seko1

Наша Колумна: Мелек со име Ајлан и Ајван со име Орбан

seko                                                                                                                                                                                                       Пишува: Шериф Ајрадиноски

                               Наша Колумна

              Јас (не)мислам така, јас имам ст(р)ав

 Мелек со име Ајлан и Ајван со име Орбан

Овие септемвриски денови кога сите дечиња во светот, особено првачињата, се радуваат на звоното кое треба да го означи првиот училишен час, на тригодишниот Ајлан и на неговото три години повозрасно братче морските бранови на Белото (Егејското) море им ги „одзвонија“ последните мигови од нивниот тукушто започнат живот.

Егзодусот на страдалниците од Сирија и другите земји од Блискиот Исток и Магребот трае веќе неколку години и сведоци сме на секојденвни вести за потонување на разни пловни средства во Средоземното и другите околни мориња кои од пат на спасот за овие страдалници се претворија во гробница, а нив ги претворија во храна за ајкулите и другите морски зверови. За некое чудо, за да се сетат некои други „зверови“, телото на малиот Ајлан исплови на брегот на едо од најмонденските летувалишта во Турција за да биде видено од целиот свет. А тој со главчето во песокта, не како нојот за да го избегне стравот, туку гневен за да избегне да ни го види страмот, милуван од морските бранови кои, според митовите и легендите, некогаш во дамнешни времиња ја изнедриле убавата Афродита, како да сака да ни каже дека овие бранови не се како тие од митовите и легендите кои изнедруваат убавини „божества“, туку се како суровата сегашност на овој свет, бранови кои изнедруваат грдотија, ајвани-зверови и шејтани-ѓаволи!

Сликата од малиот мелек(ангел) Ајлан го преплави светот кој веројатно го доживува најголемиот страм. Велам страм затоа што сум уверен дека оваа слика е страм за целото човечанство, од Машрик до Магриб (Исток и Запад) од Север и Југ, независно дали се христијани, муслимани, евреи, будисти или било што друго. Независно на кои идеологии и идеали веруваат, зошто како што рекол Фјодор Достојевски: „Сите идеали на светот не вредат колку солзата на едно дете“. Овде станува збор, не за една солза туку за смрт на едно дете, и во овој случај сите идеали се поразени и безвредни. Поразена е совеста на човечанството која, пак да го цитирам Достојевски: „За човекот нема ништо попримамливо од слободата на неговата совеси, но и ништо потешко од тоа.“

DETENCE10

Дали оваа слика ќе ја разбуди заспаната совест останува да се види, но веќе видено е и може да се констатира дека на испитот на хуманоста паднаа многу. И влади и народи и (не)луѓе, и кралеви и цареви и премиери и претседателеи и самонаречени борци за човекови права и хуманитарци и тн! Секоја чест на поединци и ретки исклучоци!. Америка одамна е падната и во спрега со ционистите е инспиратор на речиси сите кризни жаришта и егзодуси, Европа, како што и приличи на „старата дама“, или како што ја нарекуваше професорот Маријановиќ „старата ороспија“ одамна игра двојна улога, мери со два аршини, покажува две лица и најчесто паѓа на тој испит. Балканските „христијански држави“со значително муслимански население, Србија, Македонија, Бугарија и Грција исто така паднаа на испитот на хуманоста. Премиерот на Македонија дури и прогласи кризна состојба, постави бодликава жица и на полицијата и нареди да употреби шок бомби против бегалците. Но најмногу од сите други на испитот на хуманоста паднаа блискоисточните „муслимански“ држави, Саудиска Арабија, Кувајт, Катар, Обединетите Арапски Емирати и Бахрејн. Бројките се немилосрдн. Наспроти 5% примени бегалци во „христијанска„ Европа, едноцифрен број со кој Европа мафта и пере милијарди „хуманитарни пари“, поразително делува имагинарните 0 % !!!, примени бегалци во споменатите богати, Арапски и „муслимански“ земји! Мизерија, беда, мрак!

Единствена светла точка во сиот овој мрак е, кој би друг ако не Турција. Според статистиките на О Н и други организации кои се занимаваат со ова прашање најголемата бројка (од неколку милиони) и најголемиот процент (од над 20%) од бегалците, своето уточиште го нашле токму во Турција, сместени во најдобри услови. Турција не прави од тоа драма, не бара пари од никого и не манифестира ни верска ни национална ни расна омраза кон овие страдалници. Некакви зли јазици ќе помислат: „Да, ама Турција е муслиманска земја!“ Јас ќе им речам: „Не“! Турција е муслиманска земја ама голема, со голем дух, со голема традиција и историја и иншаАллах со голема иднина. Османска Турција била единствената империја во која заедно со векови опстојувале и муслимани и христијани и евреи и многу други етнички верски и иделошки различни народи. Таа Османска империја, кон крајпт на 15-от и почетокот на 16-от век, великодушно ги прими, не само муслиманите туку и евреите и ги спаси од прогонствата на конквистадорите во Ендалуз(денешна Шпанија). Ова е ноторен факт и вистина пред која треба да молчат и демоните и „боговите“ и инсаните и ајваните!

За разлика од свтлата точка Турција во Европа има една друга темна и мрачна точка. Таа се вика Унгарија! Таму бегалците се третирани како евреите во Втората светска војна. Се дигаат зидови од жици, бегалците се бележат како ајвани во рацете, се прават обиди на секој начин да се спречи нивниот пат до беспаќето. И тие, нивните лидери, како и некои од споменатите балкански земји, се плашат бегалците да не им останат тука и да им го нарушат нивниот и онака во намалување расен(бел) и верски(христијански) идентитет, иако добро знаат дека во такви земји бегалците не би останале ни за жива глава. Од такви, ситни и темни земји, бегаат и нивните поданици и граѓани а камо ли не богатите Сиријци кои патем се опљачкани од некои несовесни нелуѓе во таквите земји. Најголем фашизам, расизам и верски шовинизам манифестираше Унгарскиот премиер Виктор Орбан со изјавата дека „бранот бегалци во Европа се заканува да ги поткопа нејзините христијански корени и оти поради тоа е потребно владите да ги контролираат своите граници пред да се одлучат колку емигранти можат да примат“

Кои христијански корени бре ајван еден неписмен и необразован!? Кои нејзини христијански корени ќе ги поткопа бранот бегалци, бре зверу фашистички? Кога Сирија и Палестина биле христијански и цивилизирани земји, твојата земја и Европа биле на ниво на диви, нецивилизирани племиња кои се сотирале помеѓу себе и го сотреле од корен Римското царство. Колевката и корените на христијанството, како и на исламот, се на Блислиот исток! Не во Европа. Инквизицијата, нацизмот и фашизмот имаат корени во Европа! Исус (Иса а.с.) Мухаммед а.с., ниту некој друг од поранешните Божји гласници, никогаш не стапнале на европско тло. Од муслиманските корени во Европа (Сицилија и Шапнија) од 8- от до 15-от век израсна стеблото на Ренесансата и Просветителството кои го поразија мракот калта во која, меѓу другите и твојата Унгарија се давела со векови.

Ама таквите ајвани како Орбан не го знаат или не сакаат да го знаат тоа. Нека ми биде простено- халал, од демократаки ориентираните луѓе и од благородните ајвани на ваквата отвореност и дрскост и на овие тешки зборови. Овој не е ниту човек ниту ајван. Овој е звер кој заслужува тешка казна или да се најде зад решетки. Во спротивно, тешко на Европа со таквите како Орбан. Европа тежнее, барем декларативно, кон еден мултикултурен, мултурасен и мултиконфесионален конгломерат на народи. Нешто слично како Османска Турција во минатото. Такво општество заговарале и Исус (Иса .а.с.) и Мухаммед а.с. Тоа веројатно не го знаел ни малиот мелек со име Ајлан ни злобниот фашист, ајван со име Орбан.

автор

 


 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


six + = 15

%d bloggers like this: