чип

Започна: Во Финска предлог на корисниците на социјално осигурување да им се вгради чип за следење.

чип

Политичар од финската од редовите на конзервативна партија предложи на корисниците на социјално осогурување да им се вградат сателитски чипови за следење, бидејќи забележано е дека некои корисници продолжиле да добиваат исплати откако заминале од државата како би се придружиле на ИСИС.

Паси Менрант, член на десничарската Партија на Финците, смета дека на сите корисници на било каква помош треба да им се вградат сателитски чипови за следење, во случај да одлучат да ја напуштат државата.

Менранта во финските медиуми открил дека некои корисници на владина помош продолжиле да добиваат исплати иако ја напуштиле државата и му се придрѕжиле на Исламската држава во Сирија и Ирак. Менранта не верува дека ова идеја ја крши приватноста на поединецот, бидејќи извесни технологии на следење веќе постојат во социјалните сервиси како Фејсбук.

“Законот треба да се промени: За да може некоја особа да прими исплата ( Институцијата на социјално осигурување), мора точно да ја знае локацијата, а тој податок може да се добие по пат на сателит или електронски нчип“, напишал Менранта на Фејсбук.

Шведските медиуми исто така известувале дека идните членови на ИСИС замаат кредите пред да тргнат на пат во “џихад“, бидејќи количината на пари која особата ќе ја донесе влијае на статусот која ќе ја добие во рамките на хиерархијата на ИСИС. “Доколку сос ебе донесе пари, автомобил или пак група на луѓе, автоматски ќе стане еден од повлијателните(поважните) во организацијата.

Доколку немате ништо од тоа, најдобро што можете да добиете е да возете амбулантна кола“, изјавил во јуни шведскиот полициски стручњак за финансирање на тероризам, Мартин Фримансон.

Според зборовите на Менранте, исто така можно е корисникот со себе на нараквица, околу зглобот, меѓутоа доколку чипот се скрши, или оштети корисникот би можел да ја изгуби помошта. Менранта не верува дека приватноста и слободата е загрозена при ваква постапка.

Доволно е да имаме телефон, Гугл или Фејсбук налог и ќе знаеме каде сме, така да чипот не е “најлошо решение“, рекол Менранта

Dubai-portal.com.mk




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− two = 1

%d bloggers like this: