УРБАНИСТИЧКИ-ПЛАН

(Аудио) Меки, газени и контролирани Торбеши – Мини колумна

seko

Пишува. Шериф Ајрадиноски

Мини колумна  Јас (не)мислам така, јас имам ст(р)ав

Меки, газени и контролирани Торбеши

Шо напрајфте Мартин…Шо напрајфте Гордана..?
Албанците ги фативте за гуша, циганите за уши…Човечињата од Пустец рака за рака фатени ги шетате…А Торбешите?

Ќе ставате забелешки во Подгорци, Октиси и Боровоец кај што се „Македонци муслимани“…таму се нели Торбеши? Таму се Торбеши кај што имате база на гласови од кај што може да нагазувате при евентуално прегласување. Тоа се меки луѓе и Фијат во голем дел ги контролира. (Затоа Космос му го рушивте со „модерен вол„? Да и плус и вие ќе нагазите со забелешките за Лабуништа, Велешта и Радолишта кои ги ставате за трампа… Со кого и за што ќе ја трампате таа стока? Така ли сакате да владеете? Со газење? Абе , не да сте забегани…циркус сте. Ама од оние циркузи, не за смеење туку за плачење. Во Подгорци, Лабуништа, Боровец и Октиси се Торбеши. Меки ама Торбеши.

А што сте вие таму во Скопјето? Јаки Скопјанчиња.. Егејчиња, Еврејчиња, масончиња, циончиња, полтрончиња, вмровчиња. Македончиња? Што ве лаже вашето фрустрирано егејче на привремена работа премиер на Р Македонија. Не сте биле македончиња туку Македонци!

Прашање е дали вие сте Македонци. Македонецот никогаш не посакал да гази врз некого и да трампа никого. Вие патолошки горите од желба за тоа, да газите и трампате небаре народот е стока. Од авион, како Кинескиот зид од месечината, ви се гледа ционистичката желба и инструкциите на Мосад, да газите по лешеви.

Можете Албанците да ги држите за гуша и да ги трампате како стока. Ахмети и Тачи ви го овозможија тоа. Торбешите се меки и можете да ги газите. Фијат во голема мера ги контролира(ше). Ама на локалните избори таа „стока за трампање“ и газените Торбеши ви избегаа од контрола и од вашата чизма со која ги газите и, наместо вашиот и кандидатот на вашиот послушник Ахмети, на власт во Струга го устоличија пироманот Села.

Газите вие колку сакате, но не заборавајте. Издржале тие и многу повеќе „трампи“ и многу поголеми газења. Ама преживеале. Не знам дали и како вие ќе го преживеете овој резил, овој невиден безобразлук и криминални, од кои најмногу ќе трпи Македонија! Свесни ли сте дека токму со ваквите ваши дејанија на Македонија и ја е…те мајката? Продолжите така ПАРТИОТИ, додека не ја закопате нашата патрија – татковина(нашата а не ваша) Македонија.

За крај, една пофалба и една препорака за министерката Гордана Јанкуловска. Се гледа дека е пообразована и поинформирана  и од Мартин Протугер и од оној од Центарот за комуникации, Илија Димовски и од сите во ВМРО. Да не говорам за оние „наши“ – торбеши кои кај нив се трампани како „Македонци“ со „погрешна религија“, да ја парафразирам нивната новинарска перјаница Миленко. Честитки за неа што сепак знае дека во Подгорци, Лабуништа, Октиси и Боровец живеат Торбеши а не „Македонци со погрешна религија“. Би било добро да му напише една смс порака или по телефон да му се јави и да го информира шефот Груевски. Ваму се Торбеши. Меки, газени и контролирани Торбеши!

автор

Дубаи Портал.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× 8 = fifty six

%d bloggers like this: