seko1

Пет години Румелија Торбешки Културно-научен центар : “Потсетување наместо честитка“

Пет години Румелија Торбешки Културно-научен центар

seko1

Пишува: Шериф Ајрадиноски

Потсетување наместо честитка

          Почитувани Торбеши! Денес 21.05.2015 год., се навршуваат пет години од Основачкото собрание на Румелија Торбешки културно-научен центар. Како претседател на здружението чувствувам потреба да се обратам на Торбешите во и надвор од Македонија, како и на сличните на нас, нашинците(Бошњаци, Горани и Помаци) со кои делиме едно заедничко културно-истириско наследство. Богомилското, османско-исламското, балканското, словенојазичното и др. Како што може да се забележи од насловот, наместо честитка ова мое обраќање го насловив како потсетување. Не заради тоа што нема место за честитање. Румелија и луѓето ангажирани во нејзините активности имеме со што да се пофалиме во овој петгодишен период. Благодарение на Румелија, а тука морам да ја спомнам и Партијата за Европска Иднина (ПЕИ) , торбешкото прашање се актуелизира на политички план, како во Македонија, во Парламентот(преку пратеничката група), во Агенцијата за Остварување на Правата на Заедниците(АОПЗ) и тн., така и пошироко со наше организирање или учество на разни тркалезни маси, трибини и симпозиуми и други средби и манифестации. Исто така и надвор од Македонија и не само на политички туку и на научен и културен план.

Огромен е интересот на разни научници и истражувачи кои се занимаваат со торбешката кауза и проблематика, соработуваат со нас и веќе се издадени неколку дипломски, магистерски и докторски студии кои на директен или индиректен начин се поврзани со актуелните прашања, како и со историјата и етногенезата на Торбешите. Со посебно задоволство сакам да истакнам дека на тој план веќе никнат и се појавуваат и наши студенти кои во своите дипломски и магистарски трудови ја третираат торбешката проблематика и, ако даде Бог, наскоро ќе имаме можност да ги имаме и првите магистри и доктори.

Авторот на овие редови, покрај Торбешката декларација и многу статии и колумни на тема „Торбеши“, со свои трудови учествувал и на многу дебати, тркалезни маси, семинари и симпозиуми од кои би ги издвоил два. Меѓународниот симпозиум во Измир-Турција(март, 2014), со труд на тема: „Торбешите во Македонија-Потекло и етимологија на етнонимот Торбеш“ и оној неодамна(април 2015), во Баку-Азербејџан со труд на тема: „Геноцид над богомилите“.

Велат, културата е најсилното оружје на една заедница, еден милет. Ако така, тогаш дострелот на тоа наше оружје го погоди целиот Балкан. Нашиот фолклор, нашата торбешка песна, нашата прекрасна женска народна носија, освен Македонија го освои целиот балкан и пошироко. Ќе ги споменам само настапите на Меѓународниот фестивал „Да играме и пееме заедно“,во Гармен, Р.Бугарија , „Денот на планетата земја“, во најголемото помашко село Брезница, Р. Бугарија, коломијата во Битола каде што ја промовиравме торбешката народна носија, како и нашите настапи на манифестацијата „Македонија наш дом“ во организација на АОПЗ и ОБСЕ.

Сите овие активности и ангажмани ја постигнаа целта. Таа цел беше, е и останува и натака една. Промоција на Торбешите и торбешката култура. Денес ние како во Македонија така и пошироко, слободно можеме да кажеме, без страм, гласно и гордо дека сме Торбеши. Тоа е синоним за скромност, чесност поштеност. Така не доживуваат пријателите. За непријателите да не ви е гајле. Тие и онака не не прифаќаат макар и да постанеме исти како нив. Што рече еден мој и наш пријател на првиот Торбешки форум во Струга: „Подобро да не мразат заради тоа што сме, отколку да не сакаат заради тоа што не сме“. Бидејќи, ако не сме тоа што сме(Торбеши), тогаш сме едо големо ништо.

За жал во политиката сеуште некој сака да не претвори во едно такво големо ништо. Да направи од нас објекти кои само на хартија ќе бидат како нив(додуша, малку поинакви) и слепо ќе гласаат за нивните теснопартиски и националистички концепти кои не само Торбешите, ами и нивните заедници ги донесоа до работ на амбисот, а Македонија на дното од ранг листата на земјите. И не само тоа. Деновиве сведоци сме на една од најтешките кризи во историјата на Македонија. Македонија е нан работ на граѓанска, меѓуетничка и меѓурелигиска војна. Да се надеваме дека граѓаните, заедниците и народот ќе бидат над нивото на политичарите и политичките партии, посвесни и помудри од тие што на наш грб, со начи пари и во наше име си прват криминални зделки, тендери и други активности, кои само ним им ностат некакви поситни, а Бога ми, и покрупни добивки. Тие, политичарите, лишени од свеста дека седат на „буре барут“, во своите задимени канцеларии ја кројат(читај оцрнуваат) нашата судбина.

Нашиот-Торбешкиот претсавник во политиката, Партијата за Европска Иднина(ПЕИ), не е исклучок од тоа. По, речиси еуфоричното појавување на политичката сцена во 2006 г. и учеството во Владата, и ангажманот и залагањето за Торбешката кауза се создаде оптимизам кај Торбешите. Кулминацијата на тој оптимизам се случи на изборите во 2011 год., кога Пеи, предводена од двоецот Фијат Цаноски(како претседател) и Мевмет Џемајлоски(како генерален секретар) го доживеа својот најголем успех. Тројца пратеници Торбеши и пратеничка група од пет члена. За жал коалицијата на чело со СДСМ не успеа да ја освои власта. Следуваше одмазда од ВМРО, апсење на Рамковски, укинување на А1, рушење на Космос, врбување и отимање на Торбешите од страна на владеачката партија и тн. Тоа се покажа како погубно и за Партијата за Европска Уднина и за Торбешите. Наместо да се консолидира, партијата ја избра опцијата „спасувај се кој може“(овој пат со додворување и шетање по можни партнери) во насока на зачувување на некакви позиции и бизнис интереси. Претседателот постана „пишман аџија“ неколкупати поднесувајќи оставка па пак враќајчи се. Телата и органите речиси не можеа да се состанат а камо ли да донесат некави насоки во делувањето. На локалните избори му свртеа грб на СДСМ, настапувајќи каде самостално каде во тајни коалиции со ДУИ и ВМРО доживувајќи неуспех и земајќи ја удолницата. Дното на сето тоа беа минатогодишните предвремени парламентарни избори на кои ПЕИ доживеа тежок дебакал. Помалку од 3000 гласови на ниво на цела Македонија. Сето тоа резултира и со внатрешна нетрпелеивос и меѓусебни обвинувања кои не даваат многу надежи за некаква консолидација на редовите. На последниот собир на членовите и симпатизерите на ПЕИ во Струга, од страна на претседателот Цаноски беше најавено и атерирање, односно ставање ad akta на торбешкото прашање. Сперед мене, а верувам дека тоа мислење го делат поголемиот број Торбеши, тоа е уште еден автогол на партијата кој ќе го зголеми негативното салдо на Торбешите.

Во такви околности нема место за еуфорија оптимизам и честитки. Од тие причини и денешново мое обраќање по повод петгодишнината на Румелија го насловив како потсетување. И Румелија има многу неостварени планови и пропусти во работењето. Некои од нив се од објективен, некои од субјективен карактер. Најголемиот проблем во работењето на здружението, се финансиите, нашата пословична лежерност и летаргија, јавашлук што би рекле Турците. Тоа се субјективните фактори. Од објективните би ги споменал глобалната економска криза која се одразува на секој сегмент од општеството и најмногу односот на Властите( сите досегашни, а најмногу актуелната Влада), кои кон Торбешите се однесуваат како злобна маќеа. Оваа Влада отиде дотаму што го оживеа концептот на Комунистичката партија и злогласната и контраверзна манифестација на „Македонците муслимани“од седумдесеттите год на минатиот век. (Не)свесна дека всусшност тоа беше причината за конфузијата и разделбите и талкањето на Торбешите. Или можеби тоа намерно го прави? Но да не ја бараме вината во Владата и во другите фактори. Од нас зависи.

Во иднина, на нас Торбешите, ни претстојат многу напори како на културен, научен, така и на политички план. Во таа смисла Румелија треба што поскоро да одржи Собрание на кое би се донеле планови и насоки за понатамошно делување, би се избрале нови луѓе во органите и телата на здружението. За таа цел ги повикувам сите заинтересирани Торбеши да се вклучат со своите интелектуални политички и други капацитети и со свои идеи и предлози да допринесат во работата која ни претстои. Нека ни е за многу години, да се потсетиме на минатото, да ја издржиме сегашноста и да се организираме за подобро да ја дочекаме иднината. Борбата е долга и тешка, но вистината и правдта се на наша страна и, ако даде Господ, ќе извојуваме победа во таа борба. Таа победа се вика еднаквост и рамноправност на Торбешите со сите други заедници во нашата земја, Р. Македонија

Со почит ваш!

автор


 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


5 × = five

%d bloggers like this: