Навистина, прв пат во животов се срамам од државата во која живеам.

Последниве неколку месеци соочени сме со една ненормална политичка криза заради која се води борба за некаква си фотеља, власт и делење си на некакви права и грижа за состојбата на некој си “народ“.

И додека ни се случуваат вакви глупости во овој век, пред вратат на ова наша “правна“ држава се случува злостсорство и геноцид.

Дали ова “наша“ држава знае што се случува или не сака да знае, само господ знајт. А, и Тој знајт како да вратит. ( како што велит мојот  народ “иншала“)

Ама, ниту за ич не мие гајле кој и како ќе дојт на власт, “очите сите да си ги ископате  еден на друг“, бидејќи очигледно е дека сте ја загубиле хуманоста, и човештвото, а сте ја отвориле вратата на вашата нехуманост и нечовечност преку желбата за власт, пари, престиж и што уште не..

И додека ни доаѓа месец мубарек Рамазан, моите браќа, човечки суштества (бегалци) се соочуваат со геноцид во вашите “собирни“ центри кои повеќе наликуваат на логори, кои за жал ниту во времето на Нацитичка Германија ги немало. (погледнете го видеото, па отценете сами).

Почитуван, премиере, и Вие од власта ве потсетувам дека тие луѓе доаѓаат од делови кои за жал се загрозени од некоја си валкана политика, па принудени се да ги напуштаат своите домови, кон подобра иднина и нов почеток , и замислете кон патот на кој се надеваат односно кој претставува дел од нивната надеж , заглавуваат во лавиринтот на ова наша“правна“држава каде ги најде уште полошо, Навистина жалосно….. или како што се вели NO COMMENT !

 

Исто така да Ве потсетам дека тие доаѓаат од делови (држави) кои претходно биле понапред од нас.. А, Вие сте трчале кај нив (Блиски Исток, Азија)  како и останатите од претходните влади , по некакви си договори за инвестиции, за да му биде божем добро на овој народ овде, а како му е на нивниот народ овде, се надевам дека знаете.

Јас иншала се надева дека наскоро ваквите информации за случувањата на овие луѓе овде ќе излезат и пошироко,, па повторно да не биде крива Ал Џезира, или некој друг медиум, па друг пат кога ќе помислете да одете на некаква си турнеја, (Блиски Исток, Азија и др..) за некакви си ивестиции, немојте да зборувате за хуманост и нешто слично бидејќи фотографиите на овие напатени луѓе што ги оставате зад Вас зборуваат нешто сосема друго, дека воопшто не сте помислиле, а ниту мрднале со прст.

 

Што ќе ве чини да го донесете тој фамозен закон ? која е причината? и зошто не се превземаат мерки? за да им се олесни на ови луѓе. Туку обичните граѓани кај кои сеуште има хуманост се најдоа да помагаат и разберат нивната мака.

Господа од власта, можеби Вас не ви тежи на душата и срцата, ама мене ДА! Тоа се мои луѓе, човечки суштества, и најпосле мои браќа, и верувајте ќе се потрудам заедно со оние кои сакаат да помогнат да им помогнам и јас.

Не се поигрувајте со маката на оној над кој таа се надвиснала, и никогаш не ги понижувајте овие луѓе, како што сега тоа го правите.

Како бре господа Ахмети, Тачи, и Цаноски на своите браќа муслимани ќе им го честитате претстојниот празник (Мубарек месец Рамазан), кога мислете само на некакви си коалиции од сопствен интерес.

Како бре господа ќе го дочекате месец Рамазан, кога некои немаат каде да спијат и што да јадат ??

Тоа кажува дека верата веќе не е препознатлива за вас, односно сте ја загубиле – оставиле некаде позади вашите интереси.

Како ќе седнете на маса да јадете во овој светол месец “арам да вие“ додека некој нема ниту сув леб.. како ќе легнете мирно да спиете, кога некое детенце спие на нечии скали.. “ арам да ви е и на овој и на оној свет“

Ама очигледно сте ја загубиле, како човечноста, хуманоста така и  чувствата. Какви бре луѓе сте кога немате никакви чувства, да не случајни ви вградиле од новите технолошки чипови, па сега вашите чувства останале во минатото. Кој знае, може да е и тоа.

Јас не сакам ниту од Вас г-дине претседателе на Македонија, г-дине премиере, ниту било кој од вашата власт, па нити од било која политичка партија, да примам честитка по повод месец Рамазан, благословен месец, каде се опростува и наградува, онака како што налага и секоја друга вера.

Заради тоа г-дине премиере оставете ги на кратко, отварањето на некакви си игралишта, кога вашите нефункционални институции затвараат иднина на некои кои нема ниту пак имаат намера да играат во вашите игралишта, туку во сосема нечии други од Западот, каде што мислат дека баремм има нормални луѓе и нормален свет.

Овој светол месец веќе е на врата, а јас , а се надевам и секој друг човек кој сеуште има совест ќе има дополнителна тежина да се моли и за сите Вас, да проработи совеста и човечноста, и иншала Господ да ги награди на сите кои ќе им помогнат на овие луѓе, па макар и со еден убав збор кој ќе добре до оние со зацементирани глави.     

Автор: Исо Демишоски ( Админ на Дубаи Портал)

 

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име