Србија испрати циркулар до членките на Советот за безбедност на ОН во врска со својот став за резолуцијата за Сребреница
Србија испрати циркулар до членките на Советот за безбедност на ОН во врска со својот став за резолуцијата за Сребреница, известуваат српските медиуми.
Во циркуларот било истакнато дека резолуцијата за Сребреница може да предизвика дестабилизирање на Балканот.
Англија го достави нацрт текстот на резолуцијата за Сребреница до властите во Белград, пред 7 јули за кога е закажана седница на Советот за безбедност на која ќе се разгледува нацрт резолуцијата.
Русија која се до денес ја поддржуваше Србија, недамна преку својот амбасадор во Сараево изјави дека во Сребреница беше извршен геноцид.
Политичките аналитичари истакнуваат дека тоа би значело радикална промена во руската политика кон Балканот и сигнал дека Русија нема да стави вето во Советот за безбедност на нацрт резолуцијата за Сребреница.