По, се што ни се случи и случува, изгледа како зимата да не “изненади“ во Декември. Кој можеше да очекува дека во Декември ќе ни пристигне снег. Вака мислам дека размислуваа и се надеваа оние од ЕВН и оние од Македонија пат, а се разбира да не ги заборавиме и нашите Општински власти, Комунални претпријатиа и др..

Како и да е енергетскиот мрак кој со својата неспособност ни го објави “нашата ни“ ЕВН,  мрак  со кој се соочивме пред неколку недели наназад и се вративме во времето на свеќите, кандилата и газието..

Ама нејсе, тоа време замина и кај некои повеќе или кај некои помалку остави привремени или трајни последици (штети) . Е сега дали господата од ЕВН тоа ќе го надокнадат останува да се види, а и навистина да ви кажаме ич не ми е на ум дека  ја имаат таа храброст да рошнат во нивниот финансиски џеб и да го вратат арамот. Едоставно луѓето “ЕВН“  нудат услуги какви и колку што сакаат и кога сакаат, а вие ќе мора да платите за ваквите услуги, зошто може да се случи мракот пак да ви падне пред очи.

И вака денес во ова современо време на безаконие, “нашата ни ЕВН “ го предупредува ( им се заканува) на оние кои му касираат секој месец. Се разбира треба да се плаќа, ама во нашиов случај за што да се плаќа ?

 

Ама, како и да е тоа помина, меѓутоа за жал она што првиот бран на зимата ни го остави, сеуште го чувствуваме. Мислам дека повеќето веќе знаат и без да прочитаат надолу дека станува збор за она што сеуште ги мачи населените места, овиие нашите Подгорци, Лабуништа, Октиси..

И покрај она што Општината  (не) го превзеде, повеќето граѓани мораа да се организираат во групи и рачно да го чистат патот, од снег и веќе формираниот мраз кој секојдневно не потсетува на оние кои земаат за да го очистат..

Тие што го имале тендерот за да го расчистат навреме снегот, за жал само парадирале низ локалните патишта, демек еве го чистиме патот и се ќе биде проодно како што треба. И навистина, парадата на “тендер фирмите“ помина и низ Лабуништа и низ Подгорци.

И наместо да да го направат онаа за што замаат пари, тие направија како што вели една поговорка “ еден аир, а триста зијани“, а тие зијани мораше народот да ги покрива со својот труд, време, нервоза и што уште не.

Ако денес сеуште имате можност да прошетате низ некои делови на нашите населби, ќе забележите дека модерниот “Хокеј на мраз“ ни станал сеуште присутен. Оние кои за тоа земаат пари ич не ги интересира. Ама нејсе прашајте ги оние кои секодјевно мора да одат на работа или по било каква обврска, а бидејќи никогаш не сме биле на лигазње на мраз,  се плашиме да`н не видит некој кога со нашиот заден дел ќе го бакниме замрзнатото тло, или пак при паѓањето да мислиме како да се пречекаме дали на раце, на глава, или на плешти..и уште полошо да`н не видит некој дека сме паднале, зошто тоа повеќе ќе не боли.

Сето ова горе беше напишано во малку поинаква форма, ама еве накратко веднаш да преминеме на инаквата форма на пишување.

Сеуште во Подгорци, Лабуништа и Октиси, според информациите на нашите читатели има патишта кај кои доминира кора од неколку сантиметри мраз, и никој воопшто не се грижи за таквата состојба. Овде повеќе се потенцира за оние Комуналните препријатија  и организации кои стопаснисуваат  во нашиве населби.

Да тргнеме по ред. Во Лабуништа стопанисува ЈКП “Хигиена“ а улиците се онакви какви што се , а тоа најдобро го знаат нашите Лабуништани. Па во разговор со нас, нашите сограѓани се жалат на тоа дека можеле барем да фрлат некое кесе со сол, за да попушти мразот, и потоа да се очисти и олесни движењето.

“Ама зошто да се фрлаат пари на патиштата, нека луѓето гледаат подобро каде одат, треба да се штеди,“ вака размислуваат тие кои треба да се грижат барем малку за состојбата на локалните патишта, а за какво “штедење“ се мисли тие си знаат, ама мисла дека станува збор за “штедење во сопствен џеб“ ни изјави наш сограѓанин од Лабуништа.

Ништо не е подобра ни состојбата во Подгорци, можеби малку поблага,ама не толку бидејќи овие од Месната Самоуправа на почетокот се истрчаа како маратонци ( се очисти снегот, се фрлија две -три кесиња сол, и тоа е тоа) другото понатаму си тече стихијно,иако знаат дека одредени делови ( а тие знаат кои) не се проодни и се проблематични, оставени се времето само да ги збрише(очисти), или од некаде  да падне (од небо) некое си кесе сол  и така нашиот непријател (мраз) да го снема.

Како и да е реалноста е таква каква што е. Сите оние што земаа тендери, и пари за одржување на патиштата и комуналиите, воопшто не функционираат како што треба, односно паднаа на овој тест како повторувачи, бидејќи учителот (народот) им покажа дека не се способни за подобра отценка, и за тоа нема оправдување , бидејќи реалноста ја кажува ваквата состојба каква што е , а не треба да е, а бидејќи за тоа плаќаме не добиваме што треба ( како да плаќаме за леб-сомун а добиваме ѓеврек). или пак уште нешто послично како онаа: “ Носиме брашно во пекарата да ни направи леб, и на крај лебот ни се наплаќа иако е направен со наше брашно, а треба да ни се наплаќа само услугата“.

PROTEST1

Некој ќе рече : “Па, општината е тука !

Да општината е тука, некаде во несподредна близина на плоштадот во Струга. Во многу убав деловен објект.

Друг пак ќе рече: “ Каде е кога ни треба“!

Е, па драги граѓани и пријатели мои, погледнете во каква состојба е Струга и веднаш ќе ви биде јасно каде е.

Односно таа не е во “можност“ да си го очисти својот двор, а камо ли нашиот. Иако за тоа секој месец си го полнат својот џеп.

А кои се причините за ваквото нешто, само тие знаат, и се разбира Господ кој гледа се и враќа  како што треба.

Ама нејсе, ќе протуркаме некако, како и секогаш. Бидејќи се додека има луѓе кои несовесно си ја вршат својата работа, а совеста ја гледаат во длабочината на својот џеб, тука нема аир.

А, тажната слика на нашите патишта останува,, онаква каква што е , а до кога и ќе биде таква, зависи само од нас, односно се додека гледаме со 3Д наочари во обичен телевизор, и не ги фрлиме наочарите кои другите ни ги даваат , исе потрудиме  со своите очи да погледнеме онака како што треба и одлучиме како што треба, да гледаме, е не другите да ни кажуваат како да гледаме.

И, за крај неколку фотографии од тажната состојба на нашите патишта:

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

 

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име