poker

Од покер звезда до побожен муслиман (Видео)

Тој бил голем шведски покер-плејбој, познат по своите диви забави, како и по милионските суми на пари кои ги освојувал по разните покер натпреварувања. Денес Вилијан Торсон, (31) годишна особа која речиси целосно го промени својот начин на живот, покер повеќе воопшто не игра, не пие алкохол и стана верник-муслиман. “Некои се лути на мене и неможат да ме разберат“ – вели тој..

poker

Вилијам Торсон, големата звезда на покерот, редовен посетител на многу журки исполнети со уживање во алкохол, во 2012 одненадеж исчезнал. Меѓутоа, не исчезнал без трага, тој и понатаму имал контакти со своите роднини и пријатели, ама дефинитивно исчезнал од покер сцената и од јавноста. Ова покер звезда, која низ покер натпреварувањата заработи 22 милиони (шведски круни), патувајќи низ светот. Набрзо започнале да се шират разни гласини за тоа каде е и што работи, ама никој немал ниту било каков доказ за вестите кои кружеле поврзани за овој човек. Се до денес.

Чувствував дека морам да заминам..

Тој за новинарите изјавил дека го оставил покерот и алкохолот и дека станал побожен муслиман. За многумина ова вес била шок, со оглед на тоа дека ова покер звезда никогаш не се појавила во јавноста без чаша во раката. “ Чувствува дека мора да заминам, дека морам да излезам од ова тркало кое постојано се вртеше и дека морам да се одалечам. За да престанев да пијам, морав на сето погледот да го насочам од страна, да согледам како се однесуваат оние кои пијат. А истото вреди и за оние кои играт покер. Како луѓето се однесуваат и зошто воопшто играат?

Се сетив на покер играчот Виктор Блом. Не мислам ништо лошо за него, ама се прашувам во што е смислата ако човекот освои 50 милиони и после тоа не е задоволен? Зошто лушето играат за пари и на крај, кога ќе победат, сепак не се среќни?“, се прашува Вилијам Торсон.

Луѓето имаат погрешно мислење за исламот.

Голема улога во неговата промена во животот имала верата. Секогаш размислувал за смртта и верувал дека човекот е создаден. После своите патувања низ светот, се одлучил за прифаќање на исламот како своја вера. Вилијам клања пет пати дневно и настојува својот живот да го усклади со прописите на Кур`анот. “Секогаш размислував за тоа дека ние сме создадени, дека човекот премногу е перфектен за да стане случајно. Мојот поглед на исламот, пред и после длабокото познавање на ова вера, е како поглед на два различни света. Тврдам дека луѓето имаат погрешно мислење за исламот. Многумина мислат дека исламот е строг и тежок. Во стварност, тој нема многу тешки правила. На тебе е да се потрудиш што повеќе можиш да даваш садака и да клањаш пет пати дневно“.

Вилијам Торсон вели дека наишол на негативна реакција заради својата одлука: “ Некои луѓе, стануваат лути и не можам да сватам како можат вака да размислуваат. Јас и велам – читајте ! Потрудете се подобро да го запознаете исламот, наместо да го гледате исламот низ различни предрасуди. Со предрасудите човек никаде не може да стигне и не се развива како особа. Предрасудите кои човекот ги носи,на крај тие ќе го задушат.“

Извор: Aftonbladet, најтиражен шведски весник.

Во ова видео интервју тој зборува за промените во својот живот ( видео клипот е на шведски јазик)





Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


nine − = 0

%d bloggers like this: