Почитувани, вчера заврши месечната анкета на Дубаи Портал, која се однесуваше за тоа дали квалитетот на водата за пиење кој се користи во населбите: Подгорци, Лабуништа, Октиси и Боровец, ги задоволува сите потребни параметри како безбедна за користење во секојдневниот живот, особени во исхраната.

Од самата анкета од вкупниот број на гласови (33)

  • за тоа дека пиеме добра вода гласале (8),
  • за тоа дека пиеме не квалитетна вода гласале (21), и
  • 4 посетители гласале дека не се сигурни (4)

Од тука произлегува, дека без разлика на бројот на гласови повеќето сметаат дека водата која ја пиеме не е добра.

Заради тоа, во текот на месецот анкетата беше отворена, односно беа повикани организациите, претпријатијата кои се грижат за водоснабување на населбите Подгорци, Лабуништа, Октиси и Боровец, да ја контактираат редакцијата на Дубаи Портал и испратат десегашните извешати од месец јануари, и докаже спротивното од нашитте посетители кои учествуваа во оваа наша анкета.

За жал ниту една една организација (освен Водна Заедница Подгорци)  од соседните села: ЈКП ХИГИЕНА – Лабуништа, Месна Самоуправа Октиси, како Месна Самоуправа Боровец, не испратија односно не не контактираа во врска со ваквото гледиште на граѓаните на овие населби по однос ова прашање, и со тоа остава отворено прашањето-сомнавањето за тоа дали горе наведените организации кои стопанисуваат со одржување на системите за водоснабдување, на жителите им доставуваат квалитетна вода за пиење, односно недај боже се прикриваат вистинските резултати, како што некогаш било карактеристично за одредени претпријатија кои стопанисуваат со одржувањето на водата во нашиве населби.

Притоа уште еднаш ги повикуваме горе наведените да не повикаат на разговор и одстранат дилемата односно сомневањата за вистинскиот квалитет за водата за пиење, при што и покрај крајот на оваа анкета, Дубаи Портал ке настојува преку различни текстови и друг на постови, да ги добие вистинските резултати (извештаи) за квалитетот на останатите населби ( Лабуништ, Октиси и Боровец), од каде жителите ќе бидат навремено известени дали водата е добра или не за секојдневна употреба.

А, ние почитувани во прилог на овој пост-анкета, ви доставуваме факсимил примероци од фотокопирани извештаи на Водна Заедница Подгорци, која стопанисува со системот за водоснабдување, и од чии извештаи од почетокот на ова година, се потврдува дека Подгорчани засега пијат вода која ги содржи сите потребни параметри за користење, односно пиење и било друга намена.

 

И, на крај уште еднаш ги повикуваме сите наши посетители да земаат активно учество во нашите анкети, со што би добиле информации-одговор за повеќе прашања кои ги притискаат овие населби.

Dubai-portal.com.mk

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here