапкса имeнка, глагол, или глаголска именка „џихад“ (да се вложи напор, борба на Аллаховиот-добар-пат, vis-avis сатанскиот-лош пат) се обидуваат да му залепат една гнасна, терористичка и милитаристичка придавка(света војна!), една „опашка“ како јадица, мамка на која, за жал, се фаќаат, не само христијаните и припадниците на други конфесии, не само разните „борци за човекови права“ и другите неуки (а Бога ми и некои учени глупаци) туку и огромен број на муслимани. И учени и неуки.

Затоа ја ставам во наводници и велам дека ништо не значи. Ама звони. Не значи затоа што е погрешна и неточна. А звони затоа што со таа цел ја измислиле непријателите на исламот и муслиманите. Ама голем број на муслимани се фатиле на таа подла јадица, на таа неприродна и лингвистички неодржлива фолоскула. Сакам, во границите на моите скромни можности (не сум ни теолог ни ориенталист) да им „плеснам во лице“ на сите оние кои се фаќаат на таа јадица и особено на оние европски и белосветски владетели кои лицемерно дефилираа по улиците на Париз(чест на исклучоците) со транспарентот „Je suis Charlie”. А тоа да биде во духот на еден хадис на последниот Божји пратеник Мухаммед а.с., кој на прашањето: Кој е најголемиот џихад?, одговорил : „Најголемиот џихад е на владетелот да му кажеш во очи дека не е во право, ако сметаш дека не е во право“.

Не сте во право господо владетели! Зошто? Затоа што, ако Вие сте Шарли, тогаш сте дел, или можеби инспиратори, потикнувачи, подржувачи, и финасиери на еден магазин кој „шири неред по земјата“, исмејува навередува се и сешто. Не само континуираното гнасно навредување на исламот и Божјиот пратеник и веровесник, Мукаммед а.с., туку и на христијанството и на веровесникот, доносителот на Радосната вест, Евангелието, Исус (Христос), Иса а.с.

Магазин кој исмејува и навредува многу други конфесии и народи. Да не ги набројувам. Единствен исклучок се само еврејските ционисти и најголемиот терорист по Втората светска војна –Израел! Зарем не Ви е тоа господо, еуфемично кажано, барем малку чудно и симтоматично? Дури имавме можност да прочитаме дека некој од уредниците на „Шарли“ бил отпуштен заради некакво исмејување на евреите! Доследна недоследност. Пази Бога ти, тоа било антисемитизам. Се друго било слобода на изразување. Особено навредите кон Исус, Иса а.с. и Мухаммед а.с. преку кои се навредува повеќе од пловина популација на Земјата. Тука има една сличност помеѓу „шарл-листите“ и „џихад-истите. Недопирливоста на ционистичките евреи и ционистичкиот Израел- Палестина.

Исто како и нивните смртни непријатели од „Шарли“ и „џихадистите“, кои следбениците на Исус неправедно ги сметаат за „ќафири“ (неверници), не смеат да писнат против ционистите и Израел. Една друга карикатура добро ги исмеја, покажувајќи им го нивното право лице, кога „храбро„ извикуваа „џихад“ за Ирак и Сирија, ама понизно и клекнати се молеа „Аллах, помогни и на Палестина“! Исус и Мухаммед, христијаните и муслиманите, можат да бидат и исмејувани и навредувани! Тоа е или „џихад“, за едните, или „слобода на изразуванње“ за другите.! Сиктер бре, едепсузи. Исти сте и вие и тие. Приципот е ист, се друго се нијански, што би рекол Ѓоле Балашевиќ.

Оваа валкана игра која некои сруктури добро ја режираат личи на познатата шпанска борба со бикови наречена„ корида“, каде „слободоумните“ новинари на Шарли се тореадорот(тореро) кој провокативно фучи и мафта со црваната марама, а тие тн. „џихадисти“ се разјарениот бик, кој до смрт се бори со тореадорот. Не знаејќи заошто! Кога бикот ќе биде убиен публиката со силни аплаузи го поздравува тоа. Но кога бикот ќе го убие торерото? Тогаш кутриот но неразумен бик се обвинува за зверство и пак бидува убиен.

Добро рекол еден мудрец. „Кога човек ќе убие тигар, тоа се вика лов. Кога тигарот ќе убие човек, тоа се вика зверство“! Но исто така добро во една своја колумна, рече и една колумнистка, муслиманка по име Merjem El Hadž Ahmad. „Не кривете го животното кое ја лапнало мамката која вие сте му ја наместиле“!!!. За жал муслиманите многу често се фаќаат на тие мамки и се претвараат, или или во разјаарени бикови, заради чии (не)дела треба да се страми и извинува цалиот уммет, сите муслимани, или во кротки јагниња кои треба да биддат „колатерална штета“ на валканите игри на тие што ги прават тие мамки.

Без намера да навредам некого и без никаква лицемрна намера, сакам да го изразам моето сочувство кон жртвите од двете старни на овој безумент акт. Но со една забелешка. Дека ниту едните се херои и поборници за слобода на изразување, ниту другите се херои и бранители на ликот и делото на последниот Божји пратеник Мухаммед а.с. кој не е само „пророк“ на муслиманите, туку е “пратен како милст на Световите“. Така барем ни вели Кур’нот!А така ни вели и Исус, Иса а.с. кој исто така не е само пророк на христијаните, ниту Бог, туку доносител на Радосна вест (Евангелие), во во кое тој го најавува доаѓањето Ахмед (славен) Мухаммед. (Евенгелие по Јован. Поглевие 16, 7-13.) И уште нешто. Ајде другите лидери на маршот некако можам да ги „сварам“, ама некој да ми каже дека еден Саркози, оној од Египет, чии раце со до лакти со крв, некои владетели кои на душа носат милони жртви на нивните политики, се миротворци ! Е,тоа не можам да го „сварам“ и од тоа ми се повраќа! Особено кога го гледам оној сатрап, Нетанијаху, како дефилира на маршот, не можам да го прифатам. Тоа му доаѓа како Џек Трбосек да дефлира на марш за слобода права на жените! Сигурен сум дека тој длабоко во душата ги трие валакните и крвави раце и е задоволен од сиве овие крвави пресметки.

Се на се, кога ќе се направи есапот, целта е постигната. Зголемен е, и онака големиот јаз помеѓу најголемите две конфесии во светот, христијанството и исламот. Кому да му се објасни сега дека разликата помеѓу овие две конфесии е како „внатрешна лушпа од кромид“- да го парафразирам абисинскиот христијански вледетел, Негус, кому, како што кажува преданието, дури и самиот Мухаммед а.с. му клањал џеназе намаз, во знак на благодарност што ги спасил муслиманите мухаџири од смртната казна на меканските мушрици (Мухаммедовите а.с. роднини). На голема врата пак влегува ступидната и подзаборавена теза на Хантингтон за „судирот на цивилизациите“. Се отвора една можност за војна против муслиманите покриена под маската „војна против тероризмот“, во која жртви нема да бидат само тн. „џихадисти“, туку невините муслимани низ целиот свет, особено западниот. Дури и оние неродените се осудени да страдаат, како што се случи деновиве во Париз. Убиено четиримесечно, зачнато но неродено бебе во утробата на својата мајка!!! Тоа не го правеле ни најголемите нацисти и фашисти на Хитлер, Мусолини. Папен и Франко. За него нема реакции ниту маршеви! Веројатно затоа што нема кој да плати? Е, па драги мои лицемрни владетели, председатели, премиери, минстри, драги мои миротворци, борци за човекови права и слободи, демократи, либерали и други. Прогласете ме слободно и за „џухадист“ ако сакате, ама јас ќе ви ја плеснам вистината во очи и ќе ви кажам дека не сте во право и имате двојни аршини и двојни стандарди. Јас не сум Шарли, јас сум она уште неродено, а во смрт пратено бебе! На Судниот ден ќе полагаат сметка и тие од Шарли и тие „џухадистите“ и Вие и јас и целото човештво. Не и тоа ангелче, мелекче и шехидче кое наместо да биде прашано, тоа ќе праша: Заради каква вина, уште не дојдено на овој свет-Дуња, некој го убил. Имете ли одговор, ако Вие бидете прашани? Уверен сум дека во тој страшен миг ќе посакате на вашите гради, наместо „јас сум Шарли да стои транспарент на кој пишува: Јас не сум Шарли, јас сум неродено а убиено бебе!

автор

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


eight + 4 =

%d bloggers like this: