авион

Светот и понатаму го потресува информацијата за паѓањето на авионот во француските Алпи.

Авионот Ербас А320 се урна во францускиот дел на Алпите, при што животот го загубија 150 особи.

Меѓутоа, стручњаците се запрепастени од однесувањето на пилотот на овој авион, откако е констатирано како тој ја губел висината цели осум минути пред да се сруши.

“Ниедна можност не е исклучена: грешка на пилотот, технички дефект,терористички напад“, изјавил францускиот премиер Маниел Валс.
Меѓутоа, она што и најмногу зачудувачко е фактот дека пилотите воопшто не испратиле повика за помош, така наречен. “mayday”.

Авионот се спуштил со умерена брзина од 3.000 стопи во минута, а според првите податоци, тоа укажува на итно спуштање при кое брзината изнесува околу 5.000 стапки во минута, пишува францускиот портал Ле Поинт.

“Да се оди директно кон планините нема никаква смисла. Тоа е ненормален потег на професионални пилоти, или пак изостанување на реакција – истакнал капетан на голема европска авиокомпанија за АФП.

Стручњаците имаат логично објаснување за ова,  кое  ја шокира јавноста: Пилотите биле мртви пред авионот да се урне?!

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here