турскиток

Турците лути на Путин, се одлага “ Турскиот ток “

турскиток

Изградбата на долго најавуваниот “ Турски ток“ е одложена бидејќи рускиот “Гаспром“ и турската државна компанија “Ботас“ дефинитивно неможат да се договорта.

Експертите велат дека до можното откажување од гасоводот кој требало да биде замена за “Јужниот ток“, имено дошло, не заради економски туку заради заладените односи помешу Анкара и Москва после неодамнешниот говор на Путин во Ереван, каде го осудил геноцидот над Ермените која го “направила“ турската војска.

Веста која во вторникот ја објавија руските медиуми за многумина била изненадувачка бидејќи до неодамна претставниците на “Гаспром“ и “Ботас“ давале оптимистички изјави. Наводно, преговорите биле многу блиску до компромис како и договорот на намалување на цената на гасот кој би го добивал “Ботас“ од рускиот партнер. Меѓутоа, после месец и пол разговори, компаниите на крајот сепак не можеле да се договорат како ќе ја применуваат формулата за намалувањето (попустот) кој го добиле Турците.

Руските медкии тврдат дека “Гаспром“ веќе има губитоци. Бродовите кои требале да ги поставуваат цевките на дбото на Црното море стојат во руските пристаништа, а Турците губат, бидејќи, наместо да го искористат попустот на цената на гасот, сега плаќаат гас 100 долари поскап од просечната европска цена. Сега Турците илјада кубици гас го плаќаат по цена од 370 долари.

Наместо да се договори со Москва, Анкара се повеќе купува течен гас. Во април Турција од “Гаспром“ купи 38% помалку гас отколку минатата година во истиот период.

Во вторникот во Москва е објавена веста дека “Гаспром“ со турските приватни компании кои купуваат годишно околу десет милијарди кубици гас, договориле попуст, па тие во вториот квартал илјада кувици ќе ги плаќаат 260 долари. На оние кои веќе платиле гас по повисоките цени, “Гаспром“ има намера да им врати околу 300 милиони долари.

Интересно е и тоа што, и покрај тоа што во “Гаспром“ соопштија дека профитот во минатата година драстично паднал, ова голема државна компанија ги заголемила платите на раководствата за 50%.

Дека “Гаспром“ има проблеми и на својот брег, доказ е и најновиот извештај на “Rostehnadzor” кој е објавен во вторникот. На изградбата на “Јужниот тиок“ на руската страна претставник на руската државна контрола пронашол повеќе од 200 примери на кршење на правилата на градба. Дури 139 пропусти направил изведувачот на работите “Strojtransgas”, а “Gasprom transgas Krasnodar” имал 86 неправилности.

Заради тоа компаниите се казнети парично, како и нивните генерални директори. Во многу случаеви документацијата за изведување на работите не била ускладена со проектната документација, а освен тоа не биле почитувани ниту техничките норми пропишани со руските закони.

Тоа што заради одлуката на ЕУ Русија морала да се откаже од изградбата на гасоводот “Јужен ток“ не значи дека се што е направено на рускиот брег нема да биде користено. Кога ќе се подобрат односите со Турција, што е во интерес на бизнисмените на двете земји, се што е направено за “Јужниот тек“ во Русија ќе се користи за “Турскиот ток“.

Извор: (B92,Večernje Novosti)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


1 + one =

%d bloggers like this: