Компромитирачката снимка од разговорот на македонскиот премиер Никола Груевски со поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески е автентична, односно не е монтирана. Ова го потврдила анализата на една германска лабораторија, спроведена за Ал Џезира.

[niceyoutubelite id=4gL9zlU44ew]

Анализа на една во низата на снимки од телефонски разговори, кои, наводно, го инкриминираат Груевски, Ал Џезира побарала од германската лабораторија „Tonambulanz“.

Во спорниот разговор Груевски и Јанакиески, наводно, договараат провизија од кинеската компанија која гради автопатишта во Македонија.

Аудио стручњакот Фабијан Шерер, анализираше само дали се работи за монтирана снимка. Кому му припаѓаат гасовите, односно дали на снимката разговараат Груевски и Јанакиески, не било тема на анализа.

По седум часа експертиза дојде до следниов заклучок:

“Моето мислење е дека се работи за оригинал. Не можете да бидете сигурни 100 проценти, но 99 проценти – се работи за оригиналната снимка. Некои силни факти упатуваат на тоа”, вели Шерер.

Шерер вели: “Имаме две аудио канали. Тоа е многу тешко да се лажира. Растојанието на доцнење од едниот канал спрема другиот се секогаш исти. Кога би се монтирало, доцнењето би се менувало и мислам дека овој дел дефинитивно е оригинален.

Квалитетот на снимките, смета Шерер, укажува на тоа дека разговорот бил снимен со професионална опрема.

“Се работи за многу јасен глас, а од друга страна, може да слушнете малку шум. Овој формат на 8.000 бита е типичен за професионална опрема и мислам дека е професионална снимка,” додава Шерер.

Аудио експертот смета дека овој вид на разговор тешко може да се лажира.

“Во овој разговор постојано се менува нивото на обемот и интензитетот на гласови, така што ова е многу тешко да се лажира”, вели Шерер.

Видео – Ал Џезира

Ве потсетуваме на бомбата – предмет на анализа:

(ВИДЕО) Бомба бр.14 – Заев: Груевски договорил 25 милиони евра провизија за двата автопата од кинеска компанија!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here