алија изетбеговиќ парк

Анкара: Отворен парк и спомен обележје на рахметли Алија Изетбеговиќ

Во градчето Казан во непосредна близина на главниот град Анкара, отворен е парк и спомен обележје на рахметли Алија Изетбеговиќ, првиот претседател на самостојна и независна Босна и Херцеговина.
Паркот го отворил амбасадорот на БиХ во Анкара Дамир Џанко, кој присуствувал на отварањето на изложбата на фотографии под името “ Алија Изетбеговиќ“ во Центарот  за семејно живеење во Анкара.

Амбасадорот Дамир истакнал дека овие настани ќе ги зајакнат односите помеѓу двете земји. Покрај тоа тој надополнилдека денес атмосферата во Казан била во знак на сеќавањето на БиХ и Алија Изетбеговиќ, пишува Анадолија.

- Турција и БиХ имаат заедничка култура, вера и историја. Големо задоволство ми е што сум овде. Со отварањето на паркото, младината на Казан ќе има можност да научи многу повеќе за животот и борбата на Алија Изетбеговиќ- порачал Џанко.

Помошникот на началникот Ченгиз Герек истакнал дека овој настан е уприличен како би младината на Казан пренела повеќе информации за животот и делат на Алија Изетбеговиќ.

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


+ two = 10

%d bloggers like this: