На 5 минути со комуналците на Подгорци ( Наша анкета)

0

Имајќи ја во предвид анкетата која се однесуваше на прашањето дали сте задоволни од комуналните дејности во вашата населба, повеќето наши анкетирани учесници изјавија дека не се задоволни од моменталната состојба на тоа како одредени претпријатија си ја вршат својата работа.

Во оваа наша анкета, опфатени се разбира и можеа да гласаат и жителите од околните населби: Подгорци, Лабуништа, Октиси и Боровец.

Што значи дека може да се случи во анкетата граѓани на одредена населба да небидат задоволни и гласаат со “НЕ“ додека пак останати да гласале помалку со своето учество, а сепак да биле задоволни од начинот на кој се вршат комуналните дејности во нивната населба, одосно гласале со “ДА“

За да се увериме во тоа, тргнавме од Месна Самоуправа -Подгорци, која стопанисува со комуналните дејности на ова населба и која ние е најблиска.

Уште од утринските часови, без разлика и на тоа што ние ги затекнавме во овој мубарек месец Рамазан, кога се пости и кога ваквата работа малку станува потешка, сепак вредните комуналци на населба Подгорци, својата работа ја започнаа онака како што навикнале како и во секој нормален ден односно од 07.00 часот.

“Моментално почнуваме со работа како што знајте секој понеделник во 07.00 часот, овој термин-ден може да се промени само доколку спаѓа во некој празник или пак времето е лошо, односно врнит дожд или снег. Тога ѓубрето се собира во наредниот ден кога ќе има услови за тоа.

Инаку во зависност од период,обично товариме (тури) од 6 па нагоре, односно некогаш и по 8 тури“ ни објаснува Сулејман кој моментално претставува дел од овој тим.

 

Во однос на тежината на ова работа, исто размислуваат и Сефидан и Изет, велејќи дека не е лесно, притоа како многу пати жалејќи се на тоа што одредени луѓе (жители) кантите ги полнат со смет кој тие не би требало да го товарат како што се :земја, камен, зеленила или нешто слично. “Поќе пати им велиме ама некои пак го прает истото и тоа ни прајт уште поголеми проблеми,“ ни вели Сефидан.

Додека пак за распоредување на натоварениот смет се грижи Изет, кој веќе долги години работи во ова установа.

“Ја, бате сум горе и мора везден да мисла на товарот и каде газа, пошто луѓето во ѓубрето клаваат се и сешто, па лесно може да се преча на стакло или нешто друго, а и ѓубрето треба убо да бидит ставено за да непаѓат по патот“. ни вели Изет.

 

“Многу Подгорчани ѓубрето го оставет од вечер (недела) па сабајлето се случвит на многу места да бидит растурено по патиштата како од самите кучиња така и од несоодветните канти, па кога минуваме освен што ни го спречвид движењето на тракторот, односно мора да го собираме растуреното ѓубре, така и губиме време, и многу пати им кажуваме на луѓето како и кога да го иставает ѓубрето за да не ни прајт проблеми“ – ни вели Шевал , возачот на овој трактор, кој со години управува со него се разбира за потребите на Месната Самоуправа.

Друг проблем е и тоа што на депонијата многу пати жителите носет сами ѓубре и го оставаат на самиот влез и со тоа се стеснува патот за влезот во депонијата, и тука повторно треба да вршиме дополнително чистење, објаснува Сулејман.

Колки за потсетување налсеба Подгорци уште години наназад го има решено проблемот со одлагање на сметот и тоа на околната депонија на местото викано “рид“.

 

 

Притоа на секои 3 месеци од здравствен аспект сите примаат содветна вакцина како би се заштитиле од било какви заразни болести кои би можеле да им се пренесат во текот на работата.

 

Инаку, како редовно вработени, Сефидан и Изет секојдневно во зависност од состојбата, вршат и расчистување на патиштата во самата населба и надвор од денот кога треба да се собира, или пак кога претстојува некој празник, па патиштата мора да бидат чисти. А за ова во повеќе наврати сме пишувале и разговарале со актулените учесници како дел од наша анкета.

Она што на крај можевме да го заклучиме е тоа дека сепак, Подгорчани имаат добро организирано извршување на активностите околу комуналните дејности и од тука може да се заклучи дека  од она што ние можевме да го видиме и забележиме, како и да поразговараме со жителите на ова населба е тоа дека тие се задоволни од работата на ова организација околу комуналните дејности, ама сепак за дел од одредени загадувања во населбата нескриено изјавуваат дека и самите жители се виновни.

 

За останатите населби, Лабуништа, Октиси и Боровец, се надеваме дека ќе бидеме контактирани од надлежните за ваквите дејности, за да се анализира и нивната состојба, односно дали си ја вршата работата како што треба, и дали нивните жители се задоволни до нивната работа.

Односно очекуваме да бидеме поканети и да ни објаснат како тие се справуваат со комуналните дејности и дали нивните жители се задоволни од нивната работа.

Дубаи Портал.

 

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име